УЕФА ја казни Украина пред натпреварот со македонската репрезентација во евроквалификациите


Нион– Парична казна во износ од 33.000 евра, како и делумно редуцирање на капацитетот на стадионот во Прага на кој идниот месец ќе ја пречека македонската репрезентација и изрече УЕФА денеска на Фудбалската федерација на Украина поради расистичко однесување на украинските навивачи претходно овој месец. Казните се изречени за расистичко навивање за време на натпреварите […]

ОЈО Скопје отвори истрага за 18-годишник, кој со украдено возило за половина час сторил три кривични дела


Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 18-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело „Одземање моторно возило“. Со одземеното возило сторил кривично дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, а потоа и кривично дело „Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“. Како […]

Мекарти не му дозволи на Зеленски да зборува пред американскиот Конгрес


Вашингтон – Претседателот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Кевин Мекарти, денеска соопшти дека не му дозволил на украинскиот претседател Володимир Зеленски да зборува пред конгресмените.  Тој кажа дека немало доволно време за говор на украинскиот претседател поради нивна презафатеност, пренесе американската телевизија Ен-Би-Си.  Мекарти потсети дека Зеленски веќе зборувал пред Конгресот за време на неговата […]

Мицкоски и Груевски со нови обвинувања, од СДСМ бараат да не ги мешаат во кавгата


Лажна е пропагандата на СДСМ, која трае скоро пола деценија, дека партијата се води од странство. Ова денеска го изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој додаде дека неговата партија не била никогаш пообединета и има огромна поддршка од народот. „ВМРО-ДПМНЕ ја води раководството на партијата заедно со структурите во партијата, членовите и активистите. ВМРО-ДПМНЕ […]

По Скопје, и официјална Софија го протера рускиот свештеник Васијан


Неколку дена откако македонските власти го протераа рускиот свештеник Васијан, и официјална Софија одлучи да го протера од Бугарија ова високо свештено лице на Руската православна црква, поради тоа што е закана за националната безбедност, пренесува mediapool.bg. Бугарските власти го протераа архимандритот Васијан Змеев поради тоа што бил руски шпион, а информацијата прва ја објави руската […]

Просечната нето-плата во јули се искачила на 36.286 денари


Зголемување од 14,1 отсто на просечната нето-плата регистрирал Државниот завод за статистика во текот на јули 2023 година. Исплатената нето-плата во седмиот месец изнесувала 36.286 денари. Според податоците на Државниот завод за статистика, ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Градежништво (19,5 отсто), Образование (17,2 […]

Агенцијата за филм има средства, никој не ја кочи актуелната продукција


Темата за наводно намален буџет на Агенцијата за филм, како и за обвинувањата од филмската фела дека се кочи процесот на продукција, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на денешната прес-конференција ја разјасни со елаборирање на буџетските сметки на Агенцијата и нивната реализација. „Морам да го повторам истото тоа што им го реков на денешната средба […]

Црногорските лозја ги берат сезонски работници од Индија


  Цногоската државна компанија „Плантаже“ ангажираше 40 сезонски работници од далечната Индија за потребите на бербата на грозје, која е во тек. Причина за ангажирање сезонски работници од Индија, што изненади многумина, е недостигот на сезонски работници од регионот, пишува „Дан“. „Досега делумно го решававме проблемот со работната сила со ангажирање работници од земјите од […]

Потполковник Томица Ристоски е нов командант во тетовската касарна „Кузман Јосифоски-Питу“


Во касарната „Кузман Јосифовски-Питу“ во Тетово, со воена свеченост и предавање на военото знаме се изврши примопредавање на должноста командант на 3. пешадиски баталјон (3. пб) од составот на 1. пешадиска бригада (1. пбр) од Командата за операции. Должноста командант на 3. пб од потполковник Игор Станковски ја прими потполковник Томица Ристоски, кој досега извршуваше […]

Меџити за борбата со Ковид-19 на 78. Генерално собрание на ОН


Пандемијата со Ковид-19 го истакна значењето на здравите и силни здравствени системи, беспрекорната координација и ефективни механизми за одговор. Северна Македонија не беше изземена од нејзините разорни влијанија. Нашата здравствена инфраструктура е под тежок притисок, а ранливите заедници понесоа непропорционален товар. Нашиот одговор мора да биде брз, со еднаков пристап кон сите и напреден. Еднаквиот […]

