Дијабетичарите на мирен предупредувачки протест пред Министерството за здравство


Лицата со дијабетес денеска, во 19 часот, пред Министерството за здравство, ќе излезат на мирен предупредувачки протест за безбеден и квалитетен живот. Протестот е во организација на Сојуз на здруженија на дијабетичари на Македонија (СЗДСМ), кој повикува тој да не се користи во политички цели. – По најдолгото трпение, најголемата конструктивност, најпосветени за соработка, по […]

Штипски планинари од „Лисец“ го освоија највисокиот врв во Турција


  Експедицијата на ДПС Лисец – Штип „АРАРАТ 2023“ составена од четири планинари го освоија највисокиот врв во Република Турција од 5.137 надморска височина. Трајче Алексов, Билјана Спаскова, Милорад Ангелов и Тоше Ристов се членовите на ДПС Лисец кои учествуваа во експедицијата. Планинарот, Милорад Ангелов во писменото соопштение до медиумите вели дека на 19 јули […]

Без вода дел од корисниците на улиците „Јани Лукровски“ и „Лазар Поп Трајков“


 Корисниците на дел од улиците „Јани Лукровски“ и „Лазар Поп Трајков“ денеска ќе немаат вода поради дефект на приклучна цевка ф-1 на ул. „Јани Лукровски“ бр. 9. ЈП Водовод и канализација – Скопје соопшти дека прекинот во водоснабдувањето ќе почне во 9 часот и ќе трае до  санација на дефектот.

Британските конзервативци изгубија две стратешки важни изборни единици


Владејачките британски конзервативци денеска загубија две стратешки важни изборни единици, но неочекувано ја задржаа старата изборна единица на Борис Џонсон, што претставува неуспех за главната опозициска Лабуристичка партија. Вонредните избори беа еден од последните изборни тестови пред парламентарните избори следната година и се сметаат за показател за изгледите на двете главни партии. Конзервативците ја задржаа […]

МААЕ се уште нема пристап до покривот на нуклеарката во Запорожје


Експертите на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) и натаму чекаат да добијат пристап до покривот на нуклеарната централа во Запорожје, што е заземена од руските сили, јави ДПА. Специјалистите на МАЕЕ претходно неделава извршија дополнителни инспекции на централата и открија дека „нема видливи индикации за експлозиви или мини“, се наведува во извештајот на МААЕ […]

„Гугл“ развива алатка со вештачка интелигенција за новинари


„Гугл“ развива алатка со вештачка интелигенција за издавачите на вести која може да генерира текст и наслови на написи, соопшти компанијата, нагласувајќи дека технологијата наскоро може да ја трансформира новинарската индустрија. Технолошкиот гигант во изјавата соопшти дека сака да биде партнер со новински куќи за употребата на алатката за вештачка интелигенција во редакциите. „Нашата цел […]

Шефот на ЦИА смета дека Путин му подготвува одмазда на Пригожин


Директорот на ЦИА Вилијам Барнс тврди дека рускиот претседател Владимир Путин веројатно сè уште размислува како да се справи со шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин. Пред еден месец, платениците на Вагнер и нивниот шеф организираа бунт во Русија. – Бунтот на Вагнер откри значајни слабости во системот на моќ што го изгради Путин. Путин сè […]

„Цунами“ на десницата во Европа


Низ Европа, национал-конзервативните партии победија на неодамнешните избори, додека нивната популарност во анкетите се зголемува. Незадоволните гласачи им приоѓаат во голем број, а некои либерални набљудувачи веќе зборуваат за „цунами на десницата“ во Европа. Со години, естаблишментот се обидуваше да ги спречи десничарските партии да дојдат на власт – работите сега се менуваат, пишува германскиот […]

Бугарија ќе му ја земе концесијата на „Лукоил“ за пристаништето Розенец


Коалицијата „Продолжуваме со промените-Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ) вчера до Народното собрание поднесе предлог-одлука, со која пристаништето Розенец се враќа под контрола на бугарската држава. Сега пристаништето, кое се наоѓа јужно од Бургас, е под контрола на втората по големина руска нафтена компанија Лукоил. Концесијата на Лукоил-Бугарија беше продолжена без причина за уште 24 години во октомври […]

Подобрена ситуацијата со пожарите во Грција


Рано утрово значително е подобрена ситуацијата со пожарите во Грција, откако вчера попладне имаше разгорувања и во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина и на островот Родос, јави дописничката на МИА од Атина. Портпаролот на противпожарната служба на Грција Јанис Артопиос за грчката телевизија ЕРТ објасни дека во овој момент во земјата […]

ЕУ без договор за барањето на Турција за одмрзнување на кандидатурата за членство во Унијата


Министрите за надворешни работи на Европската унија постигнаа договор за повторно ангажирање околу Турција но поставија и одредени услови и не го поддржаа барањето на Анкара да ја одмрзне својата кандидатура за членство во Унијата. – Разговаравме како да ја обновиме соработката со Турција. Убедени сме дека постои реципрочен интерес за развој на посилни односи […]

Макрон ќе прави реконструкција на француската влада


Францускиот претседател Емануел Макрон вчера ги смени министрите за образование и за здравство, како дел од долго очекуваните промени во владата, пренесе ДПА. Клучните министерства во владата, што ги контролираат финансиите, надворешната политика, одбраната и правосудството, не се зафатени со промените, соопштија од кабинетот на Макрон. Макрон уште во вторникот изјави дека премиерката Елизабет Борн […]

Писателката Лидија Димковска учествува на книжевни настани во Велика Британија


Писателката Лидија Димковска е на книжевна резиденција во Лондон, каде што учествува на повеќе книжевни настани. На почетокот на месецов таа настапи со поетско читање и разговор на меѓународниот поетски фестивал во Ледбури, а в недела (23 јули) ќе настапи и на Меѓународниот поетски фестивал во организација на Националната поетска библиотека при Центарот „Саутбан“  во […]

Концерти на Ансамблот „Елиас Ладино“ и на грчкиот гудачки квартет „Емилиос Риадис“ на „Охридско лето“


Десеттиот ден на програмата на годинешното „Охридско лето“ ќе понуди две интересни музички содржини, со концертите на ансамблот „Елиас Ладино“ и Грчката вечер во чии рамки е концертот на квартетот „Емилиос Риадис“ Првиот концерт е од 19 часот во Предворјето на „Света Софија“, со настапот на ансамблот „Елиас Ладино“, во состав Ден Елиас на кларинет, […]

На премините Табановце и Богородица за излез од државава се чека околу половина час


 Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, со зголемен интензитетот на патните правци надвор од градските средини. Автомотосојузот на Македонија информира дека на граничните премини Табановце и Богородица за излез од државата утрово има зголемена фреквенција на возила и времето на чекање е околу 30 минути. -На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми […]

Хрватите се европски рекордери во инвестирање во криптовалути


  Словенците и Хрватите се европски рекордери по уделот на граѓани кои инвестираат на турбулентниот крипто пазар, 16 отсто од Хрватите и 17 отсто од Словенците купуваат биткоини и други криптовалути, што е речиси три пати повеќе од европскиот просек, пишува во четвртокот Вечерњи лист. На трето место со 14 отсто се Чесите, додека во […]

Во Собранието јавна дебата за Националната стратегија за менталното здравје на младите


Јавна дебата за Националната стратегија за менталното здравје на младите, денеска ќе се одржи во Собранието, во салата „Борис Трајковски“, со почеток во 11 часот. Покрај тоа, закажани се и седници Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање, за во 10 часот, и Комисијата за одбрана и […]

Сончево и многу топло со температура до 41 степени, УВ индексот 10


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 34 до 41 степен. УВ индексот ќе изнесува 10. Во Скопје претежно сончево и многу топло со […]

Касетната муниција е во украински раце, распоредена на терен


 Касетната муниција испорачана од САД е во рацете на Украина и распоредена на терен, изјави денеска портпаролот на Белата куќа за национална безбедност, Џон Кирби. „Добивме некои првични повратни информации од Украинците и тие ја користат доста ефикасно“, рече Кирби на брифинг со новинарите. Тој додаде дека касетната муниција влијае на руските одбранбени формации и […]

Врските со Европа се зацврстуваат со новата Европската куќа отворена во Велес


Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска заедно со евроамбасадорот Дејвид Гир во новоотворената Европска куќа во Велес присуствуваше на отворањето на изложбата „На работ на зборовите“, на галеријата „Акантус“, а под кураторство на Дијана Томиќ-Радевска. Со отворањето на изложбата македонските уметници Оливер Мусовиќ, Славица Јанешлиева, Нехат Беќири, Александра Петрушевска Ристевска, Анета Попова и Стефан Младеновски, […]