Каја Гербер во тренд на сезоната: Ништо не е пошик од бела кошула и фармерки


Париз– Пјер Паоло Пиколи од Валентино ја приближи високата мода до секојдневието на ревијата на Високата мода во Париз каде беше промовирана колекцијата есен-зима 2023/2024 . Честа да ја отвори ревијата имаше ќерката на Синди Крафорд, Каја Гербер, носејќи фармерки изработени од газар и извезени со стаклени монистра, раскопчана, бела кошула, балетанки со голема панделка […]

Утрово пукано кон таткото на исчезнатиот Самоил Костадиновски


Утрово околу 8 и 30 часот во скопската населба Лисиче е пукано кон таткото на Самоил Костадиновски, кој е исчезнат веќе четврти месец, јавува „Локално“. Според информациите  од полицијата, тој е повреден и веднаш е пренесен во болница. Полицијата е на терен. Костадиновски (26), кој е внук од сестра на лидерот на Обединети за Македонија […]

Милатовиќ пред посетата на Белград: Најважниот сегмент е целосна нормализација на односите


Црногорскиот претседател, Јаков Милатовиќ, денеска изјави дека фокусот на неговата претстојна посета на Белград, на 9 и 10 јули, ќе биде целосното нормализирање на односите со Србија како важен економски партнер, пренесоа подгоричките медиуми. Во изјава за РТЦГ, Милатовиќ потсети дека ќе се сретне со српскиот претседател, Александар Вучиќ и најави дека ќе го покани […]

Во Памплона почна фестивалот на трки со бикови


 Неколку десетици илјади луѓе се собраа во шпанскиот град Памплона на годинашниот фестивал „Сан Фермин“ што почна вчера, каде што се одржуваат трките на луѓе со бикови. Фестивалот ќе трае до 15 јули. Облечени во бели панталони и бели кошули, со црвен појас и шал околу вратот, учесниците од утрово пеат, се веселат и пијат […]

Волстрит: Дау Џонс потона повеќе од 300 поени


  Американските индекси паднаа во четвртокот откако подобрите од очекуваните податоци за работните места ја зголемија загриженоста на инвеститорите за здравјето на економијата и трендовите на каматните стапки. Дау Џонс индастријал (Dow Jones Industrial Average) падна за 366,38 поени, или 1,07 отсто, за да се затвори на 33.922,26. СиП 500 (S&P 500) изгуби 0,79 отсто […]

Значително намалено уништувањето на шумите во Амазонија


Сечењето шуми во бразилска Амазонија падна за 34 отсто во првата половина на 2023 година, покажаа синоќешните прелиминарни владини податоци, достигнувајќи го најниското ниво во последните четири години, бидејќи претседателот Луис Инасио Лула да Силва започна построги еколошки политики. Податоците од бразилската национална вселенска агенција ИНПЕ покажуваат дека во регионот за половина година се „исчистиле“ […]

Столтенберг: НАТО го следи движењето на Пригожин и припадниците на „Вагнер“


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Алијансата ги следи неодамнешните движења на лидерот на групата „Вагнер“, Евгениј Пригожин и неговите припадници. Белорускиот претседател Александар Лукашенко вчера изјави дека Пригожин ја напуштил територијата на неговата земја, каде допатува согласно договорот за прекин на вооружениот бунт од 24 јуни, и дека се вратил во Русија, […]

Десничарската Алтернатива за Германија достигна историски рекорд во популарност


 Екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД ) достигна нов рекорд на популарност на сите времиња, според најновата анкета спроведена од државната телевизија АРД. Партијата напредувала за два процентни поени и моментално ја поддржуваат 20 отсто од испитаниците, покажа истражувањето. Ова ја направи АфД втората најсилна партија во земјата. АфД традиционално е на маргините на германската политика, […]

Најмалку шест загинати во пожар во пензионерски дом во Милано


Најмалку шест лица загинаа во пожар што рано утринава се појави во пензионерски дом во Милано, пренесе ДПА. Вкупно 81 лице се пренсени во болница, од кои две во мнопги сериозна здравствена состојба, јаво АНСА утринава. Акцијата на противпожарната бригада се уште е во тек, а засега не се знаат детали за причината на пожарот. 

