Композиторот Љупчо Константинов добитник на наградата „11 Октомври“ за животно дело


Композиторот Љупчо Константинов е добитник на државната награда „11 Октомври“ за 2023 година.  Наградата, како што соопшти Министерството за култура, на Константинов му се доделува за животно дело во областа на културата и уметноста.  Со државната награда „11 Октомври“ се оддава највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и во другите […]

Што стои во Декларацијата од Гранада?


  Лидерите на ЕУ, и покрај заканите од вето од Унгарија и Полска заради несогласувањата околу миграцијата, попладнево ја усвоија Декларацијата од Гранада во која начелно се обврзаа на реформи во Унијата за да се примат нови членки. 27-те лидери на ЕУ усвоија изјава од Гранада  без планираниот дел за миграцијата кој е изоставен, а […]

И Светска банка констатира дека бавното носење закони во Собранието го забавува растот, вели Бесими


Министерот за финансии Фатмир Бесими вели дека внимателно се следат извештаите од меѓународните финансиски институции за состојбата во нашата економија и се прават проекции на буџетот за следната година со продолжување на финансиската консолидација и поддршка на растот. Коментирајќи го вчера објавениот Извештај на Светска банка во кој се прогнозира дека економскиот раст на државава […]

Бесими: Околу 1.600 производи остануваат на пет проценти ДДВ, околу 1.000 одат на 10 проценти


Пристапено е многу внимателно во однос на заштитата на стандардот при подготовката на Одлуката за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на ДДВ, што стапи во сила денеска. Нема никакви промени во однос на минималниот стандард и не ги опфаќа основните прехранбени производи од потрошувачката кошничка, оцени денеска министерот за финансии […]

Руската одбрана собори уште еден свој авион во Украина оваа недела


  Руската воздушна одбрана собори сопствен авион по петти пат од почетокот на војната во Украина, објавија во петокот провоените Z-канали. Воен авион во областа Мариупол беше уништен од „пријателски оган“ по втор пат за нешто повеќе од една недела. „Со оваа стапка на работа на нашата храбра воздушна одбрана, наскоро ќе останеме без авијација“, […]

Жени дипломати и носители на одлуки во Владата во промотивно-информативна тура низ Малешево 


На покана на министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова претставнички на дипломатскиот кор во нашата држава и претставнички на Владата на Република Северна Македонија денеска го посетија новопрогласеното заштитено подрачје Малешево.  Женската тура, стартуваше со посета на Едукативниот центар за зачувување на природата во село Негрево, кoj од стара училишна зграда со […]

Мицкоски се сретна со Гир, му зборувал за квалитетот на животот


  Амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир, денеска беше на средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, но според соопштението од партијата произлегува дека тие воопшто не разговарале за пристапувањето на Македонија во ЕУ и за уставните измени. Туку дека акцентот бил ставен на квалитетот на животот во Македонија, барем според она што го соопштија од […]

Министрите од регионот единствени: Шумите мора да се одржуваат и да се обновуваат


  Во рамки на првата министерска конференција за шумарство „Најдобри практики и иксуства во обновувањето на шумите“ што се одржа денеска во Скопје ја испрати пораката дека е неопходна регионална „зелена акција“ за заедничка заштита и обнова на шумите. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николвоски со своите колеги, министрите за земјоделство на Црна […]

Уапсен шефот на злогласниот „Балкански картел“ во Бразил


Во рамките на акцијата „Балкански картел“ во Бразил е уапсен државјанин на Србија со престој во Бразил. Тој важи за водач на голема меѓународна криминална банда која тргувала со кокаин меѓу Бразил и Европа, а покрај него во акцијата истовремено биле уапсени уште 15 лица. „Целтаната криминална група, позната по својата разработена мрежа од двете […]

Од 19 донори во Македонија досега, спасени 67 животи


Во рамки на одбележувањето на Европскиот ден на органодарителството, 7 октомври, денеска во „Европска куќа“ во Скопје беше означен почетокот на проектот „Поддршка на системот на трансплантација“, финансиран од Европската Унија. Преку симболично засадување на младо растение како синоним за нов живот кој треба да се негува, присутните оддадоа почит, како што беше кажано, на […]

