Американската администрација ослободува лекови од националните резерви поради премногу болни од грип


  Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден соопшти дека поради прераното појавување на грипот, ќе пушти одредени дози на лекови за грип на рецепт од Стратешките национални залихи во државите чии жители сè уште ги полнат лекарските ординации низ земјата. Локалните медиуми јавија дека луѓето кои сакале да земаат лекови без рецепт поради зголемениот број […]

Избрана новата влада на Република Српска


  Народното собрание на Република Српска синоќа го потврди изборот на новата влада на РС на чело со Радован Вишковиќ од Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД). По целодневна расправа, 51 пратеник гласаа за избор на новата ентитетска влада, а 23 беа против. Вишковиќ, кому претседателот на РС, Милорад Додик, му го даде мандатот за состав […]

Доделување на наградата „Бели Мугри“ во Домот на култура „Кочо Рацин“ – Скопје


  Во ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје денеска ќе се одржи свечено доделување на наградата „Бели мугри“ за млад автор дo 35 годинешна возраст, која оваа година ѝ припадна на авторката Рената Пенчова за поетскиот ракопис „Точки во бескрајот“. Наградата ќе биде доделена во 13 часот на манифестацијата „Денови“ која установата ја […]

„Ретроспективна изложба – 30 години творештво“ на ликовниот уметник Нехат Беќири


  „Ретроспективната изложба – 30 години творештво“ на ликовниот уметник и универзитетски професор Нехат Беќири ќе биде поставена во објектот Чифте амам. На отворањето на изложбата вечер во 19 часот ќе се обрати директорката на Националната галерија Дита Старова Ќерими. Поставката во Чифте амам ќе биде композиција од изложени над стотина слики во техника акрил […]

Промоција на зборникот „Македонска книжевна архива: од ракопис до дигитална култура“


  Зборникот на трудови од меѓународната научна конференција „Македонска книжевна архива: од ракопис до дигитална култура“ денеска ќе биде промовиран на  Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Промотори на Зборникот се академик Марјан Марковиќ и проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска.

Повеќе скопски населби денеска без струја


  Без електрична енергија денеска од 9 до 12 часот ќе останат дел од корисниците од улицата „Бертранд Расел“ во општина Ѓорче Петров. Во периодот од 9 до 14 часот без струја ќе бидат дел од корисниците на улицата „Ернест Телман“ во општина Аеродром, а од 10:00 до 13:30 часот дел од корисниците лоцирани на улица „Козара“ […]

Традиционален новогодишен гала концерт „Исток“ во Филхармонија


  Оркестарот на Македонската филхармонија вечер од 20 часот ќе го одржи традиционалниот новогодишен гала концерт насловен „Исток“. Диригент е Миријан Кукунаишвили од Грузија, а како солисти ќе настапат сопранистката Милена Арсовска и баритонот Иван Наумовски. Како што информираат од Филхармонија, на програмата се дела кои имаат типично „новогодишен“ концепт, а валцерот како музичка форма ќе биде составен […]

Наутро студено, преку ден сончево до 12 степени


Времето наутро ќе биде студено, по одделни котлини со појава на магла или ниска облачност. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од – 6 до 0, а максималната ќе достигне од 7 до 12 степени. Во Скопје наутро студено, преку денот сончево и магливо со мала до […]

Агенцијата за пошти ќе одржи јавен состанок


  Агенцијата за пошти денеска ќе го одржи 19-иот јавен состанок. На дневен ред на состанокот се рекапитулација на активностите на Агенцијата за пошти во 2022 година, статистички извештај за поштенските активности во Република Северна Македонија за првото полугодие од 2022 година, истражување за потребите на корисниците на поштенските услуги за 2022 година и планови и […]

(Видео и фото галерија) Зеленски во Вашингтон директно од рововите во Бахмут


Претседателот на Украина, Володомир Зеленски од рововите во Бахмут, каде што се водат најжешките битки сега, слета во САД и беше примен во Белата куќа. Притоа Зеленски му донесе  подарок на претседателот Џо Бајден: медалот воен крст што бил доделен на украинскиот капетан на батеријата HIMARS во Украина по име Павло, кој рече дека системот […]

Филмот за Навални во тесниот избор за Оскар


Академијата за филмски уметности и науки  во САД ги објави своите потесни списоци за Оскарите за 2023 година во 10 категории, вклучувајќи документарен и интернационален филм. „Сета убавина и крвопролевањето“, „Се што дише“, „Навални“ и „Оган на љубовта“ се меѓу 15-те филмови кои влегоа во потесниот круг во категоријата за најдобар документарен филм на Оскарите, […]

И еврокомесарите под лупа заради „Катаргејт“, прв на списокот Аврамопулос


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, покрена итна истрага за врските на нејзините 26 комесари со поранешниот шеф на ЕУ за миграција, Димитрис Аврамопулос, кој е заробен во спирални обвинувања за корупција околу влијанието на Катар во Брисел. Комисијата, исто така, бара од самиот Аврамопулос да објасни како ги почитувал правилата за