Во Неготино ќе се мери аерозагаденост преку присуство на различни видови лишаи


Во Неготино ќе се мери аерозагаденост преку присуство на различни видови лишаи, станува збор за проектот „Пустиња на смогот“, со кој на иновативен начин ќе се води битка со загаденоста на воздухот, информираа денеска за МИА, од Здружението на граѓани „Ековита“. Оттаму нагласија дека ќе се детектираат лишаи на одредени места во Вардарски плански регион […]

„ТУИ Ервејс“ не планира за наредната година да ги обнови сезонските летови од Лондон за Охрид


Авиокомпанијата „ТУИ Ервејс“ со седиште во Велика Британија не планира да ги обнови сезонските летови меѓу Лондон „Гетвик“ и Охрид наредното лето. Истовремено од авиокомпанијата е соопштено дека планира да ги обнови летовите меѓу Манчестер и Охрид, што исто така започна оваа година, и тоа со зголемена фреквенција од еден на два летови седмично. „ТУИ […]

Во САД падна џекпот од 1,73 милијарди долари


Американец од Калифорнија го освои вториот најголем џекпот во историјата на американската лотарија „Пауербол“ (Powerball), освојувајќи 1,73 милијарди долари. Добитничките броеви се 22, 24, 40, 52, 64 и „Пауербол“ бројот 10. Џекпотот може да се исплати на рати во период од 30 години, но повеќето Американци ја бираат втората опција – исплата во готово веднаш, […]

Во Кривичен продолжи судењето за Ласкарци


Со испитување на вештакот Љупчо Постолов, дел од тимот што го изготви сообраќајното супервештачење, во Основниот кривичен суд – Скопје денеска продолжи судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци, во која загинаа 16 лица и околу 30 беа повредени. Постолов денеска ќе биде испитуван од адвокатот Љупчо Мицевски, бранител на шестообвинетиот – возачот на автобусот. Покрај […]

Загина македонски државјанин на автопат во Хрватска, уште еден е повреден


Македонски државјанин загинал во тешка сообраќајна несреќа на автопатот А3 во Хрватска, а уште еден е тешко повреден, пишуваат хрватските медиуми. Според тамошната полиција, починатиот (51) бил на совозачкото место во автомобил со италијански регистарски таблички. Како што пренесува „24 сата“, сообраќајката се случила во текот на вчерашниот ден околу 19 часот и 10 минути. […]

Хороскопски знаци кои ги осудуваат другите: Додека они „изиграваат цвеќе“, на сите други им ги замеруваат и најмалите ситници


Од сите хороскопски знаци, 3 се издвојуваат како оние кои најмногу ги осудуваат другите и се воздигнуваат себеси. Сите знаеме по една личност која коментира за се и има проценка за се, а во исто време се воздигнува себеси, речиси како да е „експерт за цел живот“. За жал, факт е дека некои луѓе едноставно […]

Штрајкот на М-НАВ е одложен – авионите и денеска ќе летаат


Владата соопшти дека е постигната согласност да се работи на отворените прашања од страна на Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ) со што е овозможено авионскиот сообраќај да се одвива редовно. Според Владата, согласноста е постигната на состанокот одржан во Министерството за транспорт и врски, со претставници од Синдикатот на М-НАВ (ССКЛ) и менаџментот […]

Европа старее. Следната година ќе има повеќе луѓе над 65 години отколку под 15 години


Вo 2024 година во Европа ќе има повеќе луѓе на возраст над 65 години отколку на возраст под 15 години, предупреди Светската здравствена организација (СЗО), повикувајќи на подобрени мерки за поздрава возраст. „Следната година, популацијата на луѓе над 65 години се проценува дека ќе ги надмине оние под 15 години во европскиот регион на СЗО“, […]

Иранскиот претседател разговараше со саудискиот принц за „единството на исламскиот свет“


Иранскиот претседател Ебрахим Раиси телефонски разговарал со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман што е прв директен контакт на двајцата лидери од зближувањето на земјите на почетокот на годинава, јавија иранските државни медиуми. Двајцата лидери разговараа за ситуацијата на Блискиот Исток, јави државната новинска агенција ИРНА. Според Иран, во разговорите било нагласено „единството на исламскиот свет“. […]

