Родителите навреме да ги вакцинираат децата, повикаа од детски диспанзер Куманово


Во Куманово опфатот со вакцината против голема кашлица, пертусис е 75 проценти, информираа денеска од Здравствен дом Куманово, детски диспанзер. Надлежните велат дека оваа болест што ја има во соседството е загрижувачка и ги повикаа родителите навремено согласно календарот да ги вакцинираат децата. – Куманово е еден од градовите каде се намалува процентот на имунизирани […]

Украина и Русија разменија по 195 воени заробеници


  Руското Министерство за одбрана соопшти дека Русија и Украина размениле воени заробеници по формулата 195 -195. Министерството соопшти дека размената била спроведена во средата. Објавата дојде една недела откако Русија обвини дека украинските сили собориле воен транспортен авион со украински воени заробеници кои требало да бидат заменети со руски заробеници. Министерството за одбрана соопшти […]

Ахмети: Курти да каже дали ќе учествува на изборите во Македонија


Претседателот на ДУИ, Али Ахмети во интервју за косовската телевизија РТК изјави дека премиерот на Косово, Албин Курти треба отворено да каже дали неговата партија Самоопределување ќе учествува на изборите во Македонија. Коментирајќи ја средбата на албанскиот опозициски блок со Курти, Ахмети посочи дека изјавата на Изет Меџити, дека Самоопределување ќе соработува со здружената албанска […]

Индустријата во декември лани потфрли, производството помало за 5,8 отсто на годишно ниво


Индустриското производство во 2023 година споредено со 2022 година бележи раст од 0,7 проценти. Во декември 2023. во однос на декември 2022 година, пак, индустриското производство е намалено за 5,8 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, во декември 2023 година, во однос на декември 2022 година, индустриското производство бележи опаѓање од […]

Повозрасна Американка најдена со полесни повреди во камион за ѓубре (видео)


Жена од американската сојузна држава Њу Хемпшир завршила во контејнер, а потоа и во камионот за ѓубре, но за чудо, го преживеала целиот тој ужас само со полесни повреди. Повозрасната Американка, чиј идентитет не се соопштува, им кажала на истражителите дека паднала во големата канта додека си го фрлала отпадот, а потоа завршила и во […]

ДКСК за СЈО: Не се гаси институција за еден кауч, политичка волја за борба со корупцијата нема


Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција,Билјана Ивановска, денес ја одржа последната прес конференција, горда што нејзината институција покажала интегритет во работењето, но разочарана од сознанието дека политичка волја за справување со корупцијата во државата нема, што го илустрираше со покренувањето на 59 иницијативи за разрешување и 56 иницијативи за кривично гонење – а […]

ССМ бара оставка од тројцата судии што ја донеле одлуката за одземање на зградата, најавуваат постапка и пред Судскиот совет


Сојузот на синдикати на Македонија бараат оставка од судиите Шпенд Деваја, Наке Георгиев, Исамедин Лимани од Врховниот суд кои ја донеле пресудата за одземање на имотот на Синдикатот. Доколку до петок не поднесат оставки, како што најави денеска претседателот на ССМ Слободан Трендафилов, од следната недела ќе почнат постапка пред Судскиот совет за нивно разрешување. […]

Меџити: Истражните органи ќе кажат кој е виновен во случајот „Онкологија“


Министерот за здравство Фатмир Меџити, на новинарско прашање за вчерашните случувања околу скандалот „Онкологија“, денеска повика да не се плука по сите здравствени работници. Тој рече дека остава на истражните органи да испитаат до крај и со име и презиме да се знае виновникот. – Во врска со вчерашниот настан, го знаете мојот став. Стоиме […]

Случај „Онкологија“: Многу злоупотреби, создаван вишок лекови, штетата е 30 милиони евра


  Седум јавни набавки на преговарање без објавување на оглас и без одобрение и согласност од Фондот за здравствено осигурување, скапи третмани на ден пред да починат пациентите и создавање вишок лекови се дел од дејствијата за кои се товарат петмина осомничени во случајот со Онкологија. Станува збор за поранешниот директор на Клиниката за радиотерапија […]

Трендафилов: Со „плата во плико“ неизвесна ќе биде егзистенцијата на работниците


Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов во однос на најавите за Предлог законот за работно ангажирање лица за вршење работи од привремена и повремена природа за одредени дејности, смета дека е недозволиво во земја кандидат за членство во Европската Унија да се формализира неформалната економија.  Според Трендафилов, поразително е да се предлага […]

