Изгаснат едниот крак од пожарот над Теарце, другиот се уште активен, но со помал интензитет


Целосно е изгаснат едниот крак од шумскиот пожар над селото Теарце во Националниот парк „Шар Планина“, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Другиот дел од пожарот е се уште активен, но со помал интезитет од вчера. Според Регионалниот центар за управување со кризи – Тетово, состојбата континуирано се следи. Се очекува активниот дел од […]

Русија тврди дека во напад во Краматорск убиле 600 украински војници


  Министерството за одбрана на Русија денеска соопшти дека спровела „операција за одмазда“ како одговор на „криминалниот удар на режимот во Киев“ на средното училиште во Макеевка каде што беа сместени мобилизирани руски војници. Според портпаролот на Министерството за одбрана, Игор Конашенков, руската војска извршила напади врз точките на распоредување на вооружените сили на Украина […]

Боровец – без снег, малку туристи и празни ресторани


  Најстарото и најголемо планинско одморалиште во Бугарија – Боровец, ги пречекува туристите и покрај топлото време. Падините се покриени со вештачки снег. Љубителите на скијање и сноуборд, сепак, се разочарани што нема снег, пишува БГНЕС. Температурите и на крајот од денот се над нулата. Времето е суво и топло, туристи нема многу, а  преовладуваат […]

Шведска не може и не сака да ги исполни барањата на Турција за НАТО


Шведскиот премиер Улф Кристерсон денеска изјави дека Турција, која од мај го блокира влезот на Шведска и Финска во НАТО, има барања кои Стокхолм не може и не сака да ги исполни. – Турција, исто така, потврдува дека го направивме она што рековме дека ќе го направиме, но тие исто така велат дека сакаат работи […]

Дел од албанските партии ќе одат на средбата во Тирана


Дел од албанските партии во земјава потврдија дека ќе одат на средбата во Тирана која, како што објавија медиумите, ја организира албанскиот премиер Еди Рама.   Од „Алтернатива“, „Алијанса за Албанците“ и од „Беса“ за МИА изјавија дека добиле покана за средба и дека ќе одат, но не прецизираа детали. Од  ДУИ досега нема одговор. […]

Во Бахмут се случува „зомби апокалипса“


БАХМУТ, Украина – Во подрумот исполнет со чад на една зграда во центарот на градот Бахмут, источна Украина, луѓето од разузнавачкиот баталјон СКАЛА се подготвуваат за ризична извидничка мисија.  Еден од нив, облечен во панцир и шлем, става  жолта лента околу двете раце – знак што го користат украинските војници за да се идентификуваат на […]

Во Штрпце одржан протест поради вооружениот напад врз две момчиња


Неколку илјади луѓе денеска протестираа во Штрпце поради ранувањето на две момчиња со огнено оружје, јави БЕТА. Врз двете момчиња на 11 и на 21 година во петокот беше пукано од возило во движење. Напаѓачот, припадник на косовските безбедносни сили подоцна беше уапсен. На протестот присуствуваа и Срби од другите делови на Косово, како и политички лидери на Србите во Косово, претставници на Српската […]

Ѓоковиќ ја освои 92 титула со триумф во Аделаида 


Поранешниот најдобар светски тенисер Новак Ѓоковиќ триумфираше денеска на АТП турнирот во австралискиот град Аделаида откако со пресврт го совлада во финалето Американецот Себастијан Корда со 2-1 во сетови (6-7,7-6,6-4).  Финалето траеше три часа и девет минути, а Ѓоковиќ успеа да се врати во игра откако Корда го освои првиот сет, а потоа не искористи […]

Секој Холанѓанин поминува над илјада километри годишно со велосипед


Глобална студија открива дека жителите на Холандија се физички најактивни во светот  вежбајќи 12,8 часа неделно. Клучот – дизајнирање на активноста во секојдневниот живот. Просечниот Холанѓанец, според студијата,  поминува околу 1.098 километри годишно со велосипед. Новата глобална студија на Ipsos, спроведена со Светскиот економски форум, ги истражува ставовите кон спортот и генерално открива дека на […]

Американскиот советник Дерек Шоле доаѓа во среда во Скопје


Високиот советник во американскиот Стејт департмент, Дерек Шоле, заедно со американска делегација во среда ќе допатуваат во Скопје. Тој ќе се сретне со владини преставници и ќе разговара за низа прашања, вклучително енергетиката, економијата и борбата против корупцијата, соопштија од Стејт департментот на САД.  Шоле, кој минатиот месец ја одложи посетата поради ковид, доаѓа со […]