Путин пристигна во Киргистан


Рускиот претседател Владимир Путин денеска пристигна во посета на Киргистан, што е негово прво познато патување во странство откако Меѓународниот кривичен суд издаде налог за негово апсење. Путин ретко ја напушта Русија од почетокот на инвазијата на Украина кон крајот на февруари 2022 година и не е познато дека патувал надвор од земјата откако Судот […]

Куса историја на Газа – 75 години страдања


  Малото парче земја заглавено меѓу Израел, Египет и Средоземното Море, Појасот Газа беше воена и политичка точка за судир во поголемиот дел од својата историја. Само во изминатите 100 години античкиот град Газа и неговата околина беа управувани од Отоманската империја, Велика Британија, Египет и Израел. Дом на околу 2 милиони Палестинци, многу од […]

Бранко Азески: Законот за данок за солидарност го обедини бизнисот


  На 4 октомври истече рокот за поднесување на образецот ДБ-ДС, односно на даночниот биланс за данок за солидарност. На 25 октомври е последниот рок за плаќање на оваа даночна обврска. Што се случува во меѓувреме? Дали сѐ уште се работи на иницијативата за оспорување на Законот за солидарен данок? Азески: Да, Комората продолжува активно […]

ОН: Над 338.000 лица принудени да ги напуштат домовите во Газа


 Повеќе од 338.000 лица се принудени да ги напуштат своите домови во Појасот Газа, што е под опсада и гранатирање на израелската армија, соопшти Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања,  цитирана од француските медиуми. Бројот на раселени лица во оваа густо населена област до синоќа се зголеми за уште 75.000 луѓе, достигнувајќи […]

Одбележани 50 години творештво на писателот Јован Дамјановски


Во организација на литературниот клуб „Кирил Пејчиновиќ“ од Тетово вчера се одржа книжевна вечер со цел да се одбележат 50 години творештво на писателот Јован Дамјановски. Писателот е роден 1946 година, а во современата македонска литература се вклучува како романсиер и драмски автор. Има напишано 18 романи, две книги со раскази, книга со драмски текстови […]

Шокирaчкиот терористички напад на Хамас: Почеток на крајот за Нетанјаху?


  Владата на Бенјамин Нетанјаху го подели Израел со неговите контроверзни судски реформи, но тој сега претседава со земја која е обединета во своето барање за дефинитивна одмазда против Хамас.  Оваа ненадејна промена во политиката произлегува директно од колективната траума предизвикана на израелското општество од крвавиот и невиден ненадеен напад на Хамас во саботата, во […]

Блинкен заминува за Тел Авив со јасна порака од Бајден – САД му даваат поддршка на Израел


Зборувајќи со новинарите пред да се качи на авион во базата Ендрјус, американскиот државен секретар Антони Блинкен кажа дека заминува за Израел со „многу едноставна и јасна порака во име на претседателот на САД и во име на американскиот народ“, а тоа е дека САД даваат поддршка за Израел. Тој соопшти дека ќе се сретне […]

Во судирот меѓу Хамас и Израел досега загинаа речиси 2.500 луѓе


Израелските одбранбени сили соопштија дека најмалку 1.200 Израелци биле убиени во нападите на палестинската милитантна група Хамас врз Израел. Покрај тоа, повеќе од 2.700 луѓе биле повредени. Од друга страна, палестинското Министерство за здравство соопшти дека бројот на загинати Палестинци во офанзивата на израелските сили на Појасот Газа е зголемен на 1.200, додека околу 5.600 […]

Трамп: Нетанјаху не бил подготвен за нападот на Хамас врз Израел


Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го критикуваше премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, велејќи дека не бил подготвен за напад на палестинската милитантна група Хамас. -Не беше подготвен. Израел не беше подготвен. А под Трамп не би морале ниту да бидат подготвени, изјави Трамп за Фокс њуз, пренесуваат британските медиуми. Обраќајќи им се на приврзаниците на […]

Комисијата за финансирање ќе ги разгледува ревизорските извештаи за работата на Клиниката за онкологија


Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе расправа за ревизорските извештаи за 2021 година на Клиниката за онкологија. Единствена точка на дневен ред на оваа седница на Комисијата се конечни извештаи на Овластениот државен ревизор за извршена ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност за 2021 година во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија […]