Повеќето производи остануваат со пет отсто ДДВ, вели министерот Бектеши


Министерот за економија Крешник бектеши денеска повтори дека производите наведени во Одлуката за „гарантирана цена“ нема да бидат опфатени со предвиденото зголемување на данокот на додадена вредност (ДДВ). Доколку има какви било технички грешки, рече Бектеши, ќе се корегираат. Тој уште еднаш потсети дека листата на производи со зголемен ДДВ е предлог на Министерството за […]

Луксуз и историја: Домот во кој Медлин Олбрајт живееше 50 години се продава за 4 милиони долари


Вашингтон- Есента е волшебна сезона во Вашингтон: изобилува црвено и портокалово зеленило, а готската архитектура на областа обезбедува врвен историски амбиент. Можеби таа магична атмосфера е причината зошто Медлин Олбрајт остана во нејзиниот кварт толку долго по нејзиниот мандат како државен секретар. Волстрит журнал објави дека долгогодишниот дом на починатиот дипломат, живеалиште покриено со бршлен […]

ИФИМЕС: Историјата се повторува во Косово


Се одржаа бројни мултилатерални состаноци за да се разговара за ситуацијата со Косово. Неодамна во Гранада се одржа Самитот на Европската политичка заедница. Косово беше во фокусот, иако само декларативно, бидејќи не беа преземени суштински чекори за надминување на постоечката криза и за намалување на тензиите. Претстојниот Самит на Берлинскиот процес во Тирана веројатно нема […]

За прв пат, научниците ѕирнаа во внатрешноста на капсулата со примероци од астероидот Бену


Избрана група научници ја отворија капсулта со примероци од астероидот Бену, која пристигна на Земјата пред нешто повеќе од две недели, а моментално се анализира во специјална лабораторија во Тексас. „Потврдивме дека примероците доаѓаат од астероид“, рече д-р Ешли Кинг за Би-би-си. Тридневната анализа на експерт од Музејот за наутрална историја (NHM) и уште пет […]

Тимоти Шаламе и Скорсезе: Ѕвезден двоец за рекламата на парфемот „Шанел Блу“


Њујорк – Тимоти Шаламе неодамна снимаше за некои претстојни проекти на улиците на Њујорк и е на насловните страници каде и да оди – најмногу поради снимањето на рекламата со познатиот режисер Мартин Скорсезе за парфемот „Шанел Блу“. Двојката е видена како снима заедно во Њујорк, а една посебна фотографија од нив двајца во метрото […]

Македонско-австриски бизнис форум во Скопје, потенцијал за нови инвестиции во енергетскиот сектор


Вкупните инвестициите од Австрија во државава надминале милијарда евра, во првата половина од годинава трговската размена бележи раст од 14, 58 проценти, но постои простор за уште поголема соработка бидејќи е евидентиран негативен биланс од 49,4 милиони долари.  Австриски и домашни бизнисмени денеска на бизнис форум во Скопје ги разгледуваат можностите за нови инвестиции и […]

На петтиот конкурс за наградата „Пегаз“ пристигнаа 36 ракописи


На петтиот конкурс за наградата „Пегаз“, за најдобар необјавен роман на годината, што го организираат издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, пристигнаа 36 ракописи. Конкурсот беше отворен во мај и траеше до 30 септември 2023 година. Во периодот што следува, пристигнатите ракописи ќе ги оценува тричлена […]

Експерти на ОН: Израелските напади врз Газа станаа колективна казна


Група независни експерти на Обединетите нации го осудија насилството врз цивилите во Израел и велат дека одмаздата против Газа се претворила во „колективна казна“. Осудувајќи ги „грозоморните злосторства извршени од Хамас“, групата рече дека Израел прибегнал кон „неселективни воени напади против веќе исцрпениот палестински народ во Газа“. „Тие живеат под нелегална блокада веќе 16 години […]

Салвини: Италија мора да се врати на нуклеарна енергија


Италија мора повторно да се сврти кон нуклеарна енергија и да изгради нова нуклеарна централа до 2032 година, изјави италијанскиот министер за инфраструктура Матео Салвини. Лидерот на Лига, членка на владејачката коалиција, исто така предложи локација, сугерирајќи дека новата нуклеарна централа треба да биде изградена во Милано. И водечката партија во коалицијата на премиерката Џорџа […]

