Monologue – првиот албум на Миа Димшиќ на англиски јазик


Новиот албум на Миа Димшиќ, една од најпопуларните млади кантавторки, насловен „Монолог“ (Monologue), како издание на Croatia Records, може да се слуша ексклузивно на стриминг платформите. Токму на својот роденден, Миа Димшиќ, ланската хрватска евровизиска претставничка, го претстави својот нов албум, воедно и прв на англиски јазик. „Монолог“ ја носи талентираната пејачка и текстописец во ново светло, со песни на англиски јазик поддржани од […]

Скандал по труење со кисела вода во Хрватска: Пијте само обична вода


  Три лица завршија во болница во Загреб, а едно во Риека, поради сомневање за труење со газиран пијалок. Полицијата извршила истрага на Природно-математичкиот факултет во Загреб, каде наводно млад човек се затрул од газиран пијалок. „Јутарњи лист„ пишува дека маж испил минерална вода „Ромеркел“ во кафуле. Хрватскиот институт за јавно здравје добил примероци од […]

Проекции на „М“ на Вардан Тозија на фестивал во Германија


Филмскиот фестивал Котбус (ФФЦ) е еден од водечките меѓународни фестивали на источноевропскиот филм и годинава се одржува од 7 до 12 ноември. Денеска во 13 часот и утре во 18 часот ќе се одржи проекција на македонскиот филм „М“ на Вардан Тозија. -Основан во 1991 година, Фестивалот сака да прикажува добри филмови и да им […]

Со претставата „Декамерон“ вечер почнува 48. издание на МОТ


 Со претставата „Декамерон“ во режија на Мартин Кочовски на театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, вечер во МКЦ во Скопје почнува 48. издание на Млад отворен театар – МОТ. На програмата на годинашното издание, што ќе се одржува до 18 ноември, има вкупно 29 театарски настани, претстави, работилници, промоции и мастерклас-предавања. Следниот ден на сцена ќе […]

Меѓународна научна конференција „Луан Старова – писател и истражувач”


На Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје денеска во 10 часот ќе се одржи Меѓународна научна конференција „Луан Старова – писател и истражувач”, во организација на Катедрата за албански јазик и книжевност. Како што е најавено, на конференцијата воведно обраќање ќе има проф. д-р Владимир Мартиновски, декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, проф. д-р Биљана […]

Десет милиони Австралијци останаа без телефонски и интернет врски


Десет милиони Австралијци денеска останаа без мобилни и интернет услуги, откако целосно беше парализиран системот во вториот најголем провајдер во земјата – „Оптус“ (Optus), јави ДПА. Од раните утрински часови, корисниците на „Оптус“ ширум земјата не можат да се јавуваат или да сурфаат, јавија австралиските медиуми. Според извештајот на радиодифузерот „9Њуз“, (9News) ова е најголем […]

Претставата „Соѕвездија“ во Драмски театар во Скопје


Во Драмски театар во Скопје вечер ќе биде изведена претставата „Соѕвездија“ на режисерката Нела Витошевиќ по текст на Ник Пејн. Претставата е гостување на Театар Куманово и се реализира во рамките на соработката на театрите со цел публиката да се запознае со продукциите на повеќе национални театри. Улогите ги толкуваат актерите Александра Пешевска, Мирослав Петковиќ, […]

Најмногу дожд во изминатото деноноќие на Попова Шапка, денеска дожд и грмежи


Во изминатите 24 часа најмногу дожд – 16 литри на квадратен метар наврна на Попова Шапка, по што следат Лазарополе со 10, Тетово со три, Маврови Анови со два и во Скопје, кај Зајчев Рид – еден литар на квадратен метар. Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во текот на ноќта имаше мала […]

Сè повеќе Палестинци бегаат од северниот дел на Газа додека израелската Армија ги засилува нападите


 Сè повеќе палестински цивили бегаат од зоната на конфликтот во северниот дел на Појасот Газа додека израелските воздушни и копнени напади се интензивираат, соопшти денеска Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања, пренесе Бета. Околу 15 илјади луѓе избегаа вчера, во понеделникот околу пет илјади, а во неделата две илјади. Израелската војска ги повикува […]

Во Париз почнува судење за жалбена постапка на Саркози


Поранешниот француски претседател Никола Саркози треба да се врати на суд за да поднесе жалба на едногодишната казна што му беше изречена во 2021 година за незаконско финансирање на кампања. Случајот ќе биде повторно отворен во жалбена судска постапка која треба да почне попладне во суд во Париз. Конзервативниот политичар пред две години беше осуден […]

Немаат шанси да добијат азил, а, сепак, доаѓаат во Германија: Зошто?