Телефонски разговор на Резников со Остин: Очекувајте добри вести


Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников оствари телефонски разговор со американскиот министер за одбрана Лојд Остин, објави украинската новинска агенција Укринформ. Агенцијата пренесува дека Резников и Остин разговарале за контраофанзивата на украинските вооружени сили, како и за подготовка на нова средба во формат „Рамштајн“. „Имав продуктивен телефонски разговор со американскиот министер за одбрана Лојд Остин“, […]

Нова поетска книга на академик Влада Урошевиќ на руски јазик


Реномираната руска издавачката куќа Центар за книга „Рудомино“ обjави нова поетска книга на академик Влада Урошевиќ по повод неговото прогласување за добитник на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2023 година. Книгата насловена „Jужна sвезда“ содржи над 200 песни создадени во текот на неговото шеесетгодишно книжевно творештво. Според жанрот, тие се досетливи нацрти, […]

Во Битола се отвора „Паркинг кино“


Во Битола вечер прв пат во градот ќе биде отворено „Паркинг кино“, проект на Cinemac институт за филм и кино култура од Битола. Киното на отворено со возила е лоцирано на паркингот на улицата „Тодор Скаловски“ бр. 8 во поранешнта касарна и ќе биде промовирано вечер во 19.30 часот, а веднаш по свеченоста ќе биде […]

Стејт департмент: Администрацијата на Бајден не одобри неформални разговори со Русите


Администрацијата на Џо Бајден не ги одобри ниту поддржа тајните состаноци на поранешните функционери на Службата за национална безбедност со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за можни преговори за завршување на војната во Украина, соопштија Белата куќа и Стејт департментот. Ен-Би-Си објави дека поранешни американски функционери се сретнале со Лавров во Њујорк во […]

Концерт за виолина и пијано со изведувачи од Грција на Скопско Лето 2023


Во рамките на музичката програма на Фестивалот Скопско лето 2023, вечер во фоајето на Националната опера и балет ќе настапат пијанистот Уве Матшке и виолинистката Данае Папаматеу – Матшке од Грција, со изведба на неколку дела на класична музика за виолина и пијано од истакнати грчки композитори. Обожавателите на класичната музика ќе имаат исклучителна можност […]

Јавна расправа за новиот Предлог-закон за култура


Во НУ Кинотека на Северна Македонија во Скопје денеска ќе се одржи јавна расправа за новиот Предлог-закон за култура, информираат од ресорното Министерство. Предлог-законот за култура го изготвија Министерството за култура, експерти од областа на културата, на културните политики и на менаџментот, претставници од независната културна сцена, претставници од организаторите на настани (ивент-индустријата), претставници од […]

Зеленски го повика НАТО од самитот во Вилнус да и испрати на Украина „јасен сигнал “ за членство


Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика лидерите на НАТО да преземат конкретни чекори за прием на Украина во Алијансата на самитот во Вилнус следната недела, а за тоа ја доби поддршката од чешкиот претседател Петр Павел за време на неговата посета на Прага. Зеленски кажа дека на неговата земја, која 17 месеци војува против руските […]

Преземањето на „иРобот“ од страна на „Амазон“ под лупа на Европската комисија


Европската комисија иницира истрага за оценка на усогласеноста на предложеното купување на „иРобот“ од страна на „Амазон“ со правилата на ЕУ за конкурентност. Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, Еврокомисијата е загрижена дека преземањето ќе му овозможи на „Амазон“ да ја ограничи конкуренцијата на пазарот за роботски правосмукалки (РВЦ) и да ја […]

Предлагаме мерки за да ја направиме Европа поотпорна на предизвиците, вели потпретседателот на ЕК


Во време на зголемена несигурност и отворен конфликт на границата на Европа, стратешкото предвидување ни овозможува подобро да се подготвиме за неизвесната иднина и да ги предвидиме случувањата кои би можеле да влијаат врз нас и сето тоа ќе ни помогне да ја направиме Европа поотпорна на предизвиците, изјави потпретседателот на Европската комисија и еврокомесар […]

Сончево и топло до 34 степени, попладне нестабилно


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотрајна нестабилност. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени. УВ-8. Како што соопшти […]

Во американската амбасада во Скопје одбележана 247 годишнината од независноста на САД


Американската амбасада во Скопје вечерва ја одбележа 247. годишнина од независноста на Соединетите Американски Држави. На одбележувањето се обрати американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер која зборуваше за основачите на САД, за демократијата, за принципите, но и за партнерството со Северна Македонија. -Стремежот продолжува до овој ден, кога се соочуваме со стари и со нови […]