„Тиквеш“ се вклучува во новото партнерство за развој на кадри во домашните компании


  Винарската визба „Тиквеш“, со своите ресурси и експертиза, активно ќе учествува во партнерството со кое приватниот сектор ќе се ангажира за развој на кадар во државата, во рамки на активноста која е кофинансирана од М6 Едукативен центар и Владата на Швајцарија, преку проектот „Образование за вработување“ спроведуван од „Хелветас“. Целта на Проектот е преку […]

При крај санацијата на тротоарите на мостот „Обединети нации“, Шилегов ќе правеше нов


Без најава од Град Скопје, кој надлежен за санација на мостови, работите, односно асфалтирањето на тротоарите во двата правци се случува последниот месец, а денеска се гледа крајот. Информации за ова има само од ЈП „Улици и патишта“, од каде пред 20 дена соопштија дека поради санација тротоарот на мостот „Обединети нации“ во насока од […]

Мицкоски за солидарниот данок: Во Македонија има даночни раеви каде фискалните сметки не важат


Има даночни раеви во Македонија каде што ниту фискални сметки важат, ниту било какви законски одредби, а има и делови во градот Скопје каде може да платите со европска валута и да ви вратат кусур исто така со европска валута, изјави претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски. На прес – конференција во Општина Новаци, […]

Рускиот амбасадор се обиде да спречи Османи да зборува пред Советот за безбедност


„На која основа го поканивте министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи во својство на претседавач со ОБСЕ да се обрати на денешниот состанок на Советот на безбедност на Обединетите нации?- го запрашал синоќа рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензи, премиерот на Албанија, Еди Рама кој претседаваше со сесија на ова тело.   „Ние […]

АХВ: Ако пратката со пиперките биде вратена во земјава, ќе се издаде налог за нејзино уништување


Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека вчера, преку апликацијата RASFF Window од Системот за предупредување за небезбедна храна на Европската унија (RASFF) доби нотификација за небезбеден производ од категоријата овошје и зеленчук извезен од нашава земја – свежи пиперки наменети за пазарот во Хрватска. При спроведената гранична контрола, земениот примерок за лабораториска анализа […]

На почетокот на наредната година минималната плата ќе се зголеми за најмалку 10 отсто


На почетокот на наредната година минималната плата ќе се зголеми за најмалку 10 отсто, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Инфлацијата во делот на прехраната би требало да биде околу 5 – 6 отсто, а генералната, рече Бектеши, од 7 – 8 проценти. Според него, почнувајќи од јули годинава, зголемувањето на платите го надминува […]

Мицкоски: Владата на ВМРО – ДПМНЕ ќе инвестира во сите општини без разлика која партија ги води


Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Општина Новаци порача дека идната влада на оваа партија ќе инвестира во сите општини без разлика од која партија е градоначалникот што ја води. Спротивно на тоа, тој тврдеше дека сегашната влада предводена од СДСМ го опструира работењето на општините предводени од ВМРО-ДПМНЕ. Практично Мицкоски ги обвини СДСМ […]

Хаос на границата меѓу Хрватска и БиХ: Мигранти пукале кон полицајците


 Специјалци кои дежураат на границата меѓу Хрватска и Босна и Херцеговина во реонот на Карловачката жупанија им пријавиле на надлежните дека од групата мигранти кои вчера во попладневните часови ја одвратиле во Босна и Херцеговина било пукано кон нив од огнено оружје, пишува „Јутарњи лист“. Првата пријава во ПУ Карловац дошла околу 15 часот и […]

„Хјундаи“ инвестира повеќе од 12 милијарди долари во САД


Јужнокорејскиот производител на автомобили Hyundai Motor Group објави дека ќе инвестира 12,6 милијарди долари во изградба на погони за електрични возила и батерии во САД. Hyundai ќе потроши 7,6 милијарди долари на фабрика во округот Брајан, Џорџија, која ќе вработи повеќе од 8.500 работници. Во соработка со SK Ona, компанијата ќе инвестира и пет милијарди […]

Зеленски во Вашингтон на преговори за испраќање дополнително оружје во Украина


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска пристигна во Вашингтон да преговара за испраќање дополнително оружје во Украина. За време на својата втора посета на САД од почетокот на руската инвазија, Зеленски треба да се сретне со американскиот претседател Џо Бајден. „Денес водиме важни преговори во Вашингтон. Воздушната одбрана е едно од главните прашања за Украина. Потребна […]