Поевтинуваат дизел горивата, цената на бензините останува иста


Цената на дизелот од ноќеска на полноќ се намалува за половина денар, а Екстра лесното масло за домаќинство поевтинува за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,65 […]

Три медали за каратистите на „Макпетрол” на Балканското првенство во Љубљана


Едно златно одличје и две бронзени освоија каратистите на „Макпетрол“ на Балканското првенство за кадети, јуниори и У-21 што неодамна се одржа во Љубљана. Витомир Трајковски се закити со златен медал во тежинската категорија -84 килограми, а Стефан Стојановиќ се пласира на третата позиција во +84 кг. Јована Мицовска, пак, со женскиот тим во борби […]

Во Берлин најавена линија со лебдечки воз, неколкупати досега проектот беше напуштан


Градот Берлин планира да тестира воз со магнетна левитација (тн. маглев) на патека долга пет километри, изјави претседателот на фракцијата на Демохристијанката унија (ЦДУ) во Градското собрание, Дирк Штетнер. – Се очекува дека лебдечкиот воз ќе биде поевтин и оти за изградбата на таква пруга ќе треба помалку време отколку за нова подземна железничка линија. […]

Радев: Контраофанзивата на Украина беше најголемата грешка


  Најлошата стратешка грешка за време на војната во Украина беше контраофанзивата на државата нападната од Русија. Ова го коментираше бугарскиот претседателот Румен Радев на конференција во Софија, јавуваат државните медиуми БНР и БТА „Бев убеден дека токму пред оваа контраофанзива дека е време да се седне на преговарачка маса. Украина беше во подем и […]

„Дајмонд мол“ со попусти и до 70 % за време на „Блек Дајмонд вик“ од 20 ноември


Продолжуваат изненадувањата во новиот Diamond Mall. Од 20 до 26 ноември се одржува Black Diamond Week, со големи попусти до 70 %. Големата акција за сите посетители, што традиционално се одржува во светски рамки пред почетокот на Божиќните празници, наместо еден ден ќе трае цела недела, а понудата ќе биде разновидна, бидејќи на оваа акција […]

Реал Мадрид ги обвинува Ла Лига, ФИФА и УЕФА за преоптоварување на календарот и повреди на играчи


Реал Мадрид е незадоволен што напаѓачот Винисиус Жуниор и играчот од средниот ред Едуардо Камавинга се повредија додека беа во своите репрезентации, пренесува „Marca“. Мадридскиот клуб за повредите ги обвинува раководството на Ла Лига, Шпанската фудбалска федерација, ФИФА и УЕФА. Претставниците на Реал Мадрид сметаат дека причина за повредите на играчите е преоптоварен календар. Винисиус […]

Тејлор Свифт испиша историја на Билборд музичките награди, синоќа однесе 10 нови статуетки


Синоќа, Тејлор Свифт ја додаде својата веќе импресивна победа во кариерата на Билборд музичките награди со 10 сосема нови победи – и им се заблагодари на фановите што го направија сето тоа да се случи. „Се чувствувам како најсреќната личност на светот што ве имам во мојот агол и се грижите за музиката што ја […]

Ковачевски за водењето на Скопје: Главниот град е напуштен, без управа


  Владата сака да помогне и помага на сите општини без разлика под чија власт се наоѓаат, убеден е премиерот Димитар Ковачевски. „Градот Скопје е напуштен, без управа. Се обидуваме да ја направиме Универзална сала, но досега нема слух. Пред две години ВМРО-ДПМНЕ ветуваше дека ќе имаме најевропски град, дека ќе сме добиеле мајка на […]

Чувар на најважните податоци во државата: Вака изгледа ИКТ Центарот во Прилеп (фото)


  Најсовремено здание вредно 11 милиони евра во кое се чуваат најважните податоци на виталните државни институции, но и на други институции. Станува збор за ИКТ Центарот во Прилеп, кој е безбедно прибежиште за чување и заштита на податоци и опоравување од катастрофи, било да се предизвикани од природни катастрофи или од човечки фактор. Накусо, […]

Шакира се спогоди за даночна измама во Шпанија


Поп ѕвездата Шакира постигна договор со шпанските обвинители непосредно пред почетокот на судскиот процес за даночна измама во Барселона. Колумбиската пејачка беше обвинета за даночно затајување од 14,5 милиони евра, при што обвинителите кажаа дека ќе бараат затвор до осум години и парична казна од 24 милиони евра ако биде прогласена за виновна. Двете страни […]

Англиските навивачи пристигнаа во Скопје, засилено обезбедување во центарот на градот


