Каматите за хипотеките во САД се искачуваат на 7,49 отсто, што штети на продажбата на домови


  Каматните стапки на хипотекарните кредити во САД се искачија уште повисоко оваа недела, достигнувајќи 7,49 отсто и туркајќи ја сопственоста на станови подалеку од дофат на потенцијалните купувачи. Тоа е повеќе од 7,31 отсто претходната недела, според податоците од Фреди Мек (Freddie Mac) објавени во четвртокот. Пред една година, 30-годишната фиксна стапка беше 6,66 […]

Промоции на нови преводи „Даблинци“ од Џејмс Џојс  и„Среќа и други раскази“ од Кетрин Менсфилд на Филолошки факултет


Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ во Скопје и Издавачката куќа „Макавеј“ на 6 октомври 2023 г. (петок), во 12 часот, во Салата за седници на филолошкиот факултет организираат двепромоции на две збирки раскази во превод на македонски, реализирани во 2023 година од издавачот Макавеј. Се работи за познатата збирка раскази „Даблинци“ од Џејмс Џојс, […]

Османи на министерски состанок во рамки на Берлински процес во Тирана


Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе учествува на состанокот на министри за надворешни работи во рамките на Берлинскиот процес, чиј домаќин годинава е министерот за Европа и надворешни работи на Албанија, Игли Хасани. Како што соопшти МНР, на состанокот се очекува да се разговара за постигнувањата во рамките на Берлинскиот процес и влијанието […]

Штајнмаер и Бајден ќе имаат средба во Белата куќа


Вашингтон– Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денеска ќе престојува во посета на Вашингтон, каде ќе се сретне со американскиот претседател Џо Бајден, соопшти  Белата куќа. „Состанокот во американската престолнина треба да ја потврди „нашата блиска соработка како сојузници на НАТО во голем број важни прашања како што се одбраната на демократските вредности и нашата заедничка посветеност […]

Научен собир по повод 60 години од смртта на Ѓорѓи Абаџиев


Во амфитеатарот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков” во Скопје денеска ќе се одржи научен собир по повод 60 години од смртта на писателот Ѓорѓи Абаџиев. Поздравна реч ќе има проф. д-р Наташа Аврамовска, а за животот и делото ќе говорат  проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева, проф. д-р Валентина Миронска-Христовска и проф. д-р Гоце Смилевски. […]

Концерт на хрватската група „Бркови“ во МКЦ


Во Младинскиот културен центар (МКЦ) вечер во 21 часот ќе настапи хрватската група „Бркови” со свој целовечерен самостоен концерт. На концертот ќе биде промовиран нивниот нов албум „Krvava novčanica”, од кој ќе бидат изизведени неколку нови песни, а остатокот од репертоарот ќе го сочинат најзначајните песни од сите периоди на нивното постоење. -Шамсо 69 и […]

„Со љубов за Тоше“ – емотивен концерт во Крушево


Со наслов „Со љубов за Тоше“ на платото пред спомен-куќата „Тодор Проески“ на Гумење во Крушево синоќа се одржа концерт на кој 10-тина изведувачи од земјава и странство ги изведоа песните на Тоше Проески пред емотивната публика од повеќе краишта на Македонија и од соседните земји. Концертот се одржа по втор пат во организација на […]

Премиера на современиот балет „Сага“ во НОБ


Во Националната опера и балет вечерва во 20 часот ќе се одржи премиера на најновата балетска продукција „Сага“, во кореографија на Рисима Рисимкин. „Сага” (идентитети) е возбудливо патување низ ритамот на седмата осмина. Низ заедничка креација со Националниот балет, кореографката Рисима Рисимкин, на музиката на композиторот Тони Китановски, сценографијата на Матеа Мијановиќ и костимите на […]

Економски форум „Од криза до решенија: Станавме ли поотпорна економија денес?“


 Економски форум „Од криза до решенија: Станавме ли поотпорна економија денес?“ денеска ќе се одржи во Скопје во организација на Фајнанс Тинк. На форумот ќе бидат претставени резултатите од истражувањето за ефектите од кризата врз компаниите и општините и ќе се дискутира за можностите за справување со ваков тип на кризи во иднина, и плановите […]

