Птицата од невестинскиот вел на Кери Бредшо оди на аукција


Њујорк- Сотби ја става на аукција овој септември птицата од невестинскиот вел на Кери Бредшо – од првиот филм „Сексот и градот“ и од втората сезона на продолжението„…И просто така оди тоа“. Помеѓу безбројните хаотично-иконски предмети што ги носи Сара Џесика Паркер во универзумот „SATC“, овој винтиџ фасцинатор е секако меѓу најнезаборавните, придружувајќи ја венчаницата […]

Ескобар на средба со Пендаровски, очекува да го продолжиме патот кон ЕУ


Заменик-помошникот државен секретар на САД Габриел Ескобар попладнево, со средба со претседателот Стево Пендаровски, ја почна дводневната посета на државава. На средбата, според информациите од кабинетот на Пендаровски, била потврдена поддршката на САД за европските аспирации на нашата земја. Истовремено, било изразено очекување од официјален Вашингтон дека Северна Македонија ќе го продолжи патот кон полноправно […]

Зеленски за загинувањето на Пригожин: Сите се свесни за тоа кој е виновникот


Киев – Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина нема никаква врска со наводната смрт на Евгениј Пригожин, кој очигледно загина вчера во авионска несреќа во Русија, пренесуваат украинските медиуми. -Ние не сме вмешани во оваа ситуација, тоа е сигурно. Мислам дека сите се свесни за тоа кој е вклучен, рече Зеленски на прес-конференција […]

Четири документарци во Куршумли-ан, Сули-ан и пред Музејот на Македонија за крај на „МакеДокс“


Филмската програма на 14. издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ се приближува кон крајот и последната фестивалска вечер. Денеска ќе бидат прикажани четири документарни остварувања и тоа во Куршумли-ан, Сули-ан и на платото пред Музеј на Македонија. „На програмата во Куршумли-ан, во 21 часот, се краткиот документарец „Еве, и јас танцувам“ (Чешка, Германија […]

Штрајкуваат лекарите во Велика Британија, бараат поголеми плати


 Државните болници ширум Англија денеска ќе престанат со работа поради уште еден 48-часовен штрајк на постарите по стаж и позиции болнички лекари поради спорот околу платите со Владата. Илјадници болнички лекари велат дека ќе пружат само итна помош. Денешната акција е најновата во серијата штрајкови на лекарите, медицинските сестри и другиот клинички персонал во последните […]

Трамп го смени својот главен адвокат кој го застапува во Џорџија


Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го смени својот главен адвокат кој го застапува во државата Џорџија во пресрет на вечерашното предавање на надлежните органи, тврди упатен извор за Си-Ен-Ен. Дру Финдлинг, адвокатот кој ја водеше одбраната на Трамп во Џорџија, беше заменет со Стивен Сад, адвокат од Атланта опишан на веб-страницата како „специјален советник за […]

Меџити: Отворени нови специјализации, годинава прв пат и на Медицинскиот факултет во Тетово


 Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска одржа средба со деканите на медицинските факултети во Скопје, проф. д-р Соња Топузовска, во Штип, проф. д-р Милка Здравковска  и претставник од деканатот на Медицинскиот факултет во Тетово, проф. д-р Невзат Елези. На состанокот, како што информира Министерството за здравство, се разговараше за објавените нови огласи за специјализации на […]

Државата да го сноси трошокот барем за замена на валидните лични карти, бара омбудсманот Зибери


Владата уште еднаш да ја разгледа можноста за евентуално покривање на трошоците во најмала рака за личните карти, обврска која се наметнува со самиот Закон за лични карти. За сите граѓани кои не по нивна вина остануваат без валидна лична карта, државата да го сноси финансискиот трошок, вели народниот правобранител Насер Зибери во изјава за […]

Искачувањето на Монт Еверест може да поскапи


Катманду – Искачувањето на Монт Еверест наскоро би можело да поскапи, бидејќи Министерството за туризам на Непал размислува да ги зголеми таксите што странските алпинисти треба да ги платат за авантурата на највисоката планина во светот. Според тоа, сегашната такса од 11.000 американски долари ќе се зголеми на 15.000 долари во „врвот“ на пролетна сезона на […]

Два хороскопски знака да обратат внимание во последната недела од август: Едните ќе слават, а другите едвај го чекаат крајот


Астрологијата открива на кого му претстојат големи промени во последната недела од август 2023 година! Полека се приближуваме кон крајот на август, месецот кој астролозите го прогласија за „пекол“. Дури шест планети отидоа и одат во ретроградна насока, а сега стапи на сила познатиот ретрограден Меркур. Тоа најмногу ќе влијае на еден знак од хороскопот, […]

