Астрономски календар


Денеска е вторник, 4 април 2023 година, 94-иот ден во годината. До крајот на годината остануваа 271 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 12 минути, а ќе зајде во 19 часот и 2 минута. Денов трае 12 часа и 47 минути. Месечината која е во фаза на млада Месечина нема да изгрее […]

Путин го разреши генералот што ја водеше катастрофалната офанзива кај Вухледар


  Генерал-полковник Рустам Мурадов е разрешен од функцијата командант на Источниот воен округ (ВВО) и сменет од командата во Украина, изјавија два воени извори за „Москва тајмс“. Мурадов (50), поранешен командант на руските сили во Сирија, а подоцна и мировник во Нагорно-Карабах, е сменет по неуспешната офанзива во источна Украина. Во близина на Вухледар во […]

Париз на референдум го забрани изнајмувањето електрични тротинети


  Жителите на Париз гласаа за забрана за изнајмување електрични тротинети во француската престолнина. Речиси 90 отсто од оние што излегоа во неделата на референдум организиран од канцеларијата на градоначалникот на Париз гласаа за забраната. Излезноста беше многу мала, само 7,46% од регистрираните гласачи гласаа на едно од 203-те избирачки места отворени за таа прилика. […]

Ковачевски за РТВ Словенија: Големите и стратешки одлуки секогаш носат придобивка за граѓаните


Ние досега сме донеле голем број на тешки одлуки, почнувајќи од 2001 година со Охридскиот рамковен договор, потоа со Преспанскиот договор, со договорот со Грција, како и со прифаќањето на Преговарачката рамка и на Договорот за добрососедство со Бугарија и можам да кажам дека после сите тие договори, Северна Македонија секогаш излегувала како победник, порача […]

Путин постхумно го одличува воениот блогер убиен во нападот со бомба во Санкт Петербург


Москва- Рускиот претседател Владимир Путин денеска постхумно го одликува воениот блогер кој вчера беше убиен во бомбашки напад во кафуле во Санкт Петербург, за кој официјална Москва ги обвини Украина и „агентите“ на опозицискиот лидер Алексеј Навални, пренесе Бета. Орденот за храброст му беше доделен на Владлен Татарски (вистинско име Максим Формин) за „храброста и смелоста […]

Вее снег на Маврово, до утре може да има 20 см


На Маврово, вечерва интензивно вее снег. Од Националниот парк, очекуваат, доколку врнежите продолжат во текот на целата вечер, до утре да има 20 сантиметри снежна покривка.   

Италијанската крабрежна стража со хеликоптер спасила 32 мигранти од пуст остров крај Лампедуза


Италијанската крајбрежна стража денеска соопшти дека употребила хеликоптер во спасувањето на 32 мигранти, меѓу кои и едно дете, кои од претходниот ден биле блокирани на пуст остров во централниот дел на Медитеранот. Спасувањето на мигрантите заглавени на островот Лампионе, што е дел од истиот архипелаг како и островот Лампедуза, се покажало невозможно по морски пат […]

Прв случај на морбили кај 13 месечно дете од Свети Николе


Потврден е прв случај на морбили кај 13 месечно дете од Свети Николе. Марија Димитрова директор на Центарот за јавно здравје-Штип, потврдува дека анализите од крвта се пристигнати денеска од страна на Институтот за јавно здравје, кои потврдуваат дека станува збор за морбили. Посочува дека детето било хоспитализирано прво на детско одделение во штипската Клиничка болница, веднаш […]

Растенијата „врескаат“ кога се под стрес, но кој ги слуша?


Најнова студија тврди дека растенијата кога се под стрес освен други работи испуштаат и звук, иако научниците не знаат како го прават тоа. Кога се под стрес, растенијата можат да го променат својот мирис, боја и облик. Научниците овие промени ги објаснуваат со што на тој начин растенијата им сигнализираат на останатите растенија во близина […]

Дестинација за секого: Кафето чини едно евро, а сместување може да најдете за 19 евра


Со оглед на тоа дека цените на Јадранот дивееја, многумина летово ќе бараат алтернативни дестинации за одмор, а порталот „Pun Kufer“ предлага една таква. Станува збор за одморалиштето Сончев Брег, едно од најпопуларните на Црното Море, кое опфаќа пет километри долга песочна плажа во заливот помеѓу Свети Влас и Несебар. Изградена е кон крајот на […]

