Отворање на изложба на фотографии на Ерина Богоева во МКЦ


 Изложбата на фотографии „Македонските архитектурални скулптури“ од Ерина Богоева вечер во 20 часот ќе биде отворена во Галерија 2 во Младинскиот културен центар.  По долги години истражување и фотографирање на архитектурата од втората половина на ХХ век во Скопје, во 2017 година, Ерина ја посветува својата последна изложба „Затемнетиот Град“ токму на таа тема, а […]

Липштад: Најсмртоносен напад врз Евреите по холокаустот


 Специјалната американска комесарка за антисемитизам, Дебора Липштад, како една од најпознатите истражувачи на холокаустот во светот, нападите на Хамас врз Израел ги оцени како „најсмртоносни за Евреите по холокаустот“. Липштад кажа дека „нема оправдување за гнасниот, варварски тероризам против израелските цивили и масовните убиства. Никој нема право да му кажува на Израел како да се […]

Дали нападот на Хамас имаше скриена цел


  Ненадејниот напад на Хамас за време на викендот, кој вклучуваше илјадници ракети истрелани од Појасот Газа и копнени борби во Израел, има потенцијал да го попречи новиот дипломатски договор што може да го преобликува регионот. Хамас напаѓа и израелски цивилни и воени цели, а исто така киднапира непознат број израелски војници и граѓани, веројатно […]

Христо Петрески поднесе неотповиклива оставка од функцијата претседател на ДПМ


Писателот Христо Петрески поднесе неотповиклива оставка од функцијата претседател на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ).  Петрески утрово преку писмено соопштение информираше дека поднел оставка од здравствени причини. – Најпрвин им благодарам на сите оние колеги – писатели кои со своите гласови ме избраа за претседател на Друштвото на писателите на Македонија. Верувам дека во […]

ОН: Повеќе од 100.000 луѓе раселени во Газа


Израелските воздушни напади и гранатирањата насочени кон домови и станбени згради раселија околу 123.538 Палестинци во Газа, според Агенцијата за хуманитарна помош на ОН. Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања, во својот најнов извештај соопшти дека многумина од оние кои беа принудени да ги напуштат своите домови се засолнети во околу 64 училишта […]

Партијата на Максим Димитриевски ќе се вика „Движење ЗНАМ – За наша Македонија”


  Потпишување на Иницијативата за формирање нов субјект на политичката сцена во земјава – „Движење ЗНАМ – За наша Македонија“, ќе се одржи вечерва во Скопје.  Идеен творец на граѓанското движење е градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, а се очекува потпис на иницијативата да стават претставници на сите 10 граѓански здруженија од земјава. Димитриевски […]

Хамас тврди дека држи повеќе од 100 луѓе во заробеништво во Газа


Висок функционер на Хамас соопшти дека групата држи повеќе од 100 луѓе во заробеништво по нападот врз Израел. – Високи израелски офицери се меѓу заробените, рече Муса Абу Марзук. Се работи за бројка која е дополнителна од повеќе од 30 лица за кои се тврди дека ги држи палестинската група Исламски џихад. Меѓу затворениците кои […]

Продолжуваат борбите по нападот на Хамас врз Израел, повеќе од 1.000 загинати


Повеќе од илјада луѓе досега се убиени во борбите меѓу Хамас и Израел кои траат и утрово, речиси 48 откако палестинската милитантна група ја нападна земјата, јави ДПА. Израелските одбранбени сили (ИДФ) утрово соопштија дека била погодена зграда во која се сместени членови на Хамас и неколку командни центри на Хамас. Меѓу центрите имало и […]

Инфо-сесија за компаниите корисници по Законот за финансиска поддршка на инвестиции


 Владата на Република Северна Македонија денеска организира настан #МКЕкономија „Довербата расте” наменет за компаниите корисници по Законот за финансиска поддршка на инвестиции. Како што соопштија од владината прес-служба, пред компаниите ќе се обратат премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, како и министерот за економија Крешник Бектеши. […]

Блинкен ја повика Турција на поголем ангажман во конфликтот меѓу Хамас и Израел


Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во разговор со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан побарал Турција повеќе да се ангажира во конфликтот со Хамас и посочил дека фокусот на САД е да се запрат нападите на Хамас и да се ослободат сите заложници, пренесуваат британските медиуми. Во саботата, откако Хамас започна напади врз Израел, […]

