На сетот на „Сексот и градот“: Ејдан се враќа во животот на Кери Бредшо


САД– Старата љубов на познатата колумнистка од Њујорк, нејзиниот поранешен свршеник Ејдан е тука на радост на голем број обожаватели. Ејдан Шо (Џон Корбет) дефинитивно се враќа во животот на Кери Бредшо а новите фотографии од сетот на втората сезона на серијата „And just like that“ го потврдуваат тоа… На официјалниот Инстаграм профил на серијата, […]

Најстудено на Попова Шапка минус 8, а најтопло во Дојран 5 степени


Најстудено утрово е на Попова Шапка, каде се измерени – 8 степени, а најтопло е во Дојран со 5 степени. Минусни температури има и во Берово, Крушево и Охрид, додека во Скопје измерени се 4 степени. Висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесува 10 сантиметри. Времето во текот во текот на ноќта беше променливо […]

Две девојчиња и четири жени повредени во пукање пред црква во Лондон


Англија– Две девојчиња на возраст од седум и 12 години и четири жени се повредени синоќа при пукање пред црквата во која се одржувала погребна служба, недалеку од лондонската железничка станица Еустон, соопшти британската полиција. Седумгодишно девојче е тешко повредено и е пренесено во болница во критична состојба, а хоспитализирани се и жените, јавија светските […]

Костадиновска-Стојчевска на министерска конференција на Алијансата „Баукултур“ во Давос


Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска и утре ќе учествува на Втората конференција на министри за култура „Алијанса Баукултур Давос 2023“, која, под мотото „Заедничко добро – споделена одговорност“, се одржува во Давос, Швајцарија. Заедно со министрите за култура од повеќе од 20 европски земји, Костадиновска-Стојчевска ќе има свое излагање на панел дискусијата, која ќе […]

Силен земјотрес ја погоди Турција


Турција – Земјотрес со интензитет од 5,2 степени ја погоди Турција, соопшти денеска Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC). Земјотресот се случил во 4 часот и 36 минути, а епицентарот бил на 25 километри јужно од градот Елазиг, на длабочина од два километри. Засега нема извештаи за штети. 

Лиза Мари Присли ќе биде погребана во Грејсленд, покрај синот


САД- Лиза Мари Присли ќе биде погребана во Грејсленд, покрај синот. Претставникот на нејзината ќерка Рајли Кеу потврди за Yahoo Entertainment дека пејачката и единственото дете на Елвис Присли ќе биде погребана на имотот на нејзиниот покоен татко во Мемфис, Тенеси. Веб-страницата е „до нејзиниот сакан син Бен“, кој почина во 2020 година. Бен беше […]

Џон Леџенд по трет пат стана татко


САД– Поп-ѕвездата и композитор т Џон Леџенд и поранешната манекенка Криси Тајген го добија нивното трето дете, а пејачот веста ја соопшти на концерт. „Каков благословен ден“, изјави воодушевениот пејач и додаде дека се чувствува полн со енергија и среќа, по непроспиените ноќи со Криси која последните денови од бременоста ги помина во болница. Неговите […]

Слабо развиената дигитализација во институциите ги загрозува човековите права


Дигитализацијата создава нови начини на заштита и остварување на човековите права, има влијание врз сите видови права – граѓански, политички, културни, економски, социјални. Сепак, недоволно развиената дигитализација може да ги потисне, односно ограничи, воедно може да предизвика манипулации во правниот систем и да маргинализира одредени групи граѓани. Северна Македонија е држава во која поради бирократски […]

Лазаров: Холандија е екстра квалитетна, ќе треба добро да се помачиме


Полска – Македонската ракометна репрезентација по стартниот пораз од Норвешка, вечер ќе го игра натпреварот од второто коло на Светското првенство 2023. Противник на „црвено-жолтите“ ќе биде селекцијата на Холандија за која селекторот Кирил Лазаров искажа многу комплименти. – Холандија е екстра квалитетна репрезентација која игра модерен и квалитетен ракомет. Во секој момент знаат што прават, […]

