Русија уништила 300 илјади тони жито откако се повлече од договорот, тврди Киев


Русија погоди шест цивилни бродови, 150 пристанишни и житни објекти и уништи повеќе од 300 илјади тони жито откако во јули се повлече од договорот за безбеден извоз на украинска храна преку Црното Море, соопшти денеска украинската влада, пренесоа британските медиуми. Дваесет и еден брод веќе биле натоварени со жито за извоз и го користат […]

ОН изразија загриженост за цивилите во Појасот Газа


Обединетите нации изразуваат длабока загриженост за сите цивили во Појасот Газа, откако Израел му нареди на целото население да го напушти северот, поради тековните воздушни напади и продлабочената хуманитарна криза. Портпаролот на ОН Стефан Дијарик рече дека се очекува околу 1,1 милион луѓе да го напуштат северниот дел на Газа, додавајќи дека истата наредба се […]

Осуммина обвинети признаа вина за предметот под кодно име „Багер“


На првото одржано рочиште за предметот под кодно име „Багер“ осуммина обвинети кои извршувале недозволено истражување и ископување на движни добра под привремена заштита, односно културно наследство, ​ги признаа делата за кои Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во јуни годинава поднесе Обвинителен акт, соопштија попладнево од Јавното обвинителство на Република […]

МЗШВ: Рокот за аплицирање за ИПАРД 3 програмата продолжен до 30 октомври


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информира дека до 30 октомври 2023 година се продолжува рокот за аплицирање на првиот јавен повик од новата ИПАРД 3 програма за мерките 1 и 7. Како што информираат оттаму, продолжувањето на рокот доаѓа по барање на заинтересираните апликанти за аплицирање за мерка 1 и  мерка 7. Спроведувањето на […]

Со „мерцедес“ усмртил дете на „Пластичарска“ и побегнал


Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 21-годишен скопјанец кој вчера попладне удри десетгодишно дете на булеварот „Никола Карев“, познат како „Пластичарска“ и побегна од местото на несреќата. Како што информираат од Обвинителството, возачот е осомничен за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и за „неукажување помош на лице повредено во […]

На лет за Цирих во куфер пронајден пиштол


На Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, вчера во 18.00 часот од оператор на обезбедување при ТАВ Македонија било пријавено дека при рентген контрола на багаж на летот за Цирих, Швајцарија, во еден куфер бил пронајден пиштол. Полициски службеници, во придружба на рентген операторот, информираа денеска од МВР, извршиле увид и во куферот на И.М.(76) од […]

Можно е вештачење за „Онкологија“ да се врши во една од соседните земји, вели Јовески


Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески вечерва соопшти дека е можно во некоја од соседните земји да има вештачење за случајот „Онкологија“. Тој потврди дека соработката со Косово и Албанија е се уште во рамки на размена на информации, но што ќе покаже таа соработка, засега е отворено прашање. Според Јовески, неблагодарно е да се прогнозира […]

Шест малолетници пријавени во полиција во Кавадарци за злоупотреба на фотографии од девојчиња


Шест малолетници од основно училиште од Кавадарци се пријавени во полиција, за злоупотреба на фотографии од малолетни девојчиња од истото училиште. Од СВР Велес информираа дека децата се повикани на разговор во полиција заедно со нивните родители. Додаде дека се работи на расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Лукашенко: Доаѓаат тешки времиња


 Земјите од Комонвелтот на независни држави се соочуваат со тешки времиња поради геополитичката ситуација, изјави белорускиот претседател Александар Лукашенко. Тој истакна дека Минск и Москва многу сериозно ја сфатиле ситуацијата во која се наоѓаат. -Од една страна, јасно е, постои голем брат (Русија) кој се обидува да ни помогне. Се разбира, и таа има свои […]

Хеликоптерот на МВР исфрли над десет тони вода врз пожарот во општина Македонски Брод


                                Денеска, Одделот за воздухопловни единици на МВР по добиено барање од Центарот за управување со кризи за гасење на пожар во близина на село Белица, општина Македонски Брод, го упати хеликоптерот Бел-212 и во координирано постапување со пожарникарите од […]

Ватикан нуди посредување за ослободување на заложниците и смирување на судирот во Газа


