Намален прометот во индустријата во септември


Вкупниот прометот во индустријата во септември годинава во однос на истиот месец лани е помал за 3.5 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во септември 2023 година, во однос на септември 2022 година, бележи пораст кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.4 %, додека опаѓање бележи […]

Жените во ЕУ се платени за 13 отсто помалку од мажите за иста работа


Жените во Европската унија се платени во просек за 13 отсто помалку од мажите кои вршат иста работа и покрај тоа што имаат право на еднаква плата според правото на ЕУ, објави денеска Европската комисија. „Еднаква плата за иста работа или работа со еднаква вредност е еден од основните принципи на ЕУ. Тоа беше наведено […]

ММФ: Народната банка соодветно ја затегна монетарната политика и придонесе за забавување на инфлацијата


„Народната банка презеде соодветни мерки за затегнување на монетарната политика коишто осигурија преполовување на инфлацијата во однос на ланскиот максимум“, се наведува во завршните согледувања на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), којашто од крајот на октомври, досега, престојуваше во нашата земја како дел од редовните консултации коишто произлегуваат од членството на земјава во ММФ, […]

Две години и три месеци затвор за возачот кој усмрти дете на „Пластичарска“


  Единствена казна затвор од две години и три месеци одреди судијката Марија Клетничка од Основниот кривичен суд Скопје за 21-годишниот Шукри Зеќири од Скопје, кој на 12 октомври на булеварот „Никола Карев“, на делот познат како „Пластичарска“ во Скопје удри десетгодишно дете кое од ударот почина на самото место, а тој избега. На обвинетиот, […]

Промовирана официјалната топка за ЕП 2024


 Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) ја претстави официјалната топка со која ќе се играат натпреварите на Европското првенство во 2024 година. Се вика „Љубовта на фудбалот“. – Дизајнот на топката е инспириран од радоста на фудбалот и енергијата на турнирот. Опремен е со специјална технологија која обезбедува читање на секое движење на топката и го олеснува […]

Груби: Не се гледам себеси и знам дека нема да бидам идниот премиер


  Не се гледам себеси како иден премиер, не верувам дека јас сум следниот премиер и всушност знам дека јас не сум следниот премиер на Владата на Македонија, изјави првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби денеска за медиумите. На прашањето кој ќе биде всушност следниот премиер, Груби рече дека согласно коалцискиот договор […]

Реизбран Управниот одбор на КаСис АД


Надзорниот Одбор на единствениот македонски процесор од областа на картичното работење, електронска трговија и сертифицирано биро за персонализација на картички КаСис АД повторно му ја даде довербата на актуелниот Управен одбор: Филомена Пљаковска – Аспровска, претседател и Главен извршен директор, Лидија Вучидолова – Богоевска, член и извршен директор и Дамјан Андоновски, член и извршен директорво […]

Пукнатината на железничкиот мост може да ја парализира економијата


  Напукнатиот столб на железничкиот мост преку Црна Река ги стави во речиси безизлезна ситуација македонските компании на кои превозот со железница на суровините и производите им е единствената или најпожелната опција. Повеќето од големите компании во земјава буквално зависат од овој вид транспорт, па сега се во небрано, како да продолжат со работа. Од […]

ДКСК: Градоначалниците на Радовиш 12 пати без оглас ангажирале директор на јавно претпријатие


 Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на денешната седница донесе одлука да поднесе иницијатива за одговорност до Владата и за кривично гонење за несовесно работење и трошење на буџетски средства на директорот на Агенцијата за филм. Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска детално го образложи случајот со Агенцијата за филм, ревизорските извештаи за финансиското работење […]

Дали знаете колку пати можете да го користите истото масло за пржење?