Голем број граѓани на земјите од Западен Балкан, односно Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија и Србија, редовно, дури и неколкупати по ред, бараат политички азил во Германија, иако е речиси невозможно тие барања позитивно да се решат.  „Кога ќе видат некои од презимињата, работниците во берлинскиот прифатен центар за бегалци веќе знаат што […]

Израелскиот министер за стратешки прашања: Нема да има израелска окупација на Појасот Газа


Израел нема да го окупира Појасот Газа, изјави израелскиот министер за стратешки прашања, Рон Дермер, во интервју за американската телевизија МСНБЦ, пренесе БТА. Тој нагласи дека Израел се повлекол од Појасот Газа пред 17 години. Дермер истакна дека „штом Хамас веќе нема да е на власт таму и по уништувањето на неговата инфраструктура, Израел ќе […]

Познати првите учесници во плејофот од Лигата на шампионите 2023/24


Екипите на Манчестер сити и на Лајпциг се првите со обезбедено учество плејофот од фудбалската Лига на шампионите за сезоната 2023/24. Во синоќешните натпревари од 4. коло, Манчестер сити на домашен терен го победи Јанг Бојс со 3:0, додека Лајпциг во Белград со 2:1 ја порази Црвена ѕвезда.   По четири кола, Сити има 12, […]

Стотици американски Евреи ја „зазедоа“ Статуата на слободата – бараат прекин на огнот во Газа


Неколку стотици американски Евреи се собраа пред Статуата на слободата во Њујорк повикувајќи на прекин на огнот и крај на „геноцидното бомбардирање“ на цивилите во Газа. Облечени во црни маици со пароли „Евреите бараат прекин на огнот“ и „Не во наше име“, демонстрантите развија транспаренти на кои пишуваше „Целиот свет гледа“ и „Палестинците треба да […]

Синдикатот на пристанишните работници во Барселона одбива утовар и истовар на каква било воена опрема


Синдикатот на пристанишните работници од Барселона одби да товари и истовари каква било воена опрема во време на војната во Појасот Газа и повика на заштита на цивилите во конфликтните области, а минатата недела на сличен потег се решија и белгиските транспортни синдикати. Одлуката на Синдикатот е во голема мера симболична и ги охрабрува другите […]

Репортери без граници најавија сателитски пренос на независни ТВ вести во Русија


Меѓународната организација „Репортери без граници“ (РСФ) соопшти дека „во следните недели“ ќе почне сателитско емитување на независни ТВ вести во Русија во борбата против тамошната пропаганда. Под името „Свобода“ (Слобода), тие ТВ информативни емисии на руски јазик ќе ги емитува операторот „Еутелсат“ со кој РСФ има потпишано договор, се вели во соопштението за медиумите на […]

Илјадници Шпанци демонстрираа против амнестијата за сепаратистите


Неколку илјади Шпанци демонстрираа пред седиштето на шпанската Социјалистичка партија (ПСОЕ) во Мадрид против предложената амнестија за каталонските сепаратисти. Некои од демонстрантите синоќа фрлаа камења и други предмети кон полицијата, некои оддадоа нацистички поздрав и вееја знамиња на диктатурата Франко, како што е прикажано на телевизиските снимки, јави ДПА. Полицијата употреби солзавец и палки против […]

Зеленски: Украина ќе биде дел од Европската унија


Украина „ќе биде дел од Европската унија“, изјави нејзиниот претседател Володимир Зеленски пред објавувањето на извештајот за напредокот на Украина, која има статус на кандидат за прием во членство во Унијата. -Утре е важен ден, кажа тој синоќа во своето редовно обраќање со некаква порака до сонародниците, оценувајќи го за „историски“ извештајот што денеска ќе […]

Битолскиот театар гостува на Фестивал на актерот во Никшиќ


Ансамблот на НУ Народен театар-Битола вечер ќе настапи на меѓународниот Фестивал на актерот кој се одржува во црногорскиот град Никшиќ. Во претставата „Брод за кукли“ настапуваат актерките и актерите Сандра Грибовска Илиевска, Викторија Степановска Јанкуловска, Илина Чоревска, Катерина Аневска Дранговска, Валентина Грамосли, Петар Спировски, Мартин Мирчевски, Никола Пројчевски, Марјан Георгиевски, Филип Мирчевски, Живко Борисовски, Огнен […]

Бајден побара од Нетанјаху привремен прекин на операциите во Газа


Американскиот претседател Џо Бајден побара од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху привремена пауза во воените операции на Израел во Појасот Газа, соопшти Белата куќа. Портпаролот на Белата куќа кажа дека американскиот претседател и израелскиот премиер во понеделникот разговарале за „тактички паузи“ во израелската офанзива врз Газа поради хуманитарни причини и можното ослободување на заложниците. Би-Би-Си наведува […]