На „Октоберфест“ годинава вкупно 7,2 милиони посетители


Германскиот Фестивал на пивото во Минхен, „Октоберфест“ годинава го посетиле рекордни 7,2 милиони луѓе. Настанот траеше од 16 септември до вчера, 3 октомври. Ова е само третпат во историјата, по 1984. и 1985 година, овој настан да биде посетен од повеќе од седум милиони луѓе, пишува „Бајеришер рундфунк“ (Bayerischer Rundfunk). Собирот годинава траеше 18 дена […]

„Букстар 2023“: Покрај новата Агата Кристи- и Херкул Поаро во Скопје


Со големо внимание следбениците на Фестивалот BookStar ја следат програмата на годинашното издание, а особена возбуда носи вечерашниот настан, односно ексклузивната средба со Софи Хана – наречена „новата Агата Кристи“, бидејќи во 40 години е единствената авторка која беше одбрана од страна на нејзините наследници и семејство да пишува романи-продолженија со Херкул Поаро. Но, освен појавата на Софи Хана,  најавено е гостување и на Херкул […]

На Самитот за вештачка интелигенција во Скопје претставени нови технологии за подобра иднина


  Викендов во Скопје се одржа „Ai Tech Summit“ – прв настан од ваков вид, каде свое излагање имаа повеќе од 20 говорници од целиот свет, реномирани експерти во оваа индустрија, кои ги споделија своите искуства и достигнувања во полето на вештачката интелегенција (ВИ). На самитот имаше говорници од водечките светски комании како Microsoft, Google, […]

Агелер за амнестијата: Важно е ваквите процеси да бидат транспарентни и легални


Американската амбасадорка Анџела Агелер во врска со предложенииот закон за амнестија денеска изјави дека за САД и Американската амбасада е важно ваквите процеси да се одвиваат транспарентно и да бидат легални. Таа одговарајќи на новинарско прашање при посетата на селото Радово по повод пуштање во употреба на предучилишен едукативен центар во Босилево, преку програма на […]

Разговорите во роаминг со земјите од ЕУ поевтини за 30 отсто, од 2028 година ќе се изедначат со домашните


Македонските граѓани кои патуваат во земјите на Европската унија од 1 овој месец за роаминг плаќаат 30 отсто помалку како резултат на договореното намалување на трошоците за роаминг.  „Од 1 октомври стапи во сила договорот помеѓу операторите на Европската унија и операторите од Западен Балкан за намалување на цените на роаминг-податоците во склоп на процесите […]

Бавенди, Брус и Екимов добитници на Нобеловата награда за хемија


Кралската шведска академија на науките одлучи да ја додели Нобеловата награда за хемија за 2023 година на Мунги Г. Бавенди, Луис Е. Брус и Алексеј И. Екимов „за откривање и синтеза на квантни точки“. Нобеловата награда за хемија за 2023 година го наградува откривањето и развојот на квантни точки, наночестички толку мали што нивната големина […]

Пратениците на ЕУ го поддржаа Вопке Хоекстра за висока позиција во ЕУ за климата


Брисел – Пратениците на ЕУ ја поддржаа кандидатурата на поранешниот холандски министер за надворешни работи, Вопке Хоекстра, за висока позиција во ЕУ за климата, и покрај загриженоста за неговите минати врски со нафтената индустрија. Европратениците од Комитетот за животна средина, исто така, му дадоа зелено светло на словачкиот комесар Марош Шефчович да го надгледува амбициозниот климатски […]

(Видео) Доделување на Нобеловата награда за хемија


Денеска ќе бидат објавени лауреатите на Нобеловата награда за хемија.  Еве неколку занимливости во врска со Нобеловата награда за хемија: – Од 1901 година до денес се доделени 114 Нобелови награди за хемија. – 25 награди за хемија поделија двајца лауреати. – Наградата за хемија досега ја добиле 8 жени. – На Фредерик Сангер и […]

Мишел: Украина може да се приклучи во ЕУ во 2030 година


Брисел – Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел изјави дека Украина би можела да се приклучи на Европската унија во 2030 година „доколку двете страни си ја завршат домашната задача“. „Украина и другите земји кандидати мора да спроведат реформи, да се борат против корупцијата и да ги исполнат законските барања. Ние во ЕУ треба да […]

И за игрите на среќа ќе се расправа со европско знаменце, чии интереси стојат зад овој закон?