Важно е, доколку имате намера повторно да го користите маслото, да обрнете посебно внимание на овие работи Во колумната посветена на „кулинарските загатки“, која редовно ја објавува The Guardian, еден корисник побара појаснување во врска со маслото за пржење, а некои познати англиски готвачи имаа одговор на тоа прашање. Прво, Том Хант, наградуван готвач, писател […]

Пунктот за промена на лични документи без закажување ќе работи од 8 до 18 часот


Од денеска официјално почна да работи пунктот на Министерството за внатрешни работи за промена на личните документи без закажување, кој се наоѓа во салата на полициската станица Пролет во општина Центар. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој денеска со раководството на МВР го посети пунктот, рече дека ова е направено со цел граѓаните да […]

Локомотивата се расипа, па трет ден не сообраќа единствениот воз од Скопје до Битола


  Поради расипана локомотива трет ден не сообраќа возот Скопје-Битола преку Велес и Прилеп. Возот вчера попладне  во 14,30 часот не тргна од Железничката станица во Скопје, поради што и утрово не сообраќаше возот од Битола за Скопје преку Прилеп и Велес. На велешката железничка станица утрово втор ден го немаше „битолскиот воз“ во 5,46 […]

Во кујните во училиштата од Карпош нема салмонела, каде е изворот треба да каже АХВ


Негативни се резултатите по појавата на салмонела кај ученици од дел во основните училишта во Карпош. Ова го покажале резултатите по направениот вонреден инспекциски надзор на Државниот здравствен и санитарен инспекторат. Во текот на денешниот ден, Државниот здравствен и санитарен инспекторат согласно на своите надлежности, ќе ги отвори кујните во училиштата. Директорката на Државниот здравствен […]

Педро Санчез изгледа ќе остане на власт – но по која цена?


  МАДРИД – Педро Санчез го постигна она што многумина мислеа дека е невозможно. Кога распиша предвремени избори откако претрпе големи загуби на регионалните и локалните гласања во мај, речиси сите го отпишаа шпанскиот премиер како политички кадавер. Но, во среда, Санчез ќе му предложи на шпанскиот парламент да му дозволи да формира нова влада, […]

Во темнината на заборавот


Во Македонија во изминатите 18 години, од 2006 до 2023 година стасаа 18 извештаи на Европската комисија за едногодишниот напредок на земјата. Сите тие густо отпечатени на по 120 до 130 страници, а со нормален проред над 200 страници. Вкупно, некаде околу 3.600 страници согледувања на европските влади  за нашите состојби и реформи на патот кон ЕУ. Што […]

“Поол”, “Франкенштајн” и “Роденден” денес на 48 МОТ


Денеска на програмата на Млад отворен театар (МОТ) публиката ќе проследи три домашни продукции. Во 18 часот актерите на Театар за деца и младинци (ТДМ) ќе ја одиграат младинската претстава „Франкенштајн“. Претставата е во режија на Кокан Младеновиќ, а играат: Ангела Димитрова, Бојан Кирковски, Матеа Јанковска, Наташа Петровиќ, Ненад Митевски, Никола Наковски и Симона Спировска. […]

Отровна материја расфрлена меѓу зградите на улиците „Варшавска“ и „8 Септември“ во Карпош


Отровна материја е расфрлена меѓу комплексот згради на крстосницата меѓу улицата „Варшавска“ и „8 Септември“ во општина Карпош, информира Регионалниот центар за управување со кризи Скопје.  Од оваа отровна материја, како што стои во информацијата, умираат бездомни животни, а опасна е и за децата кои случајно може да дојдат во допир со неа.  Преку Регионалниот […]

Препознајте кога ве мачи грип, а кога настинката


Слични по симптомите, и настинката и грипот владеат кога ќе почнат да паѓаат надворешните температури. Студот сам по себе не носи настинка или грип, но значајно влијае на пад на имунитетот, а со тоа вирусите и бактериите полесно  навлегуваат и се множат во  организмот. Едноставно кога на носот му студи, тој не успева да го […]

МОН утре ќе почне да објавува повици за автори за нови учебници за седмо одделение


Министерството за образование и наука утре ќе ја почне постапката за изработка на учебници за седмо одделение кои ќе се користат идната учебна година, откако Бирото за образование и наука (БРО) минатата недела ги достави до МОН наставните програми за седмо според Концепцијата за основно образование која се спроведува етапно. Министерот Јетон Шаќири соопшти дека […]

Македонија нема со што да ги задржи младите научници во државава


Македонија  е една од поактивните учеснички во COST  програмата за европска соработка во науката и технологијата, што се спроведоа во изминатите два месеци, но и покрај силната подршка од ЕУ, финансиски и преку соработка, немаме начин како да ги задржиме младите научници во земјава. – Тој тренд на таканаречена бела чума продолжува и во научните […]