Без електрична енергија делови од неколку скопски општини


Без електрична енергија денеска ќе останат делови од неклку скопски општини и населби. Како што информираат од Центарот за управување со кризи во период од 10 до 11 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од село Долно Лисиче, односно делот кон пругата и Драчево, оштина Аеродром и Кисела Вода. Во период од 09 […]

„Политико“: Самитoт во Гранада без резултати


Гранада – Неформалниот самит на европската политичка заедница во Гранада, Шпанија, заврши неуспешно вчера, бидејќи лидерите на речиси 50 земји и највисоките претставници на ЕУ не успеаја да постигнат значителен напредок кон решавање на конфликтите на прагот на Европа, пишува бриселскиот портал „Политико“. „Чувството на бесполезност“ на неформалниот самит кулминираше кога Шпанија како домаќин во […]

Променливо облачно со сончеви периоди и умерен, повремено засилен ветер од северен правец


Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во западните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 15, а максималната ќе достигне од 21 до 28 степени. Во Скопје променливо […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 6 октомври 2023 година, 279-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 96 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 36 минута, а ќе зајде во 18 часот и 8 минути. Денов трае 11 часа и 32 минути. Месечината која е во фаза на полна Месечина нема да изгрее […]

Груби: Кому му пречи парите од игрите на среќа да останат во Македонија?


Јас сум само прв потретседател на Владата кој го менува премиерот кога не е тука, а денот кога е донесена одлуката за три нови онлајн коцкарници сум претседавал со седницата на Владата и сум ја потпишал одлуката, како и многу други одлуки кога сум претседавал со владини седници. Тоа не значи дека е моја одлука, […]

Путин тврди дека Пригожин бил под дрога кога загина, иако не била направена обдукција


    Водачите на „Вагнер“, предводени од Евгениј Пригожин, кој загина во авионска несреќа во рускиот регион Твер на 23 август, можеле да бидат на авионот во состојба на интоксикација од дрога или алкохол, изјави рускиот претседател Владимир Путин. „За жал, не е извршено испитување за присуство на алкохол или дрога во крвта на жртвите, […]

Сирија: Повеќе од 100 мртви во напад на воена академија


  Повеќе од 100 луѓе се убиени во напад на воена академија во Сирија, изјавија воен набљудувач и официјален претставник, при што вооружени дронови го бомбардираа местото неколку минути откако сирискиот министер за одбрана ја напушти церемонијата на дипломирање таму. Тоа беше еден од најкрвавите напади досега против инсталација на сириската армија и без преседан […]

Ковачевски до Мицкоски: „Проблемите на државата се од гастроентерхепатолошка природа поради твоите блокади


Премиерот Димитар Ковачевски реагораше на прозивките од ВМРО-ДПМНЕ за некаква лидерска средба за избори порачувајќи дека  попарламентарните избори се дефинирани согласно закон, исто како што се дефинирани и претседателските. -Во однос на измените на Изборниот закон, и тоа добро го знае претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, во рамки на Министрството за правда работи работна група што ја […]

Чешање на дланката, зуење на ушите: Во ова Македонците веруваат и ден денес


Ова значи кога одреден дел од телото ве чеша или ви ѕвонат ушите Постојат многу популарни верувања за тоа што значи кога некој дел од вашето тело трне или чеша. Во старите времиња, луѓето поврзуваа многу секојдневни појави со гатање на иднината, а овие „теории“ сè уште се присутни. Дали знаевте што значи кога ќе […]

Повредениот Меси повикан во репрезентацијата


 Капитенот Лионел Меси се најде на списокот кој Аргентина го објави за двата претстојни натпревари од мундијалските квалификации во јужноамериканската зона, иако неговиот клуб Интер Мајами официјално го смета за повреден. Седумкратниот освојувач на Златната топка не настапи за Интер во вчерашниот пораз од Чикаго (1-4) поради болки. Враќајќи се од репрезентативните обврски во септември […]

Внуката на Елвис Присли е новиот амбасадор на „Шанел“


Париз– Рајли Киу, ѕвездата од популарната серија на Amazon Prime „Daisy Jones and the Six“ е назначена за нова амбасадорка на луксузниот француски бренд и ќе се појави во кампањата на француската модна куќа за пролет 2024 година, објави Шанел во четвртокот. Американската актерка, режисерка и продуцентка оваа недела беше гостинка на ревијата на креативната […]