Затвор од 4,5 и 4 години за професорите Шуклев и Ристевски и забрана за вршење на професијата


Професорите на економскиот факултет, обвинетиот Бобек Шуклев за примање поткуп е осуден на казна затвор од 4 години и 6 месеци, а обвинетиот Славе Ристевски за две кривични дела примање поткуп доби казна затвор од четири години. На Драган Денковски за три кривични дела давање поткуп судот му изрече алтернативна мерка условна осуда и му […]

Нова инвестиција на „Тиквеш“ во зголемување на капацитетот и квалитетот на приемот и преработката на грозјето


  Кавадарци – Винарската визба „Тиквеш“ инвестираше четири милиони евра во изградба на нов објект и набавка на современа опрема за прием и преработка на грозје, потврдувајќи ја со тоа својата долгорочна определба и стратегија за континуирани вложувања во натамошен одржлив развој и имплементација на ЕСГ стандардите. Новата постојка и вградената опрема во неа му […]

Пред депонијата Дрисла се преврте камион со ѓубре, возачот итно пренесен во болница


Камион полн со ѓубре се превртел денска на патот кој води кон депонијата Дрисла. Очевидци за „Слободен печат“ велат дека камионот се излизгал на патот. Како што може да се види од видеата, по патот се растурени вреќи на ѓубре, а селските кучиња дополнително го растураат. Екипа од МВР е на лице место и врши увид.

Бирото за регионален развој започна процес на трансформација во агенција


Бирото за регионален развој започна процес на трансформација во агенција со цел државата да има акредитирана институција која ќе влече повеќе средствата од Европската Унија за регионален развој, најави денеска директорот на Бирото, Рамиз Реџепи. Како што истакна на денешната средба со новинарите, за тоа веќе има одлука на Влада, а формирана е и работна […]

Невладини организации бараат подобри прописи за обновливите извори на енергија во домаќинствата


  Потребно е усогласување на законите и подзаконските акти со моменталните состојби со цел да се создаде овозможувачка околина за зголемено користење на обновливите извори на енергија од домаќинствата- процес кој ќе ја забрза енергетската транзиција и ќе ги ублажи последиците од климатските промени. Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко свест Скопје, […]

Макрон: Не може да се вее руско знаме на ОИ во Париз


Францускиот претседател Емануел Макрон денеска за парискиот спортски весник „Л’Екип“ изјави оти „не може да има руско знаме на Олимписките игри (ОИ) во Париз во време кога Русија извршува воени злосторства“. – Очигледно не може да има руско знаме на Игрите во Париз, верувам дека постои консензус, бидејќи на Русија не ѝ местото на ОИ […]

ЕК објави упатство за избегнување на заобиколувањето на санкциите на ЕУ


– Европската комисија денеска објави упатство наменето за правните субјекти во ЕУ, кое треба да им помогне да ги идентификуваат, проценат и сфатат можните ризици од заобиколувањето на воведените санкциите и како да го избегнат тоа.   – Оваа упатство има за цел да обезбеди општ преглед на она што треба да го прават операторите кога вршат […]

Болести кои што може да ги наследите од родителите: Како да ги препознаете на време?


Овие пет болести можат да бидат наследни! Генетиката игра голема улога во наследувањето на одредени карактеристики од нашите родители. Бојата на очите, косата или обликот на носот што ќе го наследиме зависи од ДНК-хромозомот. Освен физичките особини, одредени гени се одговорни за наследни болести и нарушувања. Исто така, тоа не мора да биде правило. Само […]

Владата набргу ќе го објави деветиот пакет антикризни мерки


Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска соопшти дека Владата набргу ќе го објави деветиот пакет антикризни мерки за кои засега има 4,55 милијарди денари. Пакетот, како што рече, ќе биде во насока на полесно справување со предизвиците од ценовната и енергетската криза за граѓаните и компаниите. -Ова значи дека продолжува субвенционирањето на електричната енергија за […]

Јанушев доби условна осуда за набавката на кинеските автобуси


 Пратеникот Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ, денеска беше осуден на двегодишна условна казна затвор за „злоупотреба на службената положба и овластување“ во предметот „Дизајн“ кој се однесува на набавката на кинеските автобуси за Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје. Казната нема да се изврши доколку обвинетиот во рок од пет години од правосилноста на пресудата не стори […]

