Штрајк на граничниот персонал во Велика Британија: Патниците во автобуси чекаат повеќе од шест часа


Англија – Патниците во автобусите кои се враќаат во Велика Британија повеќе од шест часа чекаат на граничните премини поради штрајк на граничниот персонал. Операторот на фериботот „П и О“ ги советуваше патниците да одат во тоалет пред пристигнувањето и да дојдат подготвени со освежување, јави Би-Би-Си. Граничниот персонал во Калеи, Данкерк, Довер и терминалот Кокај на […]

Турција: Вечерва прекинува потрагата по преживеани


Турција – Шефот на турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), Јунус Сезер, изјави дека потрагата и спасувањето ќе заврши денеска навечер. Досега се регистрирани повеќе од 46.000 жртви од разорните земјотреси во Турција и Сирија. Бројот на жртвите се очекува да се зголеми бидејќи многумина сè уште се водат за исчезнати. Ниту Турција ниту Сирија сè уште не соопштија […]

Утре зголемување на облачноста и умерен до засилен ветер


Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време со дневни температури кои на повеќе места ќе бидат над просекот за овој период од годината, информира УХМР и за утре најавува преодно зголемување на облачноста, со умерен до засилен ветер од северозападен правец и со благ пад на дневните температури. Поголемо наоблачување, како што информира, се […]

Северна Кореја ги потврди тестирањата на балистички ракети


Северна Кореја– Северна Кореја денеска соопшти дека нејзиниот најнов тест на интерконтинентална балистичка ракета има за цел дополнително да го зајакне капацитетот на нуклеарен напад против непријателот. Земјата веќе се закани дека ќе преземе дополнителни чекори како одговор на планираната заедничка воена вежба на САД и Јужна Кореја. Вчерашното пробно истрелување на проектил, прво годинава, ги сигнализира намерите на […]

Нов пристап во контролите на земјоделските површини – сателитско снимање секои 6 – 10 дена


Со исплатата на субвенциите по површина обработливо земјиште независно од видот на земјоделската култура, се создадоа можности за воведување нов пристап во спроведувањето на теренските контроли, т.н. мониторинг на парцели. Мониторингот кој годинава прв пат се воведува во земјите-членки на ЕУ, а кај нас ќе почне на одредена пилот територија, ќе овозможи контроли преку сателитски […]

А победникот е… Лондон го постави црвениот килим за филмските награди БАФТА


Англија– Германскиот римејк на антивоениот класик „На запад ништо ново“ (All Quiet on the Western Front) води во номинациите на филмските награди на Британската академија овој викенд, што филмските експерти внимателно ќе го следат како показател за Оскарите следниот месец. Заснована на романот од 1928 година на германскиот автор Ерих Марија Ремарк за ужасите на […]

Ковачевски во Минхен се сретна со директорката на ММФ, Георгиева


Германија – Премиерот Димитар Ковачевски во рамки на Минхенската безбедносна конференција оствари средба со Кристалина Георгиева, првиот човек на ММФ, како и со претседателката на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Одил Рено – Басо. Премиерот Ковачевски се заблагодарил што ММФ во нашата земја препозна здрав економски фундамент и ја поздрави стабилноста на нашите […]

ЕБОР: Растот на БДП за Македонија годинава ќе биде 2 отсто


Европската банка за обнова и развој ги ажурираше своите економски прогнози. Проценката за 2023 година, е намалена за 0,3 насто, во однос на последниот извештај од септември лани. Растот на БДП за Македонија годинава ќе биде 2 отсто, а во наредната 3 проценти, известуваат од ЕБОР. Европската банка за обнова и развој ги ажурираше своите […]

Јотова се сретнала со претставници на бугарската заедница во Скопје


Бугарија нема да прави отстапки за договорите со Северна Македонија. Ова го порача бугарската потпретседателка, Илијана Јотова, која вчера на враќање од Косово допатува во Скопје на средба со претставници на бугарската заедница во Македонија. Средбата се случуваше во зградата на бугарската амбасада во Скопје, пришто Јотова им се заблагодари на македонските бугари за храброста […]

„Ги запознаваме ретките болести 2023“: Лајмска болест


Во месецот со најмалку денови во годината, во месецот кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“, месецот кој е редок по своите ретки 28 дена и оваа година, петта по ред, ќе се обидеме поблиску да Ве запознаеме со ретките болести. Да ги дознаеме предизвиците и проблемите со кои се соочуваат. Како ја добиваат […]