Марија Јосифовска-Спасовска од „Макпетрол“ меѓу највлијателните 50 луѓе на Балканот


Иницијаторот на општествено одговорната кампања „Крени глас против врсничкото насилство“, Марија Јосифовска-Спасовска, се најде на листата на 50 највлијателни луѓе во регионот според „Блумберг Адрија“. Како член на управниот одбор и директор во „Макпетрол“, Јосифовска-Спасовска е предводник на активностите за едукација и подобрување на состојбите поврзани со булингот. Токму овој ангажман е истакнат како клучна […]

Народна банка ја задржа основната каматна стапка на нивото од 6,30 проценти


Каматната стапка на благајничките записи останува на нивото од 6,30 проценти, а каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена на нивоата од 4,20 проценти и 4,25 проценти, соодветно. Понудата на благајнички записи на редовната аукција е исто така непроменета и изнесува 10 милијарди денари, одлучил вчера на редовна седница Комитетот за оперативна […]

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ најавија амандмани за пакетот закони од МИОА, синдикалците велат ќе се намалеле платите


Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ најавува дека ќе поднесе 21 амандман на Предлог-законот за административни службеници, кој е во собраниска процедура и треба да се донесе по скратена постапка со европско знаменце.  За Законот денеска втор ден треба да се расправа на собраниската Комисија за европски прашања, а синдикатите вчера побараа широка јавна дебата. – Конкрентно […]

Шукова: Потребни се околу 1.000 евра по жител за да се исполнат стандардите на ЕУ за животната средина


Државата креира политики, а општините треба да ги спроведат, доколку сакаме да ја имплементираме зелената агенда, а за тоа се потребни околу 1.000 по жител, па затоа се потребни и фондовите на ЕУ.  – Ако се грижиме за животната средина, не значи дека треба да го стопираме економскиот развој на државата. Тие два процеси треба […]

Ќе се доделат над 7.000 ваучери за инвертер – клима уреди во вредност од 4,1 милиони евра


Министерството за економија годинава ќе доделува финансиска поддршка преку доделување на потврда – ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди, со цел зголемување на енергетската ефикасност во своите домови и остварување на заштеди на електрична енергија, согласно Програмата за поттикнување енергетска ефикасност на домаќинствата за 2024 година и Програмата за заштита на ранливи […]

Николовски за наводно покачување на партиципацијата: Тоа е внатрешна процедура на УКИМ


Претседателот на Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Александар Николовски денеска на новинарско прашање околу објавите во медиумите за наводно зголемување на партиципација на студентите, посочи оти тоа не е барање на Министерството за образование, туку станува збор за внатрешни процедури на УКИМ. -Зголемувањето на партиципацијата ќе оди од страна […]

Костадиновска-Стојчевска: Има активен оглас за директор на Агенцијата за филм распишан од Владата


Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска одговорајќи на новинарско прашање посочи оти не е запознаена со наводните шпекулации за повторно назначување на Бојан Лазаревски за в.д. директор на Агенцијата за филм откако ќе му заврши мандатот. Како што рече, има активен оглас за директор на Агенцијата, и ги охрабри сите заинтересирани да се пријават. -Јас […]

Истрага за пет лица од Онкологија, за д-р Васев се бара отстранување од работното место и одземање пасош


ОЈО Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против пет лица, од кои две биле медицински и организациски директор во периодот од 2017 до 2022 година на Клиниката за онкологија и тројца доктори-онколози. Поднесени се мерки за претпазливост за тогашниот медицински директор Нино Васев и организацискиот директор Нехат Нухи. Мерките предвидуваат забрана за напуштање на […]

Грција ќе предложи да ја преземе командата на европската операција во Црвеното Море


Грција ќе предложи да ја преземе командата на европската операција во Црвеното Море и ќе го понуди штабот во грчкиот град Лариса како седиште, соопшти министерот за национална одбрана на Грција Никос Дендиас од Брисел пред почетокот на неформалниот состанок на министрите за одбрана на Европската унија, јави дописничката на МИА од Атина. Дендиас рече […]

Смарт-табли, компјутери и фотокопир донирани во ООУ „Блаже Конески“ во Аеродром


Нови смарт-табли со проектори, компјутери и фотокопир доби ООУ „Блаже Конески“ во општина Аеродром, донација обезбедена од општествено одговорни фирми. „Преку континуирани инвестиции во опрема обезбедуваме подобри услови за учениците во Аеродром“, порача градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски  при посетата на основното училиште „Блаже Конески“ во чии рамки беше промовирана нова опрема со која […]