 Ватикан денеска понуди да посредува меѓу Израел и палестинските милитанти за ослободување на заложниците во Газа и да го олесни постигнувањето мир, но најави и дека „израелскиот одговор на нехуманиот напад на Хамас мора да ги почитува законите за пропорционалност“. Државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин, кажа дека Светата столица останува цврсто убедена дека […]

Усогласен текстот на меморандумот за економска соработка помеѓу Македонија и Република Кореја


Tекстот на меморандумот за соработка со кој ќе се постават темелите на идната економска соработка помеѓу Владата на Северна Македонија и Канцеларијата на претседателот на Република Кореја беше усогласен на денешната средба помеѓу заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, со […]

Крај на потрагата: Објектот KAREDO во Карпош спојува луксуз, удобност и достапност


Секој модерен професионалец се соочува со предизвик: наоѓање совршена рамнотежа помеѓу работата, локацијата, луксузот и удобноста. Потрагата по идеалниот спој на функционалност и раскош беше тешка битка, но само до сега. Ви го претставуваме KAREDO, решението за вашите аспирации. Луксузното живеење и бизнис работење изгледаше возможно само со компромис. Требаше да бирате – или да добиете близина и погодности […]

МБА предупредува за сомнителни СМС пораки за корисниците на платежни картички


Македонската банкарска асоцијација се приклучи на апелите за внимание околу актуелната кампања за smishing (SMS phishing) за корисниците на платежни картички. „Согласно искуството кое клиентите го пријавуваат, до нив стигнува СМС порака на македонски јазик од SMSinfo во врска со „погрешна адреса“ на пратка заедно со линк кој води до лажна веб страница наменета за […]

Јовески: Да не се користат случаите како „Онкологија“, „Ласкарци“ и „Беса транс“ за собирање политички поени


Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески денеска, од собраниската Комисија за финансирање и буџет, апелира пратениците да не ги користат „Онкологија“, „Ласкарци“ и „Беса транс“ за добивање политички поени зашто ваквите случаи, како што напомена, се тешки и никој не треба да си игра со чувствата на граѓаните. Според Јовески, мора да се разграничи дека Јавното […]

Признаа вина за криминал со културни артефакти, повеќето добија ефективни казни затвор


  Осуммина обвинети кои се занимавале со криминални постапки поврзани со културни артефакти и ги изнесувале во странство денеска признаа вина, но повеќето од нив добија ефективни затворски казни. Кодното име на овој случај е „Багер“, а обвинителството за организиран криминал ги соопшти исходите од денешното прво рочиште. „Сите обвинети сториле кривично дело Злосторничко здружување, […]

(Видео) Пристигнаа евакуираните македонски граѓани од Израел


Македонските државјани кои беа евакуирани од Израел пристигнаа денеска со бесплатен авионски превоз на Меѓународниот аеродром во Скопје. Авионскиот превоз со чартер лет, на релација Тел Авив – Скопје, беше организиран согласно одлуката донесена од страна на Владата, заради евакуација на сите државјани на Република Северна Македонија кои сакаа да го напуштат Израел и кои […]

Нефункционалноста на стручно тело причина децата со попреченост од Тетовско да не добиваат државна парична помош


Голем број семејства од Тетовско со месеци не можат да добијат термин во стручно тело кое дава наод за попреченост кај деца, по што се лишени од основата да остварат право за добивање надоместок. Станува збор за износи како посебен додаток за деца до 26 години со попреченост од само 7000 денари месечно. – Моето […]

Утре изложба на нерасни кучиња и журка во Градски парк


Утре, сабота, од 11 до 15 часот ќе се организира изложба на нерасни кучиња  пред Школка во Градски парк. Изложбата е по повод светскиот ден на животните и третиот роденден на ЈП Лајка и е во организација на ЈП Лајка со поддршка од Град Скопје и фирмите кои секојдневно се вклучени во работата на ова […]

Учениците од Гази Баба без мобилни телефони на настава


Наставата без мобилни телефони ќе придонесе да се зголеми квалитетот на образовниот процес. За таа цел од денес во сите општински основни училишта на територија на општина Гази Баба се воспоставува настава без мобилни телефони, порача денеска градоначалникот Бобан Стефковски Како што рече, сите основни училишта извршија набавка на специјално изработени џебови кои се поставени […]