Чешање на дланката, зуење на ушите: Во ова Македонците веруваат и ден денес


Ова значи кога одреден дел од телото ве чеша или ви ѕвонат ушите

Постојат многу популарни верувања за тоа што значи кога некој дел од вашето тело трне или чеша. Во старите времиња, луѓето поврзуваа многу секојдневни појави со гатање на иднината, а овие „теории“ сè уште се присутни.

Дали знаевте што значи кога ќе ве чеша горниот дел од главата или кога ќе ви „зуи“ увото или ќе ве чеша табанот?

Еве го одговорот!

Ако ве чеша:
Врвот на главата – предвидува добивка или машко дете

Задниот дел од вратот – личност ќе ви донесе подарок

Темето на главата од десна страна – ќе судите некого

Темето на главата од левата страна – ќе имате лудо време некаде

Чело – ќе слушнете лоши вести

Десно уво – ќе слушнете добри вести

Лево уво – некој ќе ви каже нешто лошо

Брада – ќе сретнете стар пријател

Десна дланка – ќе изгубите пари

Лева дланка – ќе добиете пари

Папок – ќе ве почести некој

Десно колено – ќе најдете богатство во куќата

Лево колено – ќе ви се случи нешто лошо

Десна пета – радост и добри вести

Лева пета – некој ќе ви приговори

Десен табан – ќе одите на патување

Лев табан – ве очекува големо богатство

Ако „зуи“:

Ако ви зуе десното уво – добра вест и голема радост

Ако ви зуе левото уво – лоша вест која ќе ви донесе тага.