Спасовски бара да не се блокираат патишта на 4 февруари


Нема никаква потреба од какво било организирање на граѓаните за блокади на патиштата или ноќни стражи на денот на чествувањето на роденденот на Гоце Делчев, затоа што тука се институциите на системот, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по повикот на социјалните мрежи упатен до граѓаните на 4 февруари да ја блокираат патарината […]

Фустан како Оскар: Стефан Ролан со златната креација воодушеви во Париз


Франција –  Откако беа објавени номинациите за Оскар за 2023 година, на ред се предвидувањата што ѕвездите од Холивуд ќе облечат за најпрестижниот црвен килим во светот.  По имагинативните креации со животинска глава на ревиите на Модната недела во Париз и изгледот на Доџа Кет со налепени црвени монистри по целото тело, внимание на јавноста […]

За 48 часа противпожарната служба на Грција примила 422 повици поради невремето


Од средата до шест часот утрово, противпожарната служба на Грција примила 422 повици за помош поради невремето со дожд, снег и силен ветер што ја зафати земјата, објави грчката телевизија „Скај“. Повиците во главно се однесувале на затнати одводи, спасување од лифтови, сечење дрвја и префрлање на луѓе на безбедни места. Половина од повиците, односно […]

Приведени пет лица од Велес и Tетово кои сексуално искористувале малолетничка


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривичната пријава на Националната единица за сузбивање криумчарење мигранти и трговија со луѓе при МВР, во текот на вчерашниот ден донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против четири лица од Велес и едно лице од Тетово. Врз основа на […]

Астероид ноќеска помина поблиску до Земјата од некои сателити


Астероид со големина на минибус помина многу блиску до Земјата. Вселенската карпа позната како 2023 BiU е долга 3,5 метри со должина од 8,5 метри. Прелета само 3.600 километри над Јужна Америка, најблиску до Земјата на 2 часа и 27 минути по бугарско време. Астероидот влезе во орбитата на телекомуникациските сателити кои орбитираат околу нашата планета. Астрономите претходно […]

Весела Чернева: Ескалација со Македонија има секогаш кога доаѓаат избори


Помеѓу Бугарија и Северна Македонија постои механизам за намалување на тензиите и за идентификување на манифестации на омраза. Овој механизам е јасно наведен во протоколот меѓу двете министерства за надворешни работи од минатата година, но не се спроведува. Ваков став  искажа Весела Чернева од Европскиот совет за надворешна политика и  советничка на поранешниот премиер Кирил […]

Нé чека економски тешка, но година со добри берзански можности


  Капитал Ассет Менаџмент ја одржа традиционалната Годишна инвеститорска средба во 2023, година за која изгледите се дека ќе биде полесна за инвестирање од претходната. Очекувањата се дека инфлацијата ќе продолжи да забавува, како што потврдуваат и последните официјални статистички податоци, што значи полесни денови за инвеститорите. Заедно со намалениот економски раст или потенцијалната рецесија, […]

ПРЕСПА ќе развива земјоделие и туризам со примена на хај тек решенија


Градоначалникот на општина Ресен, Јован Тозиевски и директорката на Преда Плус Фондација, Маријана Милевскана потпишаа Меморандум за соработка во насока на развивање на стартап еко-системот за поддршка на претприемничка култура и иновации во Преспанскиот регион.   Со Меморандумот е предвидено интензивирање на соработката со цел унапредување, промовирање и поттикнување на развојот на стартап сцената во општина Ресен преку поддршка на иновативни бизнис идеи.  ПРЕДА ПЛУС […]

Поројниот дожд предизвика поплави во Окленд


 Поројниот  дожд на Нов Зеланд предизвикаа поплави во најголемиот град, Окленд. Цивилната одбрана на Нов Зеланд ги предупреди околу 1,6 милиони жители на Окленд  да се засолнат од надојдената вода. Според Националниот институт за истражување на водата и атмосферата во Окленд наврнале 80 проценти повеќе од просечните летни врнежи. – Можно е во делови на […]

