Хамас тврди дека држи повеќе од 100 луѓе во заробеништво во Газа


Заробена постара израелска жена од кибуц крај Газа

Висок функционер на Хамас соопшти дека групата држи повеќе од 100 луѓе во заробеништво по нападот врз Израел.

– Високи израелски офицери се меѓу заробените, рече Муса Абу Марзук.

Се работи за бројка која е дополнителна од повеќе од 30 лица за кои се тврди дека ги држи палестинската група Исламски џихад.

Меѓу затворениците кои борците на Хамас ги одведоа во Газа има жени, деца и постари лица.