Трагедија во Непал: Се урна авион со 72 патници


Непал– Авион со 72 патници се урна денеска во Непал, а во несреќата загинаа најмалку 29лица, соопштија официјални претставници на таа држава. Авионот АТР72 на авиокомпанијата Јети ерлајнс (Јети ерлајнс) летал од Катманду кон Похара и при слетувањето се урнал и се запалил, јавија светските агенции. Во авионот имало 68 патници и четворица членови на […]

Наместо породилно, ќе има мајчинско, татковско и родителско отсуство


  Место досегашното породилно отсуство се предвидува поделба на отсуствата на мајчинско, татковско и родителско отсуство. Ова се предвидува согласно новиот Предлог- закон за работни односи, кој е во нацрт-верзија, за кој периодов ќе оддржиме серија јавни расправи со цел вклучување на јавноста и отворање на можноста за коментари, објави вечерва министерката за труд и […]

Мис на САД е новата Мис универзум (галерија)


САД– Р’Бони Габриел, моден дизајнер, модел и инструктор за шиење од Тексас, за кој претставниците на натпреварот изјавија дека е првата Филипинка која победила на Мис на САД, беше крунисана за Мис Универзум во саботата вечерта. Габриел ги затвори очите и ги спои рацете со второпласираната Мис Венецуела, Аманда Дудамел, во моментот на драматичното откривање […]

15 јануари во истoријата – Роден е Мартин Лутер Кинг


  На 15 јануари 1929 година, Мартин Лутер Кинг помладиот е роден во Атланта, Џорџија, син на баптистички свештеник. Кинг доби докторат по теологија и во 1955 година помогна да се организира првиот голем протест на афроамериканското движење за граѓански права: успешниот автобуски бојкот во Монтгомери. Под влијание на Мохандас Ганди, тој се залагаше за […]

Ноел Галагер од „Оејзис“ се разведува по 22 години барк


Англија- Ѕвездата на некогашниот бенд Oasis, Ноел Галагер, се разведува од сопругата Сара Мекдоналд по 22 години брак. 55-годишниот музичар и 51-годишната музичка публицистка имаат двајца синови. Тие се запознале во 2000 година, а се венчале во 2011 година. Сега наводно пејачот веќе се иселил од нивната семејна куќа во Хемпшир и живее во Лондон, […]

Али Ахмети од Чегране: Да се создаде сојузот за Европа, да се исполни домашната задача


Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети придружуван од собранискиот спикер Талат Џафери, првиот вицепремиер Артан Груби, министри, заменици министерри, директори како и други соработници започнаа средби со граѓаните и партиските активисти од Чегране во општина Гостивар. Ахмети, како што информираат од партијата, синоќа на средба со граѓаните во Чегрене, порача дека не […]

Годинава ќе се фокусираме на долгорочните мерки за аерозагадувањето, пред се на изградбата на гасоводот како трајно решение, вели Нуредини


Како Влада очекувам во 2023 година да се фокусираме на долгорочни мерки за аерозагадувањето, пред се на изградбата на гасоводот, бидејќи само со што поскора гасификација на државата ќе можеме трајно да го решиме проблемот. Дополнителни активности ќе бидат субвенциите што преку Министерството за економија ќе се даваат за стимулирање на користење на обновливи извори […]

Сообраќајот по претежно суви коловози, на Табановце се чека околу 30-40 минути


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничниот премин Табановце за влез и излез се чека околу 30-40 минути, додека на останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат утринава од АМСМ. […]

Сончево со мала до умерена облачност, во Скопје наутро магливо


Наутро во котлините ќе има појава на магла, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени. Како што информираат од УХМР, во Скопје наутро ќе биде […]

Астрономски календар


Денеска е недела, 15 јануари 2023 година, 15-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 350 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 59 минути, а ќе зајде во 16 часот и 27 минути. Денов трае 9 часа и 27 минути. Месечината која е во фаза на млада Месечина, нема да изгрее […]

Нуредини: Ќе инвестираме 55 милиони евра во регионални депонии и за инфраструктура


Во вторник ќе потпишеме договор со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за 55 милиони евра да инвестираме во регионални депонии и за инфраструктурата што е потребна во нашата држава. Да го решиме еднаш и засекогаш проблемот со отпадот, соопшти вечерва министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини. Нуредини во Дневникот на […]