Тестирање противпожарна опрема во комплексот висококатници „Џеваир сити“


 Регионалниот ЦУК – Скопје информира дека фирмата „Хаусмајстор груп“ известила за денешно тестирање противпожарна опрема во комплексот висококатници „Џеваир сити“ – во зграда А. Тестирањето ќе се одвива во период од 11 до 12 часот. – ЦУК известува за сервисна информација што би спречила можна локална паника. Тоа ќе биде тестирање на противпожарна опрема и […]

Бектеши: Минималната плата во март ќе изнесува 22.500 денари


 Министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил објави дека минималната плата во март ќе изнесува 22.500 денари.  – Најниската плата во земјава од март 2024 година ќе биде 22.500 денари. Повеќе од двојно зголемување од минималната плата во 2017 година, напиша Бектеши. Минималната плата сега изнесува 20.175 денари. Во март 2022 година беа […]

Укинат куќниот притвор за Драги Рашковски


Укината е мерката куќен притвор за Драги Рашковски од Скопје и прифатена е гаранцијата како мерка за обезбедување на негово присуство во рамки на кривичната постапка што се води против него поради основано сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.3 на Кривичниот законик и кривично дело Перење пари […]

Стоп: Овие работи никако не смеете да ги фрлите во мијалникот


За да спречите штета во кујната што обично може да го поправи само мајсторот, треба да знаете која храна никогаш не треба да ја фрлате во одводот на мијалникот. Штетите се генерално големи и скапи, а ова е нешто што дефинитивно сакате да го избегнете. Бидете внимателни и попрво ставете ги на друго место. 1. […]

(Видео) ВИ користена при организацијата на шестото издание на Конференцијата за е-трговија


Вештачката интелигенција го менува начинот на трговија, па токму затоа централна тема на годинешното шесто издание на Конференцијата за е-трговија е токму ВИ, која патем, помогнала да се организира оваа конференција.  – Она што е во фокус оваа година е вештачката интелигенција и како таа ја редефинира е-трговијата, односно воведува нова ера. ВИ е тука […]

Многумина ќе се изненадат: Ова се најзлобните хороскопски знаци


Некои луѓе ги сакаат туѓите успеси и поддршката за својот ближен, но некои уживаат да гледаат како другите се борат и не ги постигнуваат своите цели. И хороскопскиот знак може да влијае на тоа, а според астролозите ова се најзлобните знаци. Рак Раковите се познати по лошото расположение и негативноста, но тоа не е единственото […]

Били Ајлиш проговори за изгледот за „Варајати“: Не ме гледаат женствена


Поп-ѕвездата и оскаровка Били Ајлиш неодамна се отвори за нејзината одлука да го сокрие своето тело на почетокот на кариерата. Седумкратната добитничка на Греми со години речиси исклучиво носеше широка облека. „Не се обидував луѓето да не ме сексуализираат“, рече 21-годишната девојка во изданието „Моќта на жените“ на Variety. „Но, не сакав луѓето да имаат […]

Италија без Локатели против македонската репрезентација


 Италијанскиот фудбалски репрезентативец Мануел Локатели поради повреда нема да биде во составот на националниот тим за дуелите од завршниот ноемвриски циклус во евроквалификациите против македонската и украинската репрезентација. „Локатели се врати во својот клуб“, изјави селекторот Лучијано Спалети на синоќешната прес – конференција, непрецизирајќи за каква повреда на играчот за врска на Јувентус станува збор. […]

Во Бразил, судија со помош на ВИ напишал пресуда, тоа било полно со грешки


 Бразилски судија користел апликација заснована на вештачка интелигенција, за да напише пресуда за еден судски случај. Тоа потоа се покажало полно со правни грешки. Националниот судски совет на Бразил, владино тело коешто ја надгледува работата на судството, побара од Џеферсон Родригез – федерален судија од западната сојузна држава Акри, тој да објасни како дошло до […]

Случајна или намерна амнезија на Османи – државниот секретар Мајк Помпео беше во 2019


  Велејќи дека американскиот државен секретар Ентони Блинкен најверојатно ќе дојде во Скопје на министерскиот состанок на ОБСЕ (поинаква информација не добил) македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи рече дека тоа би била прва посета на вакво ниво од САД од 2001 кога дојде Колин Пауел. Но, дали затоа што тоа би бил некаков […]

