Разрешени украинската заменик-министерка за одбрана и пет други функционери


Украинската заменик министерка за одбрана Хана Малијар е разрешена од функцијата, заедно со уште пет други функционери, соопшти денеска украинската влада. Од почетокот на рускиот напад врз Украина во февруари 2022 година, Малијар честопати беше задолжен за објавување информации за ситуацијата на фронтот. Покрај неа, сменети се уште пет заменици министри. Владата не ја образложи […]

Продолжен рокот за пријавување лични асистенти за учениците со посебни образовни потреби во Центар


Општина Центар го продолжува рокот за пријавување на Јавниот повик за ангажирање на лични асистенти во проектот „Образование за сите“ за потребите на ученици со посебни образовни потреби вклучени во образовниот процес во основните училишта на територија на Општина Центар – Скопје, во учебната 2023/2024 година. Повторниот Јавен повик се распишува заради недоволно пријавени кандидати […]

Украина планира да ги тужи Полска, Унгарија и Словачка поради забраната за увоз на храна


Украина планира да ги тужи Полска, Унгарија и Словачка за забрана на увоз на украински земјоделски производи, изјави украинскиот трговски претставник Тарас Качка во интервју за Политико. Забраните на владите на три централноевропски земји имаат за цел да ги заштитат сопствените земјоделци од жито од Украина, по руската блокада на украинските пристаништа на Црното Море. […]

Бројот на масовни престрелки во САД помина 500, во просек по две дневно


Бројот на масовни престрелки во САД ја помина границата од 500, или во просек, според Архивата за огнено насилство (ГВА), речиси две масовни пукања дневно. Во неделата, полицијата во Денвер објави дојава на мрежата „X“ со која се потврдува пукањето во кое беа повредени пет лица, 500-ти инцидент во годината. Само неколку часа подоцна, полицијата […]

Во 40 училишта подобрени се санитетско – хигиенските услови и пристапноста за учениците со попреченост


Завршија градежните активности во 40 училишта каде во текот на летниот период се работеше на подобрување на санитетско – хигиенските услови и на пристапноста за учениците и лицата со попреченост. Во најголем дел од објектите кои беа опфатени, се изградија пристапни рампи и се адаптираа тоалети за ученици со посебни потреби. Некаде пак, се реконструираа […]

Тајани: Ситуацијата со мигрантите не е експлозивна, таа веќе експлодира


 Италијанскиот потпретседател и министер за надворешни работи Антонио Тајани денеска изјави дека ситуацијата со приливот на голем број мигранти од Африка „не е експлозивна, туку веќе експлодирала“. -Погледнете ја историјата на варварските инвазии – римската војска, најмоќната во воената историја, не можеше да ги спречи, изјави Тајани за новинарите во италијанскиот конзулат во Њујорк. Шефот […]

И министерот Алиу ги чека реформите за јавната администрација што никако да се случат


Време е конечно да се изгласаат законите кои се чекаат со години, а се од големо значење за реформите во јавната администрација, порачува министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу во интервју за Порталб.  -Закон за висока раководна служба, закон за агенција за дигитализација, закон за административни службеници, закон за вработени во јавен сектор, […]

„Епл“ подготвува софтвер кој ќе го реши проблемот со зрачењето на iPhone 12


Компанијата Apple работи на надградба на софтверот со цел да го реши проблемот со зрачењето, што го утврдија француските власти во случајот со iPhone 12, паметен телефон стар три години. Францускиот регулатор ANFR утврди дека iPhone 12 ги надминува дозволените нивоа на радијација, поради што продажбата на овој модел е прекината во оваа земја. Од […]

Курти тврди: Белград го услови формирањето на ЗСО


Премиерот на Косово, Албин Курти денеска изјави дека неодамнешниот дијалог во Брисел не бил успешен поради Белград, кој го условуваше формирањето на Заедницата на српските општини, пред да се спроведат бриселскиот и охридскиот договор. Тој на прес-конференцијата рече дека ЗСО не може да биде услов за спроведување на договорот и дека прашањето мора да се […]

„Во спомен на Катина Иванова“ – видеа, фотографии и сведоштва во МНТ


На 20 септември (среда), во МНТ (на големата сцена), во 12 часотќе се оддаде почит на Катина Иванова, големата актерка која повеќе од четири децении беше дел од Македонскиот народен театар. „Низ видеа, фотографии и сведоштва на „Во спомен на Катина Иванова“ ќе се присетиме на нејзините реализирани улоги, нејзината насмевка, топол сензибилитет и поддршка […]

