Се отвораат операционите сали во прилепската болница, наодите се негативни


Од утре се отвораат операционите сали во прилепската болница и продолжуваат со оперативната програма. Одлуката ја донесе Комисијата за интрахоспитални инфекции при болницата. Оттаму информираат дека добиле негативни наоди од 150–те земени примероци од салите и персоналот, но со корекција на одредени состојби. – Врз основа  на добиените негативни наоди од Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија, Комисијата за спречување на […]

Дејвид Гир: Европска куќа во Битола за младите како идни граѓани на ЕУ


Евроамбасадорот Дејвид Гир и градоначалникот на Битола Тони Коњановски во присуство на министерката во Министерството за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска потпишаа Меморандум за разбирање за отворање „Куќа на Европа“ во Офицерски дом во Битола. Со овој проект ние целосно го почитуваме културното наследство и минато на офицерскиот дом кој има уникатен белег, истакна евроамбасадорот Гир […]

Француски производител на воена опрема: Ќе вработиме 12.000 луѓе


Францускиот производител на воена опрема „Thales Group“ денеска објави дека годинава има намера да отвори повеќе од 12.000 работни места, најмногу во Европа и во сегментите на истражување, развој и индустриски операции. Со ангажман на нови работници сакаат прес сѐ, да го задоволат растечкиот тренд за работење со пазарите на воздухопловството, одбраната и сигурноста и […]

Фон дер Лајен ќе се сретне со британскиот крал Чарлс


Англија– Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска ќе се сретне и со кралот Чарлс за време на нејзината посета на Велика Британија за да ги финализира преговорите со британската влада за новиот договор за трговските правила за Северна Ирска по Брегзит. Комисијата потврди дека Фон дер Лајен ќе се сретне и со кралот […]

Две лица се обиделе да прошверцуваат 190 кутии со таблети „далерон“


На 25.02.2023 во 19.15 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Белановце при Регионалниот центар за гранични работи Север ги привеле Р.А.(64) од с.Лојане, липковско и С.Р.(54) од Куманово. Имено, кај с.Злокуќане, липковско, при обид за илегален излез од Република Северна Македонија, полициските службеници извршиле контрола на патничко возило „опел […]

Вардар од кој го вртиме погледот


  Во центарот на Скопје, реката Вардар, место да биде украс, всушност е главен „одвод“ на отпад. Меѓу купиштата пластични шишиња, тетрапак и гранки, пливаат две-три патки, но сликата е жална.  Природата очигледно не се откажува, ама ние одамна сме се откажале од неа. Во продолжение погледнете ги фотографиите на нашиот фоторепортер Борис Грданоски од […]

ШАХ – Отворен меѓународен турнир во забрзан шах АЛКАЛОИД 2023


Шаховскиот клуб Алкалоид, под покровителство на својот спонзор, компанијата АЛКАЛОИД АД Скопје, ја продолжи догогодишната традиција и викендов го организираше традиционалниот Отворен меѓународен турнир во забрзан шах АЛКАЛОИД 2023. Почнувајќи од 2012 година, организирани се 7 отворени меѓународни турнири во шах со рапид темпо на игра и 4 во блиц. По пауза од три години […]

Лажни се дојавите за бомби во училиштата во Скопје и во Прилеп


Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од 21 средно и 11 основни училишта на подрачјето на Скопје, едно основно училиште во Прилеп и Основниот суд во Охрид, по добиените пораки на електронски адреси со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека […]

Битиќи: Максимална заложба за исполнување на препораките од Извештајот на ЕК


  Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денеска во Брисел учествуваше на билатералниот скрининг состанок од Кластер 2, „Внатрешен пазар“ од Поглавје 9 „Финансиски услуги“, при што порача дела државава оваа година ќе се потруди максимално да ги исполни препораките од Извештајот на Европската комисија. Според Извештајот, Северна […]

Мрачната страна на неутралноста


Минатиот мај, пред да биде реизбран за претседател на Бразил, Луис Инасио Лула да Силва тврдеше дека украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот руски колега Владимир Путин сносат еднаква одговорност за војната во Украина. Сепак, дали одбивањето да се избере страна доаѓа од Бразил, Јужна Африка или Индија, кои тврдат дека се „неутрални“ кон руската […]

Нов начин на утврдување на нефункционалните кредитни изложености од следната година