Викендов, дефинитивно, ќе се делат учебници


Министерството за образование и наука информира дека учебниците за шесто одделение кои се веќе одобрени од Националната комисија за учебници и имаат добиено ЦИП запис, веќе се печатат и испорачуваат до училиштата. Задолжените за испорака се максимално одговорни и ангажирани, во договорот со училишните раководства ќе испорачуваат учебници и во текот на овој викенд, велат […]

Гранада: Проширувањето под закана од унгарското и полско вето за миграцијата


Неформалниот самит на Советот на ЕУ е блиску до завршување, а има  мал напредок за работите што треба да се направат за идното проширување. Според зборовите на еден дипломат, станува збор за „правење инвентар, за изготвување на списокот со прашања што треба да се постават пред декември“, кога ЕУ може да ги отвори официјалните преговори за […]

Таки Фити: Во овие три сфери земјата е соочена со многу сериозни проблеми


Академикот Таки Фити денеска на јавната расправа во собраниската Комисијата за економски прашања истакна дека треба да се направат големи напори во иновативноста, продуктивноста и конкурентноста за да може економијата да се развива побрзо и подинамично и да постигнуваме поквалитетни резултати. Тој на расправа на тема „Иновативна и конкурентна економија“ истакна дека иновативноста, продуктивноста и […]

Што се крие зад оставките на седум членови на Претседателството на ДПМ? 


Како гром од небо во писателската фела одекна веста дека седум членови на Претседателството на ДПМ поднесоа неотповикливи оставки. Без да ги потенцираат причините, тие му се заблагодаруваат на членството на ДПМ за укажаната доверба дадена на редовните избори што се одржаа во мај 2022 година, а на Друштвото на писателите на Македонија му посакуваат […]

Алиу: Законот за безбедност на мрежни информациски системи ќе обезбеди високо ниво на безбедност


Законот за безбедност на мрежни и информациски системи и дигитална трансформација ќе обезбеди високо ниво на безбедност на мрежните и информациските системи во земјата и исто градење и проширување на ИТ инфраструктурата, односно поефикасна и поефективна дигитална трансформација на нашата република, истакна министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, на денешната прес-конференција по Јавната […]

Вархеи: ЕК ќе донесе план за интеграција на Балканот на европскиот економски пазар


Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи, по состанокот на министрите за надворешни работи во рамки на Берлинскиот процес, што се одржа во Тирана, изјави дека ЕУ ќе продолжи да му помага на регионот на Западен Балкан и дека ЕК ќе донесе забрзан план за интеграција на Балканот на европскиот економски пазар. – Денеска разговаравме за Берлинскиот […]

Ацевски: Треба посоодветно и поквалитетно да се грижиме за управувањето со капиталните инвестиции


Секојдневно сме оптоварени со одредени информации кои упатуваат на несоодветно користење на јавните средства, каде што како последица на тоа доаѓаме до кратење на одредени буџетски средства за одредени капитални инвестиции. Се испоставува дека имаме потреба посоодветно и поквалитетно да се грижиме за управувањето со капиталните инвестиции, изјави денеска Главниот државен ревизор, Максим Ацевски. Тој […]

Османи се лизна на косовска „банана“


Шефот на дипломатијата и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи, се лизна од косовска „банана“. За првпат откако е на оваа позиција тој доби јавна лекција од премиерот Димитар Ковачевски околу изјавата дека, ако се докаже дека Србија е вмешана во нападот во Косово, Македонија треба да го преиспита учеството во иницијативата Отворен Балкан. Со ваквата […]

Битката кај Кленоец е патоказ за праведно и слободно општество, рече Пендаровски


  Претседателот Стево Пендаровски денеска беше на одбележувањето на 80-годишнината од битката кај кичевското село Кленоец (во 1943), која е еден од најзначајните моменти во Народноослободителната борба, во која иако партизаните беа поразени и разбиени претставуваше еден од пресвртните моменти за ослободувањето на земјата од фашистичкиот окупатор. Пендаровски се обрати пред присутните кај споменикот во […]

Ајварката на штипскиот пазар достигна 40 до 60 денари за килограм


Порасна цената на црвената пиперка за ајвар и корнишоните за 10 до 20 денари. Ајварската пиперка синоќа на градскиот пазар во Штип се продаваше по цена од 30 до 45 денари, а од утринава од 40 до 60 денари. Драган Ангелов, производител на црвена пиперка за ајвар и корнишони од село Зрновци вели дека причината […]