Шест малолетници пријавени во полиција во Кавадарци за злоупотреба на фотографии од девојчиња


Шест малолетници од основно училиште од Кавадарци се пријавени во полиција, за злоупотреба на фотографии од малолетни девојчиња од истото училиште.

Од СВР Велес информираа дека децата се повикани на разговор во полиција заедно со нивните родители.

Додаде дека се работи на расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.