МВР го потврди нападот на секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“


Министерството за внатрешни работи (МВР) излезе со детали за претепувањето на секретарот на бугарскиот клуб во Охрид, „Цар Борис Трети“. Според полицијата, лицето синоќа бил нападнато од тројца охриѓани.Според пријавеното од Х.П., во угостителски објект лоциран на кеј „Македонија“ во Охрид, а потоа и надвор од објектот, физички бил нападнат од С.К., С.К. и И.С., […]

Алек Болдвин ќе биде обвинет за убиство од небрежност


САД- Холивудската ѕвезда Алек Болдвин ненамерно и нанесе смртоносни повреди од пиштол на камерманката Халина Хачинс за време на снимањето на филмот „Рѓа“ („Rust”). Сега обвинителката на Њу Мексико најави дека ќе покрене обвинение против актерот за убиство  од небрежност. Обвинителката Мери Кармак-Алтвис вчера соопшти дека покрај за Болдвин обвинение  за убиство од небрежност ќе биде покренато и за […]

Зошто Спилберг не е омилен кај Британската филмска академија?


Еден од овогодинешните фаворити за најдобар филм доживеа удар во трката за Оскар. Номинираните за наградите на Британската филмска академија беа објавени во четвртокот, а филмот на Стивен Спилберг „Фабелманови“ имаше изненадувачки слабо прикажување и покрај тоа што се сметаше за еден од главните кандидати за освојување на Оскар за најдобар филм. Филмот заработи само […]

На три хороскопски знаци со Младата месечина во Водолија им почнува најдобриот период


Среќен крај на ретроградниот Меркур на сите кои слават! Конечно, помина периодот кој ги комплицира и најситните детали, поради кои секојдневно се нервираме. Во сабота, 21 јануари, Младата Месечина во Водолија ќе не принуди да размислуваме надвор од рамката. Ќе се појават нови идеи, поради што многумина од нас ќе почувствуваат потреба да ја сменат […]

Трамп и неговите адвокати казнети со речиси еден милион долари за тужба против Клинтон


Федерален судија им нареди на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и неговите адвокати да платат повеќе од 930.000 долари отштета за неоснованата тужба против поранешната државна секретарка Хилари Клинтон. Судијата Џон Мидлбрукс, кој ја отфрли тужбата на Трамп во септември, рече дека отштетата е оправдана бидејќи поранешниот републикански претседател покажал модел на злоупотреба на судовите […]

Во поморска несреќа загина поранешен фудбалер на Тотенхем


САД– Дефанзивецот на американскиот фудбалски прволигаш Шарлот, Антон Вокс, загина на 25-годишна возраст во поморска несреќа во Мајами, соопшти неговиот клуб. Вокс настрадал вчера во судир на два чамци во водите пред стадион во Мајами. Весникот „Мајами Хералд“ објави дека Вокс бил пронајден во бесознание и веднаш бил пренесен во болница, каде му била пружена […]

Опериран поранешниот претседател на Казахстан, Нурсултан Назарбаев


Казахстан– Поранешниот претседател на Казахстан, Нурсултан Назарбаев имаше успешна операција на срцето и неговиот живот не е во опасност, соопшти денеска неговата прес-служба. Објавувањето на веста следи по извештаите на казахстанските медиуми дека Назарбаев (82), кој три децении ја водеше земјата богата со нафта, се наоѓа во болница. Назарбаев беше на чело на Казахстан од […]

Шпанската полиција подготвува апсење на Дани Алвеш


Фудбалерот на мексикански Унам и бразилски репрезентативец Дани Алвеш ќе биде уапсен денеска под обвинение за сексуален напад, објави каталонскиот весник „Спорт“. Шпанскиот суд соопшти пред две недели дека е отворена истрага против Алвеш, откако жена го обвини бразилскиот фудбалер за сексуален напад во ноќен клуб во Барселона кон крајот на декември лани. Алвеш (39) тогаш ги […]

На Попова Шапка снежна покривка од 26 сантиметри


До 7 часот утрово снежната покривка на Попова Шапка достигна 26 сантиметри, каде е и најстудено со измерени -3 степени Целзиусови. Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, утрово -2 степени се измерени во Лазарополе, 0 во Маврови Анови, 1 во Крушево, 3 во Охрид и Претор, 4 во Крива Паланка, 5 во Тетово, […]

Барселона со три хеликоптери пристигна на осминафиналниот натпревар во Купот на Шпанија


Откако во неделата во Ријад го победија Реал Мадрид со 3-1 и го освоија првиот трофеј сезонава, фудбалерите на Барселона немаа многу време за одмор по враќањето во Каталонија, бидејќи ги чекаше уште едно гостување, овој пат на северот на Африка во рамки на осминафиналето на Купот на Шпанија. Противник на Барселона беше третолигашот Сеута […]