  Советот на Народната банка денеска усвои нова Одлука за методологијата за управување со кредитниот ризик со која се врши натамошно усогласување со новите регулаторни барања што започнаа да се применуваат во Европската Унија, а придонесуваат за натамошно јакнење на стабилноста на банкарскиот систем. Со Одлуката се определува нов начин на утврдување на нефункционалните кредитни […]

Курти за Еуроактив: Договорот меѓу Приштина и Белград е можен до крајот на годината


Косовскиот премиер, Албин Курти, денеска за Еуроактив во Брисел изјави дека до крајот на оваа година е можен договор меѓу Белград и Приштина. Пред средбата во Брисел, Курти кажа дека Белград и Приштина имаат за цел годинава да склучат важен договор за нормализација на односите и дека тој нема да биде гладок и покрај зголемениот […]

Потпишани договори со Јавните општински установи за инклузија на деца Роми


Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска заедно со претставничката на УНИЦЕФ во државата, Патриција Ди Џовани и советникот за инклузија на Ромите во Владата на Република Северна Македонија, Елвис Мемети присуствуваа на потпишувањето на договори за инклузија на деца Роми во јавните општински установи во РСМ. Тренчевска со своето воведно обраќање се […]

Медведев се закани со апокалипса на светот


  Во Москва предупредија на „апокалипса“ доколку Западот продолжи да испраќа оружје во Украина за да ѝ помогне на земјата во нејзината борба против руските сили. Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев рече дека ефектите од потенцијалната глобална нуклеарна катастрофа ќе траат со децении „додека урнатините не престанат да емитуваат радијација“ – повторувајќи ги неговите претходни […]

Парализиран авиосообраќајот во Германија поради штрајкови


Штрајковите на вработените во јавните служби денеска ги блокираа аеродромите во Келн и Дизелдорф, а прекинот на летовите може да трае до изутрина. „Ситуацијата на аеродромите е мирна, бидејќи повеќето патници биле известени за штрајкот, па не доаѓаа“, изјави претставник на аеродромот во Келн/Бон. Огромното мнозинство од планираните 305 летови во Дизелдорф, кој е најпрометниот […]

„Хајнц“ трага по спасеникот кој преживеал на море јадејќи кечап, за да му подари нов брод


Маж мина недели изгубен на море пред околу два месеца, преживеал јадејќи само кечап, па сега има можност да добие нов брод како подарок од компанијата „Хајнц“ – производителот на намирницата што му го спасила животот на човекот.  Потрагата е кон Елвис Франсоа (47), морнар од Доминика, кој минал 24 дена на море. Преживеал благодарение […]

Зголемениот поврат на ДДВ наскоро на собраниска седница


Управата за јавни приходи со посредство на Министерството за финансии ги поднесе измените за мерката „Мој ДДВ“ за скенирање на фискални сметки со кои се предвидува зголемување на износот што им се дава на граѓаните за поврат на данокот на додадена вредност (ДДВ) и тие сега се во собраниска процедура, потврди денеска директорката на Управата […]

УЈП наскоро ќе ги достави записниците од втората контрола до ЈСП и приватните превозници


Управата за јавни приходи (УЈП) има спроведено два типа на контроли во ЈСП „Скопје“ и во приватните автобуски превозници „Макексперс“ и „Слобода превоз“. Записниците од првата контрола веќе им се доставени, а наскоро ќе ги доставиме и од втората контрола, најави денеска директорката на УЈП, Сања Лукаревска. – Првичните контроли за деловните односи кои ги […]

Антикорупциска отвори предмет за првиот вицепремиер Артан Груби


  Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната редовна седница потврди дека пред десет дена е отворен предмет за првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, откако во јавноста беа објавени информации за зголемување на неговата и на имотната состојба на членови на неговото семејство. „Имаме отворен […]

Еди Редмејн е стилската ѕвезда на црвените килими


САД-Помина времето кога актерите шетаа по црвениот ќилим облечени во црн смокинг само затоа што тоа беше единствената облека што се сметаше за прифатлива за машките филмски ѕвезди  пред блицовите на фотоапаратот. До неодамна, само екстремните ѕвезди се осмелија да носат неконвенционална облека на црвениот ќилим. Сега, ѕвездите од Холивуд ни даваат поеклектични изгледи за […]