Отворање на 6. Годишна конференција за е-трговија


Под мотото „Редефинирање на е-трговијата со вештачка интелигенција” денеска во Скопје ќе биде отворено шестото издание на Конференцијата за е-трговија во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. Од Асоцијацијата за е-трговија информираат дека врвни и еминентни експерти од големите светски брендови Мета, Заландо, Нестле, Алегро, но и претставници од едни од најуспешните регионални бизниси […]

Претседателот на Народното собрание на Бугарија во посета на Собранието


Претседателот на Народното собрание на Република Бугарија, Росен Желјасков денеска ќе престојува во работна посета на Собранието на Република Северна Македонија. Како што информираат од собраниската прес-служба, Желјасков ќе се сретне со претседателот на Собранието Талат Џафери, по што е предвидено двајцата да дадат изјава за медиумите.  Во 13 часот во Археолошкиот музеј, двајцата ќе […]

Се одбележува Светскиот ден на дијабетесот


 Немање континуитет во достапноста на современа терапија, пристап до медицински помагала за мониторинг на гликемијата, како и недостаток од континуирана и структурна едукација се предизвиците со кои се соочуваат пациентите болни од дијабетесот.  Под мотото „Соочени со предизвиците на дијабетесот во Македонија-дејствуваме пред да стане непоправливо“ денеска Сојузот на здруженија на дијабетичари ќе го одбележи […]

Битолскиот театар одбележува годишнина од денот на формирањето


Националната установа Народен театар – Битола денеска го одбележува 14 ноември, денот кога во 1944 година, веднаш по ослободувањето на градот, е формиран првиот македонски народен театар. Први членови и основачи на театарот биле Димче Стефановски, Ацо Стефановски, Мери Бошкова, Јорго Цаца, Вера Вучкова, Симо Георгиевски, Славче Матевски, Георги Карев и Јован Беко кои ја […]

Државниот врв на ексклузивната изложба „Сребрена Тракија“ во Археолошкиот музеј


Во Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија во Скопје денеска во 13 часот ќе биде отворена ексклузивната изложба „Сребрена Тракија“, која е прво целосно претставување на тракиската култура во нашата држава. Како што информираат од Министерство за култура, во духот на европските вредности и зацврстување на културната соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија, изложбата е […]

Денеска средба Шолц – Мицотакис


Атина – Енергетиката, миграцијата, климатската криза, економијата, како и ситуацијата во Источниот Медитеран, Западен Балкан и во Украина, се очекува да бидат темите за кои денеска ќе разговараат грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и германскиот канцелар Олаф Шолц, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис од вчера е во работна посета на Берлин каде се сретна со […]

Самостојна изложба на Мице Јанкуловски во Букурешт


 Во галеријата „Галатека” во Букурешт во Романија вечер ќе биде отворена самостојната изложба на уметникот Мице Јанкуловски, насловена „Над црното”.  Куратори на изложбата се Анка Боериу од Романија, универзитетски професор на Националната академија за уметност во Букурешт и Корнелија Конеска од Македонија. Јанкуловски, со изложбата „Над црното” во „Галатека“ се претставува со полиптихот „Круговите на […]

Со „Јуроп хаус“ го афирмираме културното наследство како мост помеѓу нашето минато и иднина


Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска синоќа се обрати на настанот организиран од Делегацијата на ЕУ по повод 60 – годишнината од земјотресот во Скопје и 4-тата година од отворањето на „Јуроп Хаус“ -Скопје, посочувајќи ја во својот говор нераскинливата врска помеѓу културното наследство и иднината што колективно ја коваме. „Европската Унија вложува и е наш […]

Изложба „Од уметничко наследство на Дебарско-мијачките зографи“ во МАНУ


Во ликовниот салон на МАНУ денеска во 18, 30 часот ќе биде отворена изложбата „Од уметничко наследство на Дебарско-мијачките зографи“. Изложбата ќе ја отворат претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев, г.г. Стефан, архиепископ охридски и македонски и на Јустинјана Прва и Сашо Цветковски од ИЦКН „Цветан Грозданов“ при МАНУ, а истата е поддржана од Истражувачкиот […]

Наутро со слаба магла, а преку денот сончево со мала облачност


Времето утре ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен до јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 15 до 21 степени. Во Скопје наутро со […]