20 јануари во историјата – Заврши заложничката криза во Иран


  На 20 јануари 1981 година, неколку минути по инаугурацијата на Роналд Реган како 40-ти претседател на Соединетите Држави, 52 американски заробеници држени во амбасадата на САД во Техеран, Иран, се ослободени, со што заврши 444-дневната иранска заложничка криза. Кризата започна на 4 ноември 1979 година кога милитантните ирански студенти се налутија што американската влада […]

Кина пријави голем скок на бројот на хоспитализирани со корона вирус


Кина пријави голем скок на бројот на хоспитализации поради Ковид-19 во текот на неделата што завршува на 15 јануари, се вели во неделниот извештај објавен од Светската здравствена организација (СЗО). СЗО, исто така, соопшти дека чека детални податоци од покраините за речиси 60.000 дополнителни смртни случаи во болниците поврзани со Ковид-19 минатата недела, кои не се вклучени во оваа […]

Владата во Киев предложи закон за укинување на Украинската православна црква


 Украинската влада денеска до парламентот поднесе предлог-закон со кој може да се укине Украинската православна црква доколку украинските власти утврдат дека е поврзана со Русија. ТАСС наведува дека предлог-законот е изготвен според инструкциите на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Претставникот на владата во собранието, Тарас Мелничук, на мрежата Телеграм напиша дека предложениот закон предвидува измени на […]

Ковачевски и Костадиновска на увид на градежните работи во црквата Св. Ѓорѓи во Курбиново


Претседателот на Владата Димитар Ковачевски заедно со министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска ќе го посетат Преспанскиот регион. Ковачевски и Костадиновска најнапред ќе го посетат старото училиште во село Љубојно, а потоа ќе го посетат локалитетот Курбиново и ќе извршат увид во градежните активности во црквата Св.Ѓорѓи. Потоа премиерот Ковачевски заедно со директорот на Агенцијата за […]

Рок легендата Дејвид Крозби почина на 81 година


САД- Дејвид Крозби, еден од највлијателните пејачи и текстописци во 1960-тите, почина на 81-годишна возраст, потврди неговата сопруга за Variety. Рокерот ветеран беше коосновач на два од најголемите бендови од 1960-тите: Бирдс и Крозби и Крозби, Стилс, Неш и Јанг. „Неговото наследство ќе продолжи да живее преку неговата легендарна музика“, рече неговата сопруга во изјава […]

Украина ќе добие нова помош од САД и европските сојузници


САД – САД и некои од нивните европски сојузници најавија значителни нови пакети воена помош за Украина, кои ќе вклучуваат оклопни возила и тешко оружје, пред важниот состанок на кој ќе се разговара за одбраната на Украина. САД тврдат дека нивниот пакет помош, со оклопни возила, системи за противвоздушна одбрана и десетици илјади проектили и муниција, ќе биде […]

Погребана Џина Лолобриџида: Средбата со Мајка Тереза ѝ го смени животот


Италија– Италијанската филмска дива со меѓународна кариера Џина Лолобриџида беше погребана во нејзиниот роден град Субијако на врвот на ридот, по телевизиската погребна церемонија во четвртокот во Црквата на уметниците во блискиот Рим. Андреа, единствениот син на актерката од единствениот брак со словенечкиот лекар Милко Шкофиќ, внукот Димитри беа меѓу присутните заедно со италијанскиот премиер […]

ЕУ и се закани на мрежата ТикТок со санкции за „содржините опасни по живот“


Белгија– Претставници на Европската унија вчера и се заканија на социјалната мрежа ТикТок со далекусежни санкции затоа што дозволува ширење на штетна содржина. Европската комисија го предупреди извршниот директор на ТикТок, ,Шо Зи Че, дека компанијата мора веднаш да почне да се придржува до правилата на ЕУ или ќе се соочи со санкции. -Неприфатливо е […]

Човечка грешка е причина за дефектот што го наруши воздушниот сообраќај во САД


САД– Информатичкиот дефект што го принуди американското регулаторно тело за цивилно воздухопловство (ФАА) привремено да ги прекине домашните летови во САД на 11 јануари, е предизвикан од подизведувач кој случајно избришал датотеки, соопшти ФАА. Агенцијата веќе го припиша дефектот, поради кој на 11 јануари беа откажани или одложени илјадници летови, на оштетување на датотеката со […]

Современиот балет „Пепелашка“ во НОБ


Најновата балетска продукција од Националната опера и балет, современиот балет во три слики „Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев, современа бајка за сите возрасти ќе се изведе вечер и утревечер на сцената на Националната опера и балет. Приказната за „Пепелашка“ е преточена во прекрасната музика на големиот руски композитор Сергеј Прокофјев, а во кореографија на гостинот од […]