СЗО: Потребна е помош за 26 милиони луѓе во Турција и Сирија


Швајцарија – Светската здравствена организација проценува дека хуманитарната помош е неопходна за 26 милиони луѓе во Турција и Сирија. Во Сирија, каде во земјотресот загинаа повеќе од 5.800 луѓе, властите во северозападниот дел на земјата под контрола на Дамаск не дозволуваат влез во областа, изјави директорот на Светската програма за храна, Дејвид Бисли. Тој изјави дека тоа […]

„Супермоќ“ е исклучително личен“: Овации за документарецот на Шон Пен на Берлинале


Германија- Документарниот филм на Шон Пен за војната во Украина наречен „Superpower“ (Супермоќ) ја имаше светската премиера на Берлинскиот филмски фестивал каде публиката го поздрави со овации. Пен рекол дека е среќен што го гледаат како „пропагандист“ на украинските воени напори, додека рускиот претседател Владимир Путин го нарекол „морничав мал силеџија“ по светската премиера на […]

Новата ЕУ регулатива ги вклучува и онлајн медиумите, држвата да се рекламира само под строг независен надзор


Некои од главните причини за донесување на нова ЕУ регулатива за слобода на медиумите се нивна заштита од различните форми на влијание врз уредувачка политика, промените во обрасците на информирање на публиката и падот на приходите во медиумскиот сектор поради конкуренцијата од социјалните мрежи и другите актери во дигиталното опкружување, вели во интервју за Рацин.мк […]

Висок претставник на Вселенската патријаршија во посета на Бигорски манастир


Во посета на Свештена бигорска обител вчера допатува високопреосвештениот митрополит на Имврос и Тенес г. Кирил, висок претставник на Вселенската патријаршија.   – Владиката Кирил го посети Бигорскиот манастир како голем пријател на нашата Црква и претставник на Неговата божествена сесветост, вселенскиот патријарх г. г. Вартоломеј, носејќи ги неговите поздрави и благослови за именденот на […]

Ким Кардашијан е новата муза на „Долче и Габана“ (фото)


САД– Долче и Габана ја најде својата муза! Луксузниот моден бренд ја претстави Ким Кардашијан како заштитно лице на својата нова рекламна кампања пролет/лето 2023 година со секси црно-бели снимки на основачката на SKIMS која носи предмети од женската колекција. Кампањата е снимена во италијанска вила од фотографското дуо Мерт Алаш и Маркус Пигот, според […]

Макуларна дегенерација: Симптомите на болеста со која се бори Џуди Денч


Англија– Оскаровката Џуди Денч соопшти дека се бори со макуларна дегенерација. Според Здружението за макула, макуларната болест е најголемата причина за губење на видот во Обединетото Кралство и влијае на 1,5 милиони луѓе. Иако може да влијае на луѓе од која било возраст – дури и деца, најчестиот тип на макуларна болест е макуларна дегенерација […]

Џуди Денч го губи видот: Не можам повеќе да читам сценарија


Англија- Дејм уди Денч откри дека и е „невозможно“ да чита сценарија за да ги научи нејзините реплики поради нејзиниот влошен вид. 88-годишната оскаровка претходно сподели дека живее со макуларна болест или макуларна дегенерација (AMD) поврзана со возраста, признавајќи дека тоа е „интензивно иритирачко“. Разговарајќи за нејзината состојба на шоуто Греам Нортон, таа објасни дека […]

Дел од Карпош утре без струја


РЦУК Скопје информира дека во текот на утрешниот ден без електрична енергија ќе биде дел од општина Карпош. Од 11.00 до 12.00 часот струја нема да имаат корисниците од улиците „Лондонска“ и „Варшавска“ лоцирани во околината на објектот на БЕГ – топлификација.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата […]

Науката знае каде може да се случи земјотрес, но не може да предвиди кога: Интервју со Влатко Шешов


Науката нема интерес да предвидува, иако однапред знае каде каде може да се случат земјотреси, бидејќи постојано со инструменти ги следи движењето на земјината кора, но е многу несериозно, неодговорно, непринципиелно и не е базирано на факти да се каже дека може да се знае кога ќе се случи потрес, вели директорот на Институтот за земјотресно […]