Турските ѕвезди со апел за помош за жртвите од катастрофалниот земјотрес


Турција– Актерите Бергузар Корел, Халит Ергенч, Туба Бујукустун, Бурак Озџивит, Демет Оздемир и многу други кои на нашата публика и се добро познати по бројните улоги во најпопуларните турски серии се шокирани од размерите на катастрофалниот земјотрес што ја погоди нивната земја. Тие на своите профили на социјалните мрежи жалат за загинатите сонародници, им нудат […]

Ако изедете пред спиење од ова овошје, ќе спиете како бебе


Само едно овошје е идеално за квалитетен сон! Квалитетниот и редовен сон, покрај здравата исхрана и редовната физичка активност, е клучот за спречување на многу болести. Сепак, секојдневниот стрес, работа и други обврски исто така може да го загрозат сонот. За среќа, тој проблем може да се ублажи со некои едноставни промени. Така, на пример, […]

Целиот ужас на Турција во зборовите на еден човек: „Нѐ викаат, а ние не можеме да им помогнеме“


Потрагата по преживеаните од земјотресот во Турција и во Сирија е отежната од студеното време, како и од постојаните потреси. Во текот на ноќта, најсилниот земјотрес беше со магнитуда од 5,6 степени според Рихтер, а уитринава Турција беше погодена уште од два посилни земјотреси. Медиумите пренесуваат дека во Караманмарас е лошо, северно од Хатај, додека […]

Охрид: Проектите за зачувувањето на статусот во УНЕСКО би чинеле 13 до 14 милиони евра


Општина Охрид и Владата, односно ресорните министерства имаат одлична соработка во однос на спроведување на препораките за зачувување на статусот заштитено подрачје во УНЕСКО, потенцира градоначалникот Кирил Пецаков. Тој во интервју за МИА посочи дека спроведувањето на дел од препораките за зачувување на статусот во УНЕСКО би чинело колку општинскиот буџет за една и пол […]

Намирници кои не треба да се замрзнуваат, исто како да сте изеле ѓубре


Која храна не треба да се замрзнува и што се случува кога ги изложуваме на ниски температури. Постојат зеленчуци кои никогаш не треба да ги замрзнувате поради големата количина на вода што ја содржат, забележуваат нутриционистите. Како што истакнуваат, не може сите производи да се чуваат на температури под нулата. Составот на некои намирници се […]

Судењето за „Ласкарци“ се одложи поради отсуство на вешто лице


Судењето за случајот „Ласкарци“ се одложи откако во Основниот кривичен суд Скопје денеска не се појави вештото лице Зекирија Зекири. Како што информираше Судечкиот совет, вештото лице Зекирија Зекири, преку другите членови на тимот што го изготви супервештачењето, известил дека поради здравствени причини нема да дојде на денешното насрочено рочиште. Јавниот обвинител Дарко Јакимовски, побара […]

Тијана Петреска од Скопје е најфотогенична студентка на светот


На светскиот избор за најубава студентка, кој неодамна се одржа во Сеул, Јужна Кореја, нашата Тијана Петреска, 22 години, од Скопје, ја освои титулата Miss Photogenic, како најфотогенична од сите девојки, а ги имаше 70 вкупно од исто толку држави од целиот свет. Победничка, односно WORLD MISS UNIVERSITY е претставничката на Костарика, првата придружничка е […]

Што да правите ако го пресолите омиленото јадење? Три совети за спас на секое јадење


Дури и ако сте искусна домаќинка, сигурно неколку пати сте морале да го пресолите јадењето. Тоа е проблем затоа што ако не знаете како да ја поправите штетата, сè што можете да направите е да ја фрлите, што не е најдобро решение, бидејќи целиот ваш труд и пари одат залудно. Сигурно сте слушнале за трикот […]

Османи ја повика Бугарија да стават крај на меѓусебните обвинувања


  Министерот за надворешни работи, Бујар Османи,  ја повика денес владата во Бугарија да прифати рака на помирување, односно заедно со властите во Македонија да стават крај на кругот на меѓусебни обвинувања  напуштајќи ја оваа пинг-понг дипломатија што е присутна сега.  „Имавме долго соопштение од МНР вчера во коешто ги коментиравме сите аспекти од случувањата. […]