Лекции од најсклониот кон гафови шеф на дипломатија во светот


Запознајте го високиот претставник на ЕУ за грешки и гафови.Во неговите речиси четири години како шеф на надворешната политика на Европската комисија, Жозеп Борел остави трага од дипломатски хаос по него, со грешки во Москва, блузони во брисел и екскурзии на Твитер. Со оглед на тоа што Борел најверојатно ќе замине по европските избори следната […]

Ново жариште на свинска чума регистрирано во делчевското село Тработивиште


Ново жариште на свинска чума регистрирано во делчевското село Тработивиште. Екипи на АХВ, од надлежното ветеринарно друштво и од локалната самоуправа денеска спроведуваат мерки за контрола и спречување на ширење на болеста. Дописникот на МИА кој беше на лице место денеска го регистрираше чинот на вршење еутаназија на заболените животни и нивно отстранување од одгледувалиштето […]

Армијата доби 120 нови подофицери и 150 професионални војници


Денеска во касарната „Алексо Дамниевски Бауман“ во Велес се одржа свечена церемонија за промоција на 120 подофицери и свечена заклетва на 150 професионални војници. На свеченоста присуствуваа и се обратија министерката за одбрана Славјанка Петровска и Заменикот на Началникот  на Генералштабот генерал мајор Азим Нуредин. Армиските припадници од редовите на професионалните војници кои ja поминаа тримесечна […]

Влада Урошевиќ од Струга: Македонскиот јазик е рамноправен со светските јазици, залудни се обидите за негово негирање


Веста дека сум добитник на „Златниот венец“ на годинашниве „Струшки вечери на поезијата“ ми носи многу радост. Ја имав таа среќа да бидам, пред повеќе од шеесет години, еден од основачите на  овој наш поетски фестивал и еден од оние што учествуваа во дефинирањето на оваа награда. Во текот на годините, со внимание и задоволство […]

Политичкиот инает во Битола закочи европски проект од 400 илјади евра


БИТОЛА – Противењето на власта и опозицијата во Битола продолжува, а овој пат пречка на сопнување е европски проект и добиени средства од Европската Унија во висина од 400.000 евра. Едноставно кажано, прашањето е, дали да се реконструира објектот „Парк“, што е во целината на просторот на обновениот со европски пари Офицерскиот дом во Битола или […]

И Норвешка ќе и донира на Украина авиони Ф-16


Осло– Норвешка ќе и донира воени авиони Ф-16 на Украина, објави денеска норвешката телевизија ТВ2, повикувајќи се на неименувани извори. Но, не е наведено колку авиони ќе и бидат донирани на Украина. Министерството за одбрана на Норвешка се уште ја нема потврдено информацијата. Норвешкиот премиер Јонас Гар Стоере вчера се сретна со украинскиот претседател Володимир […]

Исчезнати стотици археолошки и историски наоди од Британскиот музеј


Лондон– Сребрени ѓердани, древни монети и над 500 ќерамички предмети се меѓу исчезнатите од Британскиот музеј за изминативе 20 години. Се стравува дека вкупниот број украдени артефакти би можел да надмине и 2.000 парчиња, открива лондонски „Тајмс“. Ова откритие за наводната кражба на илјадници скапоцени предмети, за музејот е еден од најголемите скандали во неговата […]

Анчелоти: Реал нема да потпише договор со Мбапе во овој преоден рок


Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе ова лето сигурно нема да потпише договор со Реал Мадрид. Французинот сака да потпише нов договор со Парижаните. – Не, јас го исклучувам тоа 100 проценти. Мислам дека нашиот тим е формиран, а играчите размислуваат за тековната сезона, изјави тренерот на Реал, Карло Анчелоти за „Ројтерс“. Италијанецот додаде дека Реал […]

Килограм домати на големо се откупува од 25 до 40 денари, а на пазарите се продава до 139 денари


Високите производни и ниските откупни цени се главниот проблем со кој се соочуваат земјоделците според анализата на состојбите со земјоделските производи направена од Националната федерација на фармери (НФФ). Како што истакнаа, посебно го анализирале производството и продажбата на пченица. Според анализата на НФФ, производната цена на пченицата изнесува 17 денари по килограм, со што продажната […]

Странски туристи годинава за 46,8 отсто повеќе од лани


Бројките за првите шест месеци од годинава се оптимистички и значат опоравување на туристичката индустрија во државава. Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, во првите шест месеци од годинава, во однос на претходната, бројот на туристи е зголемен за 30,1 отсто. Кај домашните туристи има зголемување за 2,8, а кај странските за 46,8 […]