Француски производител на воена опрема: Ќе вработиме 12.000 луѓе


Францускиот производител на воена опрема „Thales Group“ денеска објави дека годинава има намера да отвори повеќе од 12.000 работни места, најмногу во Европа и во сегментите на истражување, развој и индустриски операции.

Со ангажман на нови работници сакаат прес сѐ, да го задоволат растечкиот тренд за работење со пазарите на воздухопловството, одбраната и сигурноста и на дигиталниот идентитет и безбедност.

Компанијата со седиште во Париз очекува најмногу работници да вработи во матичната Франција, или 5.500, потоа во Велика Британија од каде би вработиле 1.050, Австралија 600, Индија 550 и САД 450.

Во Европа, без Франција, вкупно ќе оотвори 3.340 нови работни места. Во Холандија ќе се ангажираат 400 нови вработени, во Полска 200, во Германија 190 и во романија 180.

Бараат инженери и стручни лица за кибернетика и за вештачка интелигенција

Новите кадри ќе се вработат во сите сегменти од компанијата, а посебно на истражување и развој, околу 40 отсто, а таму работат информатички инженери, специјалисти за кибернетичка безбедност и вештачка интелигенција.

Во индустриските операции же се вработат 20 отсто од нововработените, главно во синџирите за снабдување, електрониката и производството на мшини. Минатата година „Thales“ вработи рекордни 11.500 нови работници, што е за 50 отсто повеќе од 2021 година.

Од 2015 до 2022 година, оваа компанија годишно вработувала по 5.500 нови работници, а работи во 68 земји.