Потпишана Декларација за промоција и поддршка на вакцинацијата


Декларација за промоција и поддршка на вакцинацијата потпишаа денеска трите медицински комори, Лекарската, Фармацевтската и Стоматолошката, Министерството за здравство, медицинските факултети во земјава и Институтот за јавно здравје. Како што беше истакнато на прес-конференцијата по овој повод, целта на Декларацијата е создавање поширок фронт за поддршка на вакцинацијата и одржување континуитет на активностите за промоција […]

Просечната плата во јануари во Србија достигна 817 евра: Еве колку се зголеми во однос на лани


Просечната бруто-плата во јануари изнесувала 132.372 динари (околу 1.129 евра), а просечната нето плата 95.836 динари (околу 817.63 евра), објави денеска српскиот Републички завод за статистика (РЗС). Во однос на истиот месец од претходната година, просечната бруто-плата е номинално повисока за 15,9 отсто, а реално за 8,9 отсто, додека просечната нето-плата е номинално повисока за […]

Партијата на Курто Дудуш влезе во коалиција со ДУИ


  ДУИ во својот „Европски фронт“ прибра уште една партија: Унијата на Ромите на градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, објави Телевизијата Клан. „Да бев јас Албанец никогаш не би го заменил Али Ахмети за некој друг. Нема потреба да има друга опција, односно опозиција, освен ДУИ и Али Ахмети“, изјавил Дудуш за ТВ21. Тој […]

Словенија, Шпанија, Малта и Ирска сакаат да ја признаат Палестина. Стигна одговорот на Израел


Израел денеска оцени дека планот на четири европски земји да работат во насока на признавање на палестинската држава е „награда за тероризмот“ што ќе ги намали изгледите за договорено решение на израелско-палестинскиот конфликт. Шпанија во петокот објави дека се договорила со Малта, Ирска и Словенија да ги преземе првите чекори кон признавање на палестинската државност […]

ЕК против влезот на „Луфтаханза“ во „ИТА Ервејс“


Европската комисија денеска соопшти дека доставила „Изјава за приговор“ до германската авиокомпанија „Луфтаханза“ и италијанското Министерство за економија и финансии со која ги информира дека смета оти нивната планирана заедничка контрола над авиопревозникот „ИТА Ервејс“ може „да ја ограничи конкурентноста на одредени летови на пазарот за услуги за воздушен транспорт на патници во и надвор […]

За една недела пријавени 72 нови случаи на голема кашлица, девет деца в болница


Од 15 до 21 март, пријавени се 72 нови случаи на голема кашлица. Во однос на географската дистрибуција, најголем дел од случаите се пријавени во Скопје – 58, а пријавени се случаи во Куманово – седум, Битола – четири, Дебар и Струга по еден случај, покажуваат податоците од денешниот најнов извештај на Институтот за јавно […]

Инстаграм ќе ја ограничи политичката содржина


Инстаграм ќе воведе ограничување на политичката содржина, при што корисниците сега треба да влезат во нивните поставки на апликацијата за да ја исклучат ограничувачката функција. Корисниците на популарната платформа за социјални медиуми сега треба да влезат во нивните поставки под „поставки за содржина“, да кликнат на „политичка содржина“ и да ја изберат опцијата „да не […]

Кремљ фаќал ИСИС-овци и ги правел соработници


Повеќе од една година руските разузнавачки служби работат во воени услови – многу малку се знае јавно со што се занимавале. Специјалниот дописник на Медуза, Лилија Јапарова и експертот за тероризам Вера Миронова открија дека меѓу другото, Федералната служба за безбедност на земјата (ФСБ) регрутирала поранешни борци на Исламската држава (или ИСИС) и се обидувала […]

Турски „Јилдирим груп“ преку холандска компанија го купува „Фени“


  Турската компанија „Јилдирим груп“, преку нејзината холандска компанија „Полиникел холдинг“ ќе биде нов сопственик на „Еуроникел“, поранешен „Фени“. За ваквата разврска на домашниот голем индустриски капацитет, преку соопштение до Македонската берза, извести Комерцијална банка, која е сопственик на имотот на комбинатот. Вредноста на зделката е 40 милиони евра. Од банката посочија дека за завршување […]

До четврток променливо време со повремен дожд


До четврток ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен ветер од јужен правец, соопшти УХМР. Утре врнежи ќе има попладне и во текот на ноќта кон среда, пообилни во западните делови. Во четврток претпладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Температурата ќе биде […]