За германските медиуми состојбата во Бугарија е политичка трагедија


Бугарија не може да се смири, земјата е во постојана криза, а довербата на гласачите се топи. Политичката трагедија што се игра со месеци влегува во нова сезона, се оценките деновиве на германските медиуми за најавата за нови избори во земјата. Германската новинарка Барбара Јортел, која добро ја познава Бугарија и редовно пишува на теми […]

И Слави Трифонов се разбуди за избори, излезе од мрак


  Повеќе од три години по неговото последно појавување на јавниот простор, Слави Трифонов ја крена завесата и застана пред медиумите. Буквално. Ова се случи на брифинг организиран од неговата партија Има таков народ во едно од студијата на неговата партија ТВ 7/8. За средбата беа испратени покани до медиумите, а изјавата на политичарот, поранешен […]

Циципас прв финалист на Австралија опен


Гркот Стефанос Циципас е првиот финалист на Австралија опен, откако во денешното полуфинале во Мелбурн го совлада Карен Хачанов од Русија со 3-1 во сетови (7-6, 6-4, 6-7, 6-3). За Циципас, четврто рангиран на АТП листата, ова ќе биде негово второ грен – слем финале во кариерата по Роланд Гарос во 2021 година. Противник на 24-годишниот […]

Чесите бираат нов претседател, фаворит е поранешниот генерал Павел


 Поранешниот командант на чешката армија Петр Павел, прозападен кандидат кој ја поддржува помошта за Украина, има голема предност пред поранешниот премиер Андреј Бабиш додека Чесите влегуваат во вториот круг од гласањето за нов претседател. Пензионираниот генерал Павел (61) се кандидираше како независен кандидат и има поддршка од централно-десничарската чешка влада. Чешките претседатели немаат многу секојдневни […]

Со барикади и трактори ќе го бранат Гоце Делчев од бугарските провокатори


Бугарски граѓани на 4 февруари организирано ќе дојдат во Скопје за да се поклонат пред гробот на Гоце Делчев. Тоа беше повод на социјалните мрежи да се повикаат граѓаните на 4 февруари да ја блокираат патарината Куманово – Скопје со цел нивно спречување. „Повик до сите родољуби! Дојдете со камиони, трактори, автомобили и друга машинерија […]

Од рубља патриоти, Путинови олигарси до параноици- комплименти за Левица


Рубља патриоти, фолиранти, параноици што глумат во јавност дека се како Че Гевара а зад сцената прераснуваат во Путинови олигарси од балкански тип – ова се „комплименти“ за Левица која утрово се најде под рафални навреди и од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ, кои не можат да се  договорат дали и чиј партнер е таа.  „Рубља […]

САП и ИБМ најавија масовни отпуштања


  Во текот на изминатите две години, технолошката индустрија вработи голем број нови работници, но со првите знаци на криза и забавување на растот, а потоа и можна рецесија, оние кои претераа почнаа масовно да отпуштаат работници.  Првиот голем бран отпуштања го најави Амазон на крајот на минатата година, намалувајќи го бројот на работници за […]

На Попова Шапка снежна покривка од 83 сантиметри


Најстудено изутрина е на Попова Шапка каде во седум часот се измерени минус шест степени и има снежна покривка од 83 сантиметри.  Во Маврови Анови  се регистрирани минус четири степени,  Лазарополе и Крушево минус три,  Берово минус два, Крива Паланка минус еден, нула степени во Тетово, Прилеп, Штип, Струмица, Виница, Дебар, Претор, еден степен над […]

Советот на Европа бара судење на руските и белоруските лидери


Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) во четвртокот едногласно побара формирање на специјален меѓународен кривичен суд во Хаг за кривично гонење на руските и белоруските политички и воени лидери кои „планирале, подготвувале, иницирале или извршиле“ руска агресорска војна против Украина. „Без нивната одлука да ја водат оваа агресорска војна против Украина, немаше да има […]

27 јануари во историјата – Ослободен е Аушвиц


  На 27 јануари 1945 година, советските трупи влегоа во Аушвиц, Полска, ослободувајќи ги преживеаните од мрежата на концентрациони логори – и конечно му ја открија на светот длабочината на ужасите извршени таму. Аушвиц беше навистина група логори, означени I, II и III. Имаше и 40 помали „сателитски“ кампови. Токму во Аушвиц II, во Биркенау, […]