Млад бездомник добил изгореници по пожарот во напуштената куќа кај Олимписки


Во неделата, во СВР Скопје било пријавено дека околу 00.20 часот настанал пожар во напуштена куќа на ул.„Благоја Деспотовски Шовељ“, во која престојувал бездомникот Р.Р.(24). Во пожарот, Р.Р. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“. Екипа на Бригадата за противпожарна заштита го изгаснала пожарот, а увид извршила екипа од […]

Поради дефект без електрична енергија неколку улици во Македонска Каменица


Во Македонска Каменица во прекин снабдувањето со електрична енергија на неколку улици во градот. Од контакт центарот на ЕВН информираат дека се работи за дефект на 10 кило волтен далновод, поради што во прекин е снабдувањето со електрична енергија во одредени делови на Македонска Каменица. Во моментот без електрична енергија се домаќинствата на улиците „Езерска“, дел од „Осоговска“, „Илинденска“ […]

Бујар Османи ја поздрави поддршката на ВМРО-ДПМНЕ за уставните промени


  Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ја поздрави одлуката на ВМРО-ДПМНЕ, пренесена преку изјава на нејзиниот претседател, за подршка на уставните измени. Ваков поздрав до Христијан Мицкоски Османи му прати преку Фејсбук.   „Со ова одлука влегуваме во квалитативно нова фаза на овој процес. Од таа дали треба во фаза како да изгледаат тие. […]

Пожар во соблекувална го одложи почетокот на дуелот Емполи – Лече


Почетокот на натпреварот во Серија А меѓу Емполи и Лече е одложен за час, откако вечерва на изби пожар во една од соблекувалните на стадионот. Италијанската лига на своите социјалните мрежи наведе дека дуелот е одложен за еден час поради „безбедносни причини“. Клубот од Лече на Твитер појасни дека до одложување на стартот дошло поради […]

Силен земјотрес го погоди островот Суматра во Индонезија


Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар денеска кај индонезискиот остров Суматра регистрираше силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот бил на 67 километри од градот Падангсидемпан, на длабочина од 91 километар. Засега нема информации за евентуални жртви или материјална штета.  ⚠Preliminary info: M6.4 #earthquake (#gempa) about 80 km SW of #Padangsidempuan (#Indonesia) […]

ЕУ се радува на соработката со новиот претседател на Црна Гора


Подгорица – Европската унија (ЕУ) се радува на соработка со новиот црногорски претседател, како и со сите политички актери во Црна Гора, изјави портпаролот на шефот на европската дипломатија, Петер Стано. -Очекуваме соработка со новиот претседател и сите релевантни државници во Црна Гора со цел да и помогнеме да остане на европскиот пат, да се изгради […]

Макрон најави комплетирање на нацрт-законот за евтаназија до крајот на летото


Париз – Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека Франција мора да ја подобри достапноста на палијативната нега и најави дека нацрт-законот за евтаназија треба да биде завршен до крајот на летото. Макрон рече дека предлог-законот ќе се надоврзе на работата на групата од 184 случајно избрани француски граѓани кои расправаат за ова прашање од […]

Финска утре ќе стане членка на НАТО


Брисел – Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека утре ќе биде поставено знамето на пред седиштето на Алијансата во Брисел. Финска утре ќе стане 31-ва членка на НАТО. – Утре ќе ја пречекаме Финска како 31-ва членка, изјави Столтенберг во пресрет на средбата на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел. Процесот на ратификација во […]

Лидерот на ПАСОК бара забрзување на истрагата за случајот со прислушувањата во Грција


Атина-  Барање за забрзување на истрагата на Обвинителството за случајот со прислушувањето во земјата достави претседателот на грчката опозициска партија ПАСОК- Движење на промена Никос Андрулакис на денешната средба со шефот на атинското Обвинителство, Андонис Елефтерианос, јави дописничката на МИА од Атина. Андрулакис, кој беше прислушуван од Националната разузнавачка служба, а имало обид неговиот мобилен телефон да биде […]

Мицотакис оптимист за туристичката сезона во Грција


Атина– Оптимизам за туризмот во Грција, како за оваа, така и за следните години, изразил грчкиот премиер Кријакос Мицотакис за време на работниот состанок со извршниот комитет на Грчката конфедерација за туризам (СЕТЕ) по повод почетокот на туристичката сезона, јави дописничката на МИА од Атина. -Верувам дека веќе ја постигнавме нашата централна цел, која е проширување […]