Прва работна средба за помирување помеѓу синдикалната организација „Солидарност” и УЈП


Фото: Б. Грданоски

 Согласно законската регулатива денеска ќе се одржи првата работна средба во рамки на процесот на помирување помеѓу синдикалната организација „Солидарност” и Управата за јавни приходи како работодавач.

Како што информираа од синдикалната организација „Солидарност”, средбата ќе се одржи заедно со помирувачот Илија Манасиев во просториите на Управата за јавни приходи-Генерална дирекција.