ЕСМ: Блок 1 на РЕК Битола исклучен од мрежа


  Блок 1 на РЕК Битола утрово е исклучен од мрежа заради интервенции во цевководниот систем на постројката, сервисни и ремонтни активности на млинските кола и нега на постројките во машинската сала на блокот, информираат од АД ЕСМ. Како што нагласуваат, се очекува блокот да биде ставен во функција во следните 24 до 48 часа. […]

Надја на Марк Ентони избра венчаници кои сон на секоја жена, еве зошто


САД- Глобалната музичка ѕвезда Марк Ентони и поранешната мис Универзум на Парагвај  за 2022 и прва придружничка на мис Универзум во 2021 година, Надија Фереира , се венчаа со стил и со славни гости  во Мајами. Невестата, која се омажи за Ентони на 28 јануари се обрати кај израелската модна дизајнерка Галија Лахав за не […]

Народна банка: Банките треба редовно да ги ажурираат податоците на граѓаните кои се нивни клиенти


  Комерцијалните банки, согласно постојната законска регулатива од Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, Законот за заштита на лични податоци, како и подзаконската регулатива, треба редовно да ги ажурираат личните податоци на клиентите, соопшти Нардоната банка. Од НБ посочуваат дека во современи услови на сѐ позачестено користење на услугите на електронско и […]

Огромен пожар во турско пристаниште, гори веќе два дена (видео)


Веќе втор ден беснее голем пожар што избувна во делот на пристаништето во градот Искендерун погоден од земјотресот во југоисточна Турција, јавува АП. Телевизиските снимки денеска покажуваат густ црн чад што се издига од запалените контејнери во пристаништето Искендерун на Средоземното Море, пренесе американската агенција. Засега не е познато што го предизвикало пожарот. Турската државна […]

Карди Б со двете тоалети беше кралица на стилот на Греми 2023


САД- Бијонсе не беше единствената славна личност со промена на облеката за церемонијата на Греми. Водителката Карди Б, откако се појави во хипнотизирачка сина тоалета со драматична скулпторска качулка на Гаурав Гупта, кој го имаше своето деби на пистата на Неделата на висока мода  во Париз само пет дена пред доделувањето на Греми, се префрли […]

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ работи на тензии и нарушување на односите со Бугарија


ВМРО-ДПМНЕ работи на тензии и нарушување на односите со Бугарија заради попречување на европскиот пат, возврати денес СДСМ, по неколкудневните повици од опозицијата да се спречи бугаризација на чествувањето на Гоце Делчев и тврдења, наспроти тоа, дека односите со соседната земја никогаш не биле полоши од сега.   -ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, заложниците на Димитар Апасиев […]

Советот на амбасадори: Во овие тешки денови да им помогнеме на погодените од земјотресот


Совет на Амбасадори со длабока тага и жалост ја прими веста за катастрофалниот земјотрес кој тешко ги погоди некои делови на Турција и Сирија во кои се најдоа неколку илјади загинати и повредени луѓе, известуваат од таму. „По повод овој трагичен настан Советот на Амбасадори ја дели болката со семејствата на загинатите и им изразува […]

Катастрофална состојба во Сирија: „Децата ми се под урнатините, нема кој да ги спаси“


Санлиурфа, историски град на југоистокот на Турција, разорен е во низата големи земјотреси, кои однесоа повеќе од 4.900 животи во главно курдските региони на земјата и во соседна Сирија. Преживеаните во потресот што ја погоди Турција и Сирија ги наслушнуваат криковите во надеж дека ќе дојдат до заробените под урнатините. „Под урнатините е семејство кое […]

Деветте деца од Македонија го напуштија загрозеното подрачје во Турција


Деветте државјани на Република Северна Македонија, кои беа затекнати во загрозеното подрачје (осум ученици и нивен ментор преку програмата „Еразмус плус“), го напуштиле погоденото подрачје од земјотрес и на пат се кон Анкара. Во организација на амбасадата на  Македонија во Анкара, со две возила, учениците во текот на денот ќе пристигнат во турскиот главен град. […]

САД ја поздравија деескализацијата на реториката со Бугарија


  САД ги поздравуваат напорите на лидерите на Бугарија и на Северна Македонија за деескалција на реториката и за тоа што охрабрија достојно чествување во Скопје на денот на раѓањето на Гоце Делчев, се вели во изјавата на Стејт департментот дадена денеска на барање на МИА.   На прашање од МИА дали САД сметаат дека […]