Концерт на камерниот ансамбл „Алтус“ во Филхармонија


 Камерниот ансамбл на Филхармонија – „Алтус“ вечерва со почеток во 19 часот ќе одржи концерт под диргентската палка на маестро Паскал Галоа од Франција. Камерниот ансамбл „Алтус“ во состав од Катарина Павлович – виолина, Гонца Богоромова Краповски – сопран, Елена Стојческа – флејта, Игор Иванов – кларинет, Паскал Краповски – виолончело, Маријана Николовска – пијано […]

Израелската војска го обвинува Хамас дека користи цивили како жив штит


 Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска ја обвинија палестинската исламистичка група Хамас дека користи цивили како „жив штит“, јави ДПА. Хамас, исто така, „прикрива терористичка инфраструктура во цивилни области“ во Појасот Газа, се вели во објавата на ИДФ на Х. На списокот на „воени злосторства на Хамас“ објавен на социјалната мрежа, ИДФ исто така наведе дека […]

Светската група „Villagers of Ioannina City“ првпат во Скопје


Светската група, експериментален секстет од Јанина, Грција – „VILLAGERS OF IOANNINA CITY“ првпат вечерва ќе настапат во Скопје. Концертот ќе се одржи во Младинскиот културен центар со почеток во 21 часот. Овој музички состав, кој својата 45-дневна европска турнеја ја започнува токму во Скопје, постои од 2007 година и оттогаш ги освојува европските музички фестивали. […]

Од денеска на скопскиот аеродром три часа порано за чекирање на багажот


Од денеска до крајот на ноември патниците кои ќе ги користат авионските услуги на Меѓународниот аеродром Скопје треба да пристигнат три часа пред летот.  Од „ТАВ Македонија“ во петокот информираа дека авиокомпанијата ќе врши надградба на системот за багаж. – Почнувајќи од 9-ти октомври (понеделник), до крајот на ноември 2023 година, односно во период од […]

Сончево и посвежо со мала до умерена локална облачност


Времето денеска ќе биде сончево и посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието краткотрајно засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 16, а максималната ќе достигне од 18 до 27 степен. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен […]

Со посебен лет од Израел во Тирана пристигнаа 40 албански, македонски и косовски државјани


Министерството за Европа и надворешни работи на Албанија (МЕНР)  соопшти дека вечерва пристигнал првиот авион со албански, македонски и косовски државјани кои барале да го напуштат Израел по прогласувањето на воена состојба.  – Авионот „Ер Албанија“ со 40 патници, меѓу кои и државјани од земјите од регионот како Косово, Северна Македонија, потпомогнат од Министерството за […]

Израел е во шок и гнев. Владата прогласи состојба на војна, бројот на убиените се искачи на 700


  Израел официјално прогласи воена состојба во неделата, откако бројот на загинати од нападот на Хамас ден претходно се искачи над 700 и се очекува дополнително да се зголеми, а судбината на повеќе од сто луѓе киднапирани и однесени во Појасот Газа сè уште не е јасна. Израелските авиони извршија „интензивни“ воздушни напади врз цели […]

„И кошмар и хорор филм“: Како музичкиот фестивал во Израел се претвори во масакр


  Со недели, возбудените љубители на музиката го очекуваа фестивалот Супернова, кој се одржува во пустината во јужен Израел за да се совпадне со еврејскиот празник Сукот. „Дојде време кога целото семејство повторно ќе се собере“, напишаа организаторите на социјалните мрежи пред да започне. „И колку забавно ќе биде!“ Само неколку часа подоцна, нивните страници […]

Уапсени 2.554 лица уапсени по бомбашкиот напад во Анкара


Анкара – Турските власти уапсија 2.554 лица како дел од националната антитерористичка операција започната откако курдски милитанти активираа бомба во близина на владините згради во Анкара пред една недела, изјави денеска турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја. Двајца терористи извршија бомбашки напад пред зградата на Министерството за внатрешни работи во Анкара, при што двајца […]

Франција, Украина и Германија потврдија дека имаат свои државјани меѓу убиените или киднапираните во Израел


Париз – Французинка загина во Израел „во терористичките напади“, соопшти француското Министерство за надворешни работи, без да даде детали. Француските тимови во Израел и Париз се обидуваат да ги разјаснат состојбите на неколку граѓани кои не се лоцирани, се додава во соопштението. Германското Министерство за надворешни работи соопшти дека најверојатно германски државјани се меѓу киднапираните […]