Уште една мистериозна смрт – потпретседателка на руска банка пронајдена мртва по пад од 11 кат


Москва– Потпретседателката на руската банка Локо-Банка е пронајдена мртва откако наводно паднала од прозорецот на нејзиниот стан на 11-ти кат во Москва, што странските медиуми го опишаа како уште една мистериозна смрт во земјата. Кристина Бајкова (28) на 23 јуни паднала од прозорецот и била констатирана смрт на местото на несреќата, пишува каналот Телеграм. Бајкова […]

Виктор Орбан до Брисел: Каде ви се парите?


Унгарскиот премиер Виктор Орбан два дена води кампања против ЕУ на Твитер прашувајќи го Брисел каде му се парите и тврдејќи дека земјите членки треба да дадат дополнителни милијарди евра придонес во ЕУ буџетот бидејќи во спротивно Унијата ќе банкротира. Според него тоа што требало да биде буџет за седум години ЕУ го потрошила само […]

„Забранети луѓе“ – Џон Илија Апелгрен го замени микрофонот со фотографија


Утре во Кинотека на Македонија, во 20 часот,  се отвора изложбата „Забранети луѓе“ од Џон Илија Апелгрен. Црно – белите фотографии на музичарите кои публиката ќе може да ги види се всушност дел од неговата книга издадена за време на ковид пандемијата со ист наслов „Забранети луѓе“. Делото, кое е во издание на „Арс Либрис“, […]

Род Стјуарт го продава домот на Беверли Хилс за 70 милиони долари, вели го врзуваат спомени


Лос Анџелес– Луксузниот дом на Род Стјуарт во Лос Анџелес е на продажба – но тој не го пушта лесно. Рок-иконата (78) го наведе имотот на Беверли Хилс од 38.500 квадратни метри за кул 70 милиони долари на почетокот на овој месец, а тој им вели на PEOPLE во овонеделното издание, на киосците во петокот, […]

Самит ЕУ: Полска и Унгарија ги блокираа заклучоците за миграцијата


Лидерите на земјите-членки на Европска Унија на првиот ден од Самитот на ЕУ не се договорија за текстот на заклучоците за миграцијата, поради ставот на Унгарија и на Полска. Дебатата за миграцијата прекина час и половина по полноќ и денеска лидерите повторно ќе дебатираат. Унгарија и Полска се против заедничкиот став што министрите за внатрешни […]

Рускиот генерал Суровкин бил член на Вагнер


Рускиот генерал Сергеј Суровикин бил таен член на приватната воена компанија Вагнер, покажуваат документите до кои дојде CNN. Документите покажуваат дека Суровикин имал личен регистарски број во Вагнер. Суровикин е наведен заедно со најмалку 30 други високи руски воени и разузнавачки функционери, кои се исто така членови на ВИП Вагнер. Суровикин не е виден во […]

Туристот што пишуваше имиња на Колосеумот бил Бугарин


Турист кој го издлаби своето и името на неговата девојка на  2000 години стариот Колосеум  е фитнес инструктор кој живее во Велика Британија, но по потекло е Бугарин, открива MailOnline. 27-годишниот Иван Димитров, кој исто така го носи името Иван Хокинс, беше фатен на камера како ги издлабува зборовите „Иван и Хејли 23“  на Колосеумот […]

KKCG најавува два главни бренда – Qinshift (Киншифт), технолошка компанија за развој на софтвер, и Арикома, провајдер на целосни ИКТ услуги


 ИТ холдинг-компанијата Арикома, која е дел од KKCG групацијата, објавува дека ќе работи под два главни бренда за да ја утврди својата позиција како меѓународен лидер во областа на информатичката технологија (ИТ). Компаниите кои се фокусирани на развој на наменски софтвер ќе работат под брендот Qinshift, а останатите компании од групацијата ќе го усвојат брендот […]

Топлотниот бран во Мексико усмрти најмалку сто луѓе


Најмалку сто луѓе починаа во изминатите две недели во Мексико поради топлото време. Температурата на воздухот во некои делови од земјата се искачи приближно до 50 степени Целзиусови, соопшти Министерството за здравство. Тринеделниот топлотен бран овој месец ја оптовари електричната мрежа со рекордна потрошувачка, а во некои области е прекината и наставата. Повеќе од две […]

Бактериите во цревата одлучуваат колку и како ќе живееме: Здравјето зависи од холестеролот и витаминот Д, еве што треба да јадеме


Во нашите црева живеат безброј микроорганизми, чиј состав е многу важен за здравјето и младоста. Српскиот имунолог д-р Борисав Каменов истакнува дека цревата всушност го држат клучот за добар имунитет. Со неговото мислење се согласуваат и бројни светски експерти, а рускиот гастроентеролог Гузел Евстињеева вели дека не постојат две лица со целосно идентичен состав на […]