Околу 2.000 навивачи на Англија допатуваа во Скопје за да ја бодрат својата репрезентација која вечер игра со македонската селекција. Голем дел од Англичаните веќе се наоѓаат во кафетериите во центарот на македонската престолнина. Англиските навивачи се познати по својот темперамент, а често пати предизвикуваат инциденти на своите гостувања. Поради тоа, во центарот на Скопје […]

Радикализација на протестите на земјоделците во Србија


Протестите на земјоделците кои бараат подобри услови за земјоделството продолжија во градовите низ Србија, најмногу во Војводина со блокади на патиштата, а за денеска најавија дополнителна радикализација на протестот, јави дописникот на МИА од Белград. Земјоделците кои од 13 ноември го блокираат влезот на рафинеријата на Нафтената индустрија на Србија (НИС) во Нови Сад, почнаа […]

Концерт на Дино Имери во Загреб, свиреше на историско пијано од марката „Плејел“


Македонскиот пијанист Дино Имери синоќа одржа солистички концерт во Загреб, Хрватска, во прекрасното здание на Државниот архив. Пред многубројната публика, Имери се претстави со изведба на романтичните и импресивни дела: „Ноктурно“ од Мануел Де Фаља, „Песни и танци“ бр. 1 и бр. 3 и „Млади девојки во градината“ од суитата „Сцени од детството“ од Фредерик […]

Битиќи најави реконструкција на зградата на „Македонска пошта“ со европски фондови


Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи изјави денеска дека реконструкцијата на зградата на „Македонска пошта“ ќе биде со европски фондови, и очекува во догледно време да има предлог до Владата. На новинарско прашање по денешното отворање на доградбата на објектот „Кокиче“ во состав на ЈОУДГ „Весели цветови “ во општина Кисела Вода, заедно со министерката […]

ДНК го „врати“ Врчак во музичкиот свет: Слушнете ја нивната заедничка песна „Посреќна“ (видео)


Конечно се случи тоа што многумина со нетрпение го очекуваа – Раде Врчаковски  – Врчак и официјално се „врати“ на македонската музичка сцена. Вчера на сите социјални мрежи и музички платформи беше објавена заедничката песна на Врчак и момците од ДНК  со наслов „Посреќна“ , а според коментарите на публиката, вредело што чекале толку долго […]

Столбот на мостот на Црна река преку кој сообраќа возот ќе се прави околу два месеци


 Поради напукнат бетонски столб на мост на Црна Река на линијата Гевгелија-Велес помеѓу железничките станици Кукуричани-Градско во близина на Стоби железничкиот сообраќај на овој патен правец целосно е во прекин од вторникот попладне од 15:25 часот и патнички и товарен се одвива со префрлање на патниците од воз на автобус. Како што информираат за МИА […]

Едно лице е повредено во сообраќајката кај „Љубен Лапе“


Според првичните информации едно лице е повредено во сообраќајка што се случила утрово во скопската населба Аеродром. Во СВР Скопје денеска била пријавена сообраќајна незгода на ул. „Васко Карангелевски“ помеѓу „рено меган”, со скопски таблички, управувано од Л.Д. (60) и „тојота” со скопски таблички, управувана од Е.Д.Б. (45). Според првичните информации, со телесни повреди се […]

Се сретна или не Рене Троказ со Мицкоски?


  Специјалниот пратеник на Франција за Западен Балкан, Рене Троказ, изгледа дека замина од неколкудневната посета на Македонија без да се сретне со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Барем немаше такви информации ни од француски, ни од вмровски извори. Троказ во Скопје разговараше со претседателот Стево Пендаровски, со тројца вицепремиери (Фатмир Битиќи, Бојан Маричиќ и […]

Превртено возило на новоотворениот булевар „Васко Карангелевски“ во Аеродром (Фото)


Граѓаните утринава се сведоци на уште една страшна сообраќајна несреќа и превртено возило на новоотворениот булевар „Васко Карангелевски“ во општина Аеродром во близина на воениот базен, односно пред ООУ „Љубен Лапе“. Засега нема потврда од МВР, ниту се знае дали и колку лица се повредени. Повеќе информации очекувајте подоцна. Инаку овој булевар пред неколку недели […]

Две лица полесно повредени при удар на локомотива и комбе кај кумановско Лопате


Две лица се полесно повредени и примени се во Општата болница – Куманово откако локомотива удрила во патничко моторно возило – комбе во кумановското село Лопате, соопштија денеска од ЦУК. Несреќата се случила завчера, во село Лопате кај железничкиот премин. – Несреќата се случила во 5:50 часот, кога локомотива удрила во патничко моторно возило комбе. […]