(ВИДЕО) Ахмети им одговори на „огнените“ со песна


  На социјалните мрежи се појави видео во кое Али Ахмети со песна им одговара на бунтовните  од „огнената групa“ во ДУИ. „Изгуби го чуварот, изгуби го семето, ајде да тргнеме понапред од Злото“, пее Ахмети. Претходно, потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити, во Студеничани му порача на партискиот лидер дека не може да го изгори […]

Хрватите се жалат од цените по воведувањето на еврото


Влезот на Хрватска во шенген зоната и воведувањето на еврото создаде многу проблеми како на границите така и во маркетите.Граѓаните се жалат дека еврото им направило многу проблеми во пресметките на цените. Со претварањето од куни во евро излегува дека сите цени се зголемени. Поради тоа првиот месец цените ќе бидат испишани и во куни […]

Германската железница бара 25.000 работници, не треба ни да знаат германски


Националната железничка компанија „Дојче Бан“ оваа година планира да вработи 25.000 луѓе.Околу 9.000 работници ќе бидат распоредени на нови работни места кои сега ги воведуваат, пренесуваат германските медиуми. Целта е двојно да ја зголемат фреквенцијата на патници, но и да ја реконструираат мрежата. Од кадрите кои планираат да ги примат 2.100 се возачи на возови, […]

Кина конечно ги отвори границите и го укина карантинот за странците


Кина денеска првпат по речиси три години повторно ги отвори своите граници и ги укина мерките за карантин за меѓународните посетители, иако земјата се бори со порастот на бројот на заразени луѓе со коронавирус. На меѓународните посетители сепак ќе им треба негативен ПЦР тест направен 48 часа пред патувањето. Повторното отворање на земјата доаѓа на […]

Oд вторник снег


Во попладневните часови во текот на утрешниот ден, најпрво во западните делови, а во текот на ноќта и во останатите делови на земјата се очекуваат врнежи од дожд, а на планините од снег. Од вторник, снегот ќе се прошири и во некои од пониските места. Во вторник и среда ќе дува умерен до засилен ветер […]

Во Германија спречен терористички напад со боеви отрови


Во германскиот град Кастроп-Рауксел синоќа е уапсен 32-годишен државјанин на Иран, осомничен дека набавил цијанид и рицин со цел да изврши исламистички мотивиран напад. Тој е осомничен дека подготвувал тешко дело насилство со што би била загрозена државата. Засега не е соопштено во која фаза биле плановите за нападот и дали веќе била избрана цел. Германските медиуми […]

Пратениците утре се враќаат на работа, закажани седници на две собраниски комисии


По новогодишните и божикните празници од утре пратениците продолжуваат со работа. Утре треба да се одржи редовната координација на претседателот на Собранието со координаторите на пратеничките групи од која треба да произлезат активностите за тековната недела. Најавени се и седници на две собраниски тела. Според објавеното на веб страницата на Собранието, закажани се седници на […]

На протест во Косовска Митровица Вучиќ обвинет за предавство


Неколку десетици граѓани денеска протестираа во северниот дел на Косовска Митровица и го обвинија српскиот претседател Александар Вучиќ за „предавство“, а претставници на Српската листа за „неконтролирано богатење“, јави БЕТА. Учесниците на протестот го прашаа Вуќиќ „зошто молчи“ за присуството на единиците на косовската полиција РОСУ во северниот дел на Косово и формирањето на војската […]

 Пожар во Националниот парк „Шар Планина“


На непристапен терен над селото Теарце активен е шумски пожар. Од Центарот за управување со кризи информираат дека до местото на шумскиот пожар треба да се пешачи околу два часа бидејќи местото каде што сѐ уште гори е многу високо. Известена е и Дирекцијата за заштита и спасување. – Регионалниот ЦУК Тетово, во врска со […]

Бура во Калифорнија остави повеќе од 330.000 домови и фирми без електрична енергија


Над 330.000 домови и компании во Калифорнија останаа без електрична енергија поради бурата што ја погоди американската сојузна држава. Најмалку шест лица загинаа во невремето, меѓу кои и едно дете. Метеоролозите предупредија дека уште една „атмосферска река“ од густ, влажен тропски воздух утре ќе ја зафати Калифорнија и ќе донесе дожд и снег на планините. […]