Судир на три возила на локалниот пат за Љуботен, повредени 12 лица меѓу кои и деца


Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера на локалниот пат за скопското село Љуботен. Во несреќата учестувале патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Е.(61), од Љуботен, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки управувано од Е.М. (54) од скопското село Ласкарци, и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од Х.И. […]

Пожар во Tетовско во објект со инкубатори, угинале 4.000 пилиња


    Денеска. во 3.50 часот, во СВР Тетово пријавено е дека настанал пожар во објект (барака) со инкубатори за пилиња во тетовско Камењане, сопственост на 32-годишниот С. Р. од ова село, извести СВР Тетово. „Нема повредени лица, а во пожарот, според пријавеното, пцовисале речиси 4.000 пилиња. Со интервенција на тетовската Територијална противпожарна единица пожарот […]

Хорот  “Перпетум Џезиле” на концерт го промовира новиот албум на 5 април во Филхармонија


Една од најголемите вокални групи во светот, Perpetuum Jazzile, се подготвува повторно да ја воодушеви македонската публика како дел од својата голема европска турнеја. Овој концерт е и можност да го претстават нивниот нов студиски албум наречен „Smells Like…“. Албумот е вистинско мало музичко ремек дело, со обработки на некои од најголемите светски хитови „We […]

Пендаровски прв на изборното ливче, Димитриевски последен


Државната изборна комисија денеска ги констатираше редните броеви на претседателските кандидати на изборното ливче. Извлекувањето беше јавно, а го спроведоа претставници на кандидатите. На изборното ливче имињата на кандидатите за претседател на државата ќе се најдат по следниов редослед: 1.Стево Пендаровски 2.Гордана Силјановска-Давкова 3.Стевчо Јакимовски 4.Бујар Османи 5.Билјана Ванковска-Цветковска 6.Арбен Таравари 7.Максим Димитриевски

Украина со дронови нападна голема термоцентрала во Русија


  Ноќта на 25 март, украински дронови ја нападнаа руската термоцентрала „Новочеркаск“, најголемата во регионот на Ростов. По ударот, се појави пожар во трафостаницата на државната централа, изјави гувернерот на Ростовската област Василиј Голубев. „Поради пожарот два енергетски блока на централата на државната област се привремено исклучени од работа“, напиша Голубев во својот Телеграмски канал. […]

„Блиц“: Холандија повлекла од пазарот вишни од Србија поради пестицид


Поради надминување на дозволеното количество пестициди, Холандија ги повлече од пазарот замрзнатите вишни со потекло од Србија, објави РАСФФ – европскиот систем за брзо предупредување и информирање за храната, а како што дознава „Блиц Бизнис“, контролата е во тек. Поради надминување на дозволената количина на пестициди, Холандија ги повлече од пазарот замрзнатите вишни со потекло […]

„Talavera de la Reina“ – Моден викенд Скопје го слави занаетот и модата инспирирани од старошпанската керамика


Амбасадата на Шпанија кани на  презентацијата за мода и занает „Дијалози“ во четврток, 28 март во трговскиот центар East Gate, деловен простор. Прославувајќи го занаетот и модата инспирирани од керамиката „Talavera de la Reina“ и жителите на Талавера, настанот се организира во соработка со Моден викенд Скопје и многу талентирани уметници: модните дизајнери Роберт Ивановски […]

Научниците се блиску до тест на крвта кој ќе покаже кој ја шири туберкулозата меѓу милиони луѓе


Научниците велат дека се блиску до развој на тест на крвта кој би можел да ги идентификува милионите луѓе кои несвесно шират туберкулоза, пренесува ДПА. Истражувачите од Универзитетот во Саутемптон открија група биолошки маркери кои се наоѓаат на високо ниво кај заразните пациенти. Туберкулозата или ТБ е најсмртоносната заразна болест во светот и одзема повеќе […]

МНТ ќе донира средства од продадени билети за лекувањето на Леонид Индов


Овогодишниот 79. роденден на МНТ ќе биде хуманитарно одбележен. Низ сите години на постоење, оваа институција секогаш била тука за публиката. Тоа продолжува и денес со изведбите на претставите „Силјан Штркот шанца“ и „Сите сме птици“ – кои во таа чест ќе бидат одиграни на 3 април. Средствата од продадените билети за овие претстави ќе […]