ДКСК за измените во КЗ: Не се придонесува за борбата против корупцијата и организираниот криминал


Со донесувањето на измените Кривичниот законик како еден од столбовите на правниот систем, треба да го штити функционирањето на правната држава. Со донесувањето на измените и дополнувањата на овој закон во Собранието на Република Македонија, и тоа со молскавична брзина, по скратена постапка и употреба на европското знаменце, односно на начин со кој не се […]

Со реалокација на средства се обезбедија пари за плати, земјоделски субвенции, здравство и образование


  Зголемување на ставката плати во јавниот сектор за 4,25 милијарди денари, дополнителни 3,5 милијарди денари за раст на пензиите, дополнителни 800 милиони денари за земјоделски субвенциии, дополнителни средства за здравството и образованието. Ова се само дел од проекциите предвидени со одлуката за прераспределба на годинашниот Буџет што ја донесе Владата на денешната седница. Како […]

Жичницата на Водно, за празникот, по неделен возен ред


ЈСП Скопје информира дека во петок (8.09.2023 год), поради државниот празник 8 Септември – Ден на независноста, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред. Билетарниците и центрите за персонализација нема да работат. Жичарницата ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот, при што во период од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон […]

Кој избра да не гласа за Кривичниот законик, а беше присутен во Собранието


  Многу толкувања се појавија во јавноста зошто експресно во Собранието дојдоа измените во Кривичниот законик и уште поекспресно се изгласаа. Зошто СДСМ и ДУИ преку ноќ ги предложија, зошто ВМРО-ДПМНЕ вербално ги критикуваше, а процесно не презеде никаква мерка да направи голем политички настан од тоа. Дури не предложи ниту амандмани при комисиската расправа. […]

Скопскиот аеродром ја доби наградата за Квалитет на аеродромски услуги за 2022 година


ТАВ Аеродроми, синоќа, 6-ти септември, на гала церемонијата за време на годишниот Форум и светски самит за искуство на клиентите на ACI во Инчон, Република Кореја, ја прими наградата за Квалитет на аеродромски услуги (Airport Service Quality–ASQ) за Меѓународниот Аеродром Скопје за 2022 година, од Меѓународниот совет на аеродроми (Airport Council International World – ACI […]

Кулеба го честеше Блинкен во Мекдоналдс во Киев: Да се ​​има овој ресторан во земјата е порака


Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, во средата, додека јадеа  голем помфрит и пита со цреши, му се заблагодари на неговиот американски колега, Антони Блинкен, што помогнал повторно да се отвори американскиот ресторан за брза храна Мекдоналдс во Украина по руската инвазија. Двајцата високи дипломати набрзина јадеа во Мекдоналдс во Киев пред заедничката прес-конференција, […]

БиХ: Разузнавачката служба незаконски прислушувала стотици луѓе


Шефот на дипломатијата на Босна и Херцеговина Елмедин Конаковиќ, во синоќешното интервју изјави дека Агенцијата за разузнавање и безбедност (ОСА) незаконски прислушувала стотици луѓе, вклучително и политичари и новинари. Елмедин Конаковиќ, кој е и лидер на владејачката партија Народ и Правда, гостуваше во телевизиската програма на Н1 и рече дека злоупотребите во ОСА биле откриени […]

Доделен станот од типстер на купот на „Спорт лајф“


Премијата на Типстер Куп сезоната 2022/2023 – станот во Џевахир Скај Сити, ја освои Владимир Трајчев од Струмица. Трајчев до највредната награда стигна благодарение на еден фeноменален тикет уплатен пред крајот на акциската игра која траеше 10 месеци, во периодот од септември 2022 година до јуни 2023 година. „Го сакам спортот и најмногу следам фудбалски […]

Прв фестивал за миленици- Скопје пет фест 


На 17 септември во Градскиот парк во Скопје за првпат ќе се одржи „Скопје пет фест“- најголемиот регионален настан за сите љубители на животните.  Фестивалот е замислен како семеен настан за деца, возрасни и нашите крзнени пријатели, со богата едукативна и забавна содржина- едукативни работилници за деца, маскоти со омилените ликови од анимираните филмови, едукативни […]