Вучиќ повторно со корпа во раце – ги изрекламира попустите на производите


Српскиот претседател Александар Вучиќ „претстави“ нови намалувања кои се резултат на владините ограничувања на производите и вети дека просечната плата во Србија во декември следната година ќе биде 960 евра. Зборувајќи за критиките, Вучиќ рече дека „го критикуваат оние кои се неспоредливо побогати од него“. Вучиќ тогаш најави нови производи чии цени ќе бидат намалени. […]

Командирот на елитната руска јуришна бригада загина во Украина


  За време на борбите во Украина, загина командирот на 31-та Улјановска воздушна јуришна бригада, полковник Андреј Кондрашкин, објави заменик-шефот на руската гарда за „ДПР“ Александар Ходаковски во својот Телеграмски канал. „Додека се боревме рака под рака, станавме пријатели со Андреј, а денес бевме длабоко погодени од веста за неговата смрт. Му изразуваме сочувство на […]

Со настан во Кавадарци, продолжуваат отворените средби со граѓанитена Комисијата за спречување и заштита од дискриминација


Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД), со поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, продолжува со организација на отворенисредби со граѓаните, невладиниот сектор и институциите. Следниот ваков настан ќе се одржи во среда,20 септември 2023 година, во салата на Советот на Општина Кавадарци. На оваа отворена средба, сите заинтересирани граѓани, активистите од граѓанските […]

Украина ослободи уште едно место блиску уништениот Бахмут


  Украина соопшти дека нејзините сили повторно го зазеле Клишчиивка, село во Донецк на девет километри јужно од Бахмут. „Клишчиивка беше исчистена од Руси и ослободена“, рече командантот на копнените сили на Украина, Олександр Сирски, во изјавата рано во понеделникот. Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето секојдневно обраќање во неделата вечерта им се заблагодари на […]

„ПРО-ЗА Балкан“: Литературата е последната надеж за воскреснување на човекот


Седум врвни писатели од Балканот синоќа во Даут—пашиниот амам во Скопје беа претставени пред македонската публика на отворањето на 11. Интернационален литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ во Скопје. Сите до еден успешни автори во своите земји, но и преведени на десетици јазици во регионот и пошироко. Добар дел од нив веќе добро познати за домашните читатели, […]

Земјоделците во Бугарија почнуваат со блокади на патишта и гранични премини


 Во Бугарија денеска почна националниот протест на земјоделскиот сектор. Во него ќе учествуваат близу 25 организации, а причина за тоа е одлуката за укинување на забраната за увоз на жито од Украина. На демонстрациите ќе учествуваат производители на овошје и зеленчук, како и пчелари. Главните патишта и граничните премини се очекува да бидат затворени. Има […]

Дуплантис повторно го подобри светскиот рекорд во скок со стап


 Швеѓанецот Арманд Дуплантис постави нов рекорд во скок со стап. Тој во завршниот натпревар од Дијамантската лига одржан во Јуџин, САД, прескокна 6,23 метри. Дуплантис седум пати по ред го подобрува светскиот рекорд, секогаш за по еден сантиметар.Претходниот светски рекорд изнесуваше 6,22 метри и беше поставен во февруари во  Франција. Прв пат Дулантис стана светски […]

Општина Аеродром доделува субвенции за набавка на нов велосипед или електричен тротинет


Во рамки на Европската недела на мобилност која традиционално се одбележува во текот на месец септември, Општина Аеродром објавив јавен повик за надоместување на дел од трошоците за набавка на нови велосипеди и електрични тротинети. И оваа година, општината ќе покрива средства во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 […]

И премиерот Ковачевски во работна посета на САД


Премиерот  Димитар Ковачевски е во неколкудневна работна посета на Соединетите Американски Држави, заедно со вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ. Во рамки на посетата, премиерот Ковачевски ќе оствари  средби во Њујорк со високи претставници на Стејт Департментот, на Светскиот економски форум и Светска банка, со претставници на мултинационални компании и македонската бизнис заедница во САД, […]

„Чистота и зеленило“ постави полуподземни контејнери на десетина локации во Куманово


Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ постави полуподзмени контејнери на десетина локации во Куманово, соопштија денеска надлежните од претпријатието. -Овој пат за разлика од претходно, почнавме со поставување на полуподземни контејнери во неколку населби во градот. Очекуваме граѓаните совесно да се однесуваат и да депонираат соодветен смет без да одлагаат запаливи материи, изјави директорот на ЈП […]