Познати првите учесници во плејофот од Лигата на шампионите 2023/24


Екипите на Манчестер сити и на Лајпциг се првите со обезбедено учество плејофот од фудбалската Лига на шампионите за сезоната 2023/24.

Во синоќешните натпревари од 4. коло, Манчестер сити на домашен терен го победи Јанг Бојс со 3:0, додека Лајпциг во Белград со 2:1 ја порази Црвена ѕвезда.  

По четири кола, Сити има 12, Лајпциг 9 бода во групата Г, додека по еден бод имаа Црвена ѕвезда и Јанг Бојс.

Минатата сезона Манчестер сити за прв пат во историјата ја освои Лигата на шампионите.