ОН: 650.000 луѓе во Газа се соочуваат со страшен недостиг на вода


Израелското бомбардирање на Газа срамни 1.000 домови од саботата и многумина на територијата се соочуваат со страшен недостиг на вода, гориво и медицински материјали, соопшти хуманитарната канцеларија на ОН. Уште 560 станбени единици се сериозно оштетени и се непогодни за живеење, а најмалку 12.600 домови претрпеа штета поради израелските воздушни напади, пренесува Ал Џезира повикувајќи […]

ДУИ: Да се истражи доделувањето на 16 милиони евра од општина Чаир на едно лице


Демократската унија за интеграција со загриженост ги следи медиумските известувања за флагрантна злоупотреба на јавните набавки во општина Чаир. Се известува дека од 2020 до 2023 година – општина Чаир издвоила 16 милиони евра за тендери за две фирми “Бауер БГ ДОО“ и “ЕнергоИнвест Трејд“, кои имаат ист сопственик, Гордана Димитрова. Според информациите, општина Чаир […]

Болниците во Газа би можеле да останат без струја за неколку часа


Болниците во Газа за неколку часа би можело да останат без струја, предупреди Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК). Тие претходно предупредија за болниците кои остануваат без гориво за нивните генератори на електрична енергија во Газа. Регионалниот директор на МКЦК за Блискиот Исток, Фабрицио Карбони изјави дека, колку што разбрале, сè уште има гориво за […]

Ги градиме вашите соништа, сега и на нова локација!


Мега Акустик започнува со работа и изградба на својот нов проект – Треска. Проектот е со енергетска ефикасност од А-категорија, со перформанси и продукти со премиум квалитет и на една од најатрактивните локации во Скопје. По новиот комплекс 4 степени и станбено-деловниот комплекс во н. Аеродром – Urban Garden, Мега Акустик продолжува со изградба на […]

Лавров: Создадете палестинска држава


Русија се надева дека по завршувањето на горливата фаза на конфликтот, сите сериозно ќе ја сфатат обврската да ја исполнат одлуката на ОН за создавање палестинска држава. Ова го изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на состанокот на министрите за надворешни работи на Комонвелтот на независни држави во Бишкек. „Многу се надеваме дека штом […]

(Во живо) Изјави во Стопанска комора со министерот Бектеши


Стопанската комора на Северна Македонија и Трговското одделение при австриската Амбасада во Скопје ќе одржат бизнис средби и презентација на австриски компании, со цел развивање на деловните односи меѓу компаниите од двете земји. 

Пивото ќе поскапи и ќе биде со сè полош квалитет?


Новото истражување покажа дека квалитетот на пивото се влошува и дека пивото во баровите ќе биде поскапо поради климатските промени. Експертите сметаат дека може да се очекува раст на цените на пивото на европскиот континент во наредните години поради падот на приносот на хмељ. Напоменаа дека сушите директно ќе се одразат на квантитетот и квалитетот […]

Годинава издадени лиценци на вкупно 686 централи доволни за домаќинствата од 18 градови од државата


Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ) информира дека од јануари 2022 година заклучно со 30 септември 2023 година, издаде лиценци на вкупно 686 централи со вкупна инсталирана моќност од скоро 503 МW, што е доволен капацитет да се обезбедат потребите за електрична енергија на домаќинствата од 18 градови од […]

Почна фестивалот „Виноскоп“


Со настапи на Стефан Петановски, Пајак, Оффчестра, Брас Брадрс и Фолтин вчера беше отворен фестивалот „ВиноСкоп“ кој веќе тринаесет години по ред ја промовира македонската винска култура. Со учество на над 40 винарии и гурмански катчиња, фестивалот продолжува до сабота, а денеска концертни настапи ќе имаат Баклава, Нино Величковски, Сале Певац, Дани Димитровска и Куку […]

Пензионерите од Тетово го блокираа влезот во градот, бараат повисоки пензии


Тетовските пензионери го блокираа влезот во градот со цел јавно да ги изразат барањата за повисоки пензии. Тие од 9 часот утринава се собраа на крстосницата на булеварите „Маршал Тито“ и „Видое Смилевски-Бато“ и го блокираа сообраќајот повеќе од половина час. Тие носеа и транспаренти на кои беа испишани барањата за минимална пензија од 20 […]