Со минирање кај Кичево, почнуваат градежни работи на Коридорот 8 со „Бехтел и Енка“


Во село Горна Бањица – Кичево денеска ќе се изврши минирање со што стартуваат градежните работи на американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ за пробивање на трасата на автопатот Гостивар Букојчани (30,1 километар) на Коридорот 8. На настанот е најавено присуство на  првиот вицепремиер и координатор на активностите за изградба на коридорите 8 и 10д  Артан […]

НАТО ја подготвува најголемата воена вежба од Студената војна. Ќе симулира руска инвазија


НАТО планира следната година да ја одржи својата најголема вежба од Студената војна. На вежбата треба да учествуваат повеќе од 40.000 војници, кои ќе вежбаат одбрана од руска агресија против една од нејзините земји-членки. Вежбата Steadfast Defender доаѓа како дел од брзиот притисок на НАТО да се трансформира во вистински воен сојуз, поттикнат од инвазијата […]

(Видео) Илјадници загинати во Либија откако две брани се урнаа од невремето


Триполи – Повеќе од две илјади луѓе загинаа, а околу шест илјади се водат за исчезнати во Дерна, Либија каде што под притисок на поплавите предизвикани од бурата „Даниел“ се урнаа две брани, пишува Си-ен-ен.  -Како резултат на тоа, се урнаа три моста. Водата што тече однесе цели населби, изјави Ахмед Мисамари, портпарол на Либиската национална […]

Мултимедијален настан Шатакуа во Музејот на Град Скопје


Во Музејот на Град Скопје вечер  првпат ќе биде претставена уметничката група Шатакуа Скопје со истоимениот проект, Chatautauqua, кој е сплет од аналогна фотографија, видео движења, објекти и музика. -Очекувајте високо – квалитетни аналогни принтови во невообичаени формати, велат членовите на групата. Нагласуваат дека аналогните фотографии се создадени низ сложен процес во Кошице, Словачка, едно […]

САД одмрзнуваат шест милијарди долари за Иран


Вашингтон – Американската Влада го расчисти патот за ослободување на петте американски државјани приведени во Иран, откако издаде дозвола меѓународните банки да му префрлат на Техеран шест милијарди долари блокирани во Јужна Кореја. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја потпишал одлуката на почетокот на минатата недела, но Конгресот беше информиран дури вчера. Овој потег веројатно […]

Ќе се уредува нов простор за НУ Оркестар за џез-музика


Министерката за култура Костадиновска-Стојчевска и вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, денеска ќе го претстават проектот за реновирање и уредување на новиот простор наменет за новата Национална установа Оркестар за џез-музика на Република Северна Македонија. Средствата за реновирање и уредување на новиот простор за Оркестарот за џез-музика се […]

ОН: Одгледувањето на кока во Колумбија минатата година достигна рекордно високо ниво


Богота – Обединетите нации соопштија дека одгледувањето на кока во Колумбија минатата година достигна рекордно ниво. Новите податоци ги објави Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал, која соопшти дека минатата година речиси 230.000 хектари земјоделско земјиште во Колумбија биле засадени со кока, што е за 13 отсто зголемување во однос на претходната година. […]

Михаел Рот во Скопје- продолжува дипломатската офанзива


 По специјалниот германски пратеник за Западен Балкан, Мануел Сарацин, денеска во Скопје ќе престојува и претседавачот на Комитетот за надворешна политика на Бундестагот и поранешен државен министер на Германија за Европа Михаел Рот, како дел од меѓународните дипломатски напори за отворање на европскиот пат на Северна Македонија и спроведување на уставните измени како услов за […]

Русите повеќе не ќе можат да влегуваат во ЕУ со своите автомобили


Брисел – На руските државјани во иднина ќе им биде забрането да влегуваат на територијата на ЕУ со своите возила, а доколку го сторат тоа, земјата членка во која влегле треба да им го конфискува возилото, ова, како што наведува „Еурактив“, се предвидува со последните измени на политиката за санкции на Унијата.  Според порталот, на прашањето […]

Состојба на патиштата


ИЗВЕСТУВАЊЕ: Oд 11.9.2023 г. воспоставен е времен режим на сообраќај во тунелот на патниот правец Блаце – Скопје, поради изведување на градежни работи – санација на тунелот. Поставена е светлосна сигнализација со наизменично пропуштање на возилата.  СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските […]

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради протест пред Влада


 Министерството за внатрешни работи информира дека денеска во периодот од 10 до 12 часот, поради одржување на протест пред Владата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје. – Од тие причини, Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот […]

Мицотакис на средби со Мецола и фон дер Лајен за европска финансиска поддршка за Грција


Атина– Европска поддршка за Грција во справувањето со последиците од катастрофалните поплави во земјата, ќе биде главната тема на денешните средби во Стразбур на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис со претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен и со претседателката на Европскиот Парламент Роберта Мецола, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис за Стразбур заминува […]

Сончево и топло до 33 степени


Времето денеска изутрина ќе биде  свежо, а преку денот сончево и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 15, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 6. Во Скопје ќе биде сончево со слаб јужен ветер. Минималната […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 12 септември 2023 година, 255-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 110 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 10 минути, а ќе зајде во 18 часот и 49 минута. Денов трае 12 часа и 39 минута. Месечината која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во […]

Пендаровски, Османи и Бегај заедно ја открија бистата на Мајка Тереза во косовската амбасада


Претседателите на Македонија, на Албанија и на Косово, Стево Пендаровски, Бајрам Бегај и Вјоса Османи попладнево во амбасадата на Косово  открија биста на Мајка Тереза, симболично застанувајќи зад неа како наше заедничко историско богатство.   На откривањето на бистата присуствуваше и спикерот на Парламентот Талат Џафери кој објави на социјалните мрежи пост во кој се вели:  […]

Стотици парчиња оружје „уништени“ од Русија во Украина биле макети


  Руските власти постојано известуваат за уништување на украинската воена опрема, вклучувајќи ја и онаа што ја обезбеди Западот, во неверојатни размери. Сепак, многу од овие цели се макети специјално поставени на бојното поле. Украина активно ги заменува хаубиците, тенковите, минофрлачите, радарите со макети за да ги принуди руските војници да фрлаат беспилотни летала, проектили […]

Се бараат оставки или ќе се радикализираат протестите за случувањата на Онкологија


Пред Владата се одржа вториот „Протест против организираниот криминал на Онкологија“ со присуство на значително помал број луѓе од минатиот пат. Преку транспаренти и скандирања учесниците побараа оставки, одговорност и правда за жртвите.   „Да ја трансформираме нашата болка во достоинствена борба за подобро утре, мирно и достоинствено да кажеме жестоко ‘не‘ во земја која […]

Јавна куќа бара дегустатор за проститутки: министерката реагира, граѓаните згрозени (фото)


„Вработуваме!!! „Дегустатор на девојки – аплицирај веднаш“ – гласи огласот испишан со големи букви на постер на главната крстосница на главниот пат во Грац, Австрија, каде борделот „Максимус“ предизвика бура од реакции. Австриската министерка за интеграција и семејство, Сузан Рааб, веднаш реагираше на плакат на кој беше објавена работа за „лудак“, односно некој чија работа […]

Средба Ковачевски – Сарацин: Македонија е пред историски момент


  Премиерот Димитар Ковачевски и специјалниот германски пратеник за Западен Балкан, Мануел Сарацин, на вечерашнава средба во Скопје оцениле дека со отворањето на поглавјата за преговори со ЕУ Македонија е „пред историски, неповторлив момент којшто неминовно води до забрзан економски развој и создавање на просперитетна, европска држава што ќе овозможи поквалитетен живот за сите граѓани“, […]

Само 30 минути дневно: Шест причини зошто треба наутро да пешачиме


Без разлика дали станува збор за одење на работа или шетање низ соседството, започнувањето на денот со кратка прошетка може да понуди голем број здравствени придобивки. Пред секоја прошетка, препорачливо е да се истегнете и да пиете вода за да останете хидрирани. Планирајте го времето за појадок според вашите сопствени чувства. На некои луѓе ќе […]