Мал интерес за посетата на британскиот престолонаследник во Абердин, Шкотска


Абердин- Британскиот принц Вилијам вчера го посети градот Абердин во Шкотска заради почнувањето проект за помош на бездомниците. Но, за разлика од другите вакви настани, овојпат впечатоците говорат дека немало речиси никаков интерес за оваа посета од член на британското кралско семејство. На видеото, Вилијам излегува од својот автомобил и тргнува кон местото на настанот, со […]

Трета ноќ протести и немири во Франција


Париз – Трета ноќ по ред во повеќе француски градови имаше немири поради смртта на 17-годишно момче, кое беше застрелано од полицаец. Полицијата синоќа уапси најмалку 420 луѓе од кои 242 во реонот на Париз. Во париското предградие Нантер, каде беше застрелано момчето, демонстрантите се судрија со полицијата, при што се уапсени 19 луѓе. И во […]

Поради асфалтирање забрана за сообраќај низ Националниот парк „Јасен“


Поради асфалтирање на патниот правец Брезница – Македонски Брод Р-1106 низ НП Јасен, денеска се забранува секаков вид сообраќај во период меѓу 08:00 и 15:00 часот. По завршување на работите сообраќајот ќе се одвива според стандардните термини, соопшти АМСМ. Од 3 јули 2023 ќе започнат градежни активности со што ќе се изврши промена на режимот […]

Бесплатен концерт на Симон Трпчевски на Д Фестивал 2023 во Дојран


Со повеќе од 50 музички имиња од домашната и странската сцена денес (30 јуни) започнува најголемиот летен фестивал во Македонија, „Д Фестивал“ 2023. На годинешното тринаесетто издание ќе настапат „Kreator“, „1000mods“ „Onyx“, Smoke Mardjelano, Indira Paganotto, „Koikoi“, Roni Size и многу други артисти и бендови од странство. Од локалната сцена на „Д фест“ доаѓаат „Паркети“, […]

Корисниците од Бутел 1 денеска без струја


Без електрична енергија денеска од 8:00 до 10:00 часот ќе останат корисниците лоцирани на улица „Хо Ши Мин“ од бр.246 до бр. 266 во Бутел 1. Како што информира РЦУК – Скопје, прекините се поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа.

Промоција на нова веб-страница за контрацепција


Институтот за јавно здравје и ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување денеска ќе ја промовира веб-страницата за методите на контрацепција. Станува збор за прва двојзична веб-страница во земјава, која е целосно посветена на контрацептивните средства. Замислена е да биде веродостоен извор на информации на македонски и албански јазик и им е наменета најмногу […]

Стејт департментот одобри продажба на авиони Ф-35 на Чешка


Вашингтон – Американскиот Стејт департмент одобри продажба на воени авиони Ф-35, муниција и соодветна опрема на Чешка, како дел од договорот вреден 5,62 милијарди долари, објави Пентагон. Агенцијата за одбранбена безбедносна соработка на Пентагон вчера го извести Конгресот за можната продажба. Главни добавувачи ќе бидат „Локхид Мартин“ (Lockheed Martin), „Рејтеон“ (Raytheon) и „Боинг“ (Boeing). Чешката Влада […]

Наоми Кембел по втор пат стана мајка на 53 години


Лондон- Британската супермоделка Наоми Кембел стана мајка по втор пат. Таа го објави ова на нејзиниот Инстаграм профил кој има над 15 милиони претплатници. „Мило мое, знај дека си сакано без мерка, опкружен си со љубов од моментот кога ни го даде твоето присуство. Вистински дар од Бога, благословено! Добредојде момче. Никогаш не е доцна […]

Во Крушево седма година се организира фестивалот „When In Krusevo“


Од денеска од 2 јули во Крушево седма година по ред ќе се одржи фестивалот „When In Krusevo“, синоним за летна адреналинска авантура во највисокиот планински град на Балканот. Како што најавија организаторите, фестивалот на едно место обединува музика, спорт и култура, а целта е промовирање на крушевскиот живопис полн со природни убавини и спортски […]

Прва работна средба за помирување помеѓу синдикалната организација „Солидарност” и УЈП


 Согласно законската регулатива денеска ќе се одржи првата работна средба во рамки на процесот на помирување помеѓу синдикалната организација „Солидарност” и Управата за јавни приходи како работодавач. Како што информираа од синдикалната организација „Солидарност”, средбата ќе се одржи заедно со помирувачот Илија Манасиев во просториите на Управата за јавни приходи-Генерална дирекција.