Асоцијација на приредувачи на игри на среќа во автомат клубови и казина – АПИС испрати предупредување до пратениците  дека од нивниот глас зависи судбината на 10 илјади семејства кои се вработени во оваа економска гранка, со очекување ова прашање денес да се вметне во дневниот ред на Комисијата за европски прашања бидејќи некому му се […]

Костадиновска-Стојчевска: Драмски со фестивалот „Рута“ е уште еден мост за поврзување на регионот


Со домашна премиера, претстава на скопскиот Драмски театар, синоќа, почна второто издание на регионалниот Театарски фестивал „Рута“ во земјава. „Фирма“ по текст на реномираниот германски автор Роланд Шимелфенинг и во режија на Нела Витошевиќ, е првата претстава на фестивалот кој го поврзува театарскиот живот на регионот. На отворањето на неколкудневниот тетарски празник во Скопје, министерката […]

Волстрит: Индексите на најниско ниво од јуни


  Цените на акциите остро паднаа на Волстрит, спуштајќи се на најниското ниво од почетокот на јуни, бидејќи новите економски податоци ги поттикнаа стравувањата дека ФЕД повторно ќе ги зголеми каматните стапки до крајот на годината. Дау Џонс (Dow Jones) се лизна за 1,29 отсто, на 33.002 поени, додека СиП 500( S&P 500) потона за […]

Осум и пол години затвор за руската новинарка која на ТВ се спротивстави на нападот на Украина


Москва – Руската новинарка Марина Овсјаникова, која на државната телевизија се спротистави  на офанзивата врз Украина на државната телевизија, денеска е осудена во отсуство на осум и пол години затвор поради критикување на армијата. Новинарката која побегна од Русија пред една година обвинета е за „ширење лажни информации“ за руските вооружени сили, а веќе беше осуден […]

Приведен и вториот осомничен за пожарот во Старата скопска чаршија, определен притвор


По преземени мерки и активности, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера го лишиле од слобода Б.А.(18) од скопското село Студеничани, кој беше баран по централен распис. Како што соопшти МВР, Б.А. се сомничи дека на 28 август 2023 околу 4:00 часот на улица „Градиште“ во Старата скопска чаршија со малолетник […]

Пилотите на Lufthansa и Austrian Airlines ќе се подготвуваат за лет со македонска апликација


Луфтханза групацијата во која спаѓаат авио превозниците Lufthansa, SWISS and Edelweiss Air, Austrian Airlines, Eurowings и други ќе ја користи македонската платформа Airport Briefing. Платфромата им помага на пилотите да се подготват за лет преку 3Д приказ на теренот каде треба да слетаат. Креатор на аплиакцијата е компанијата Synapsis Aviation чии основачи се Филип Арсов, […]

ЕУ ќе ги повлече парите за Битола – ако нема велопатеки, нема ни за објектот „Парк“


  БИТОЛА – Делегацијата на ЕУ во Скопје ќе го повлече проектот и помошта од 400 илјади евра за Општина Битола за проектот „Smart4You2“ доколку Советот на Општина Битола не најде начин да даде согласност на одлуката за кофинансирање на проектот. Едноставно кажано, ако не се изградат велопатеки нема да се реконструира ни објектот „Парк“. Мнозинството […]

ЕУ ќе има нов закон за медиуми, повеќе држави нема да бидат среќни


  Заменик-претседателката на Европската комисија, Вера Јоурова, има големи очекувања за првиот закон за медиуми на ЕУ, кој го помина клучното гласање во Европскиот парламент во вторникот. „Европскиот акт за слобода на медиумите ќе биде главен предупредувачки сигнал за земјите-членки“, рече таа за „Политико“ во интервјуто во Стразбур. Новата регулатива, која има за цел да […]

Франција ќе и испорача воена опрема на Ерменија


Шефицата на француската дипломатија Кетрин Колона синоќа во Ереван најави дека Париз ќе испорача воена опрема за Ерменија. – Франција се согласи да склучува идни договори со Ерменија, кои ќе овозможат испорака на воена опрема за Ерменија да може да ја обезбеди својата одбрана. Не можам да дадам многу детали. Ако треба да одам малку […]

Концерти на Сетстат и ПМГ Колектив Оркестар во Софија, Бугарија


Оваа среда, на 5 октомври во Софија, во 20 часот, во клубот Синглс, лоциран во Националната палата за култура, со концерт во живо ќе се претстават македонските бендови Сетстат и ПМГ Колектив Оркестар.  Концертите на Сетстат и ПМГ Колектив Оркестар се реализираат како дел од концертната серија на дводневниот музички настан организиран од Аларма Панк Џез од Софија во соработка со музичката програма „Христо […]

Милан Радоичиќ пуштен на слобода


Вишиот суд во Белград го одби предлогот на Вишото јавно обвинителство во Белград да му одреди притвор на поранешниот попретседател на партијата „Српска листа“, Милан Радоичиќ (45), кој е осомничен за сторени кривични дела со засега неколку непознати лица, оружје и експлозивни материи и тешки прекршоци против општата безбедност. Судот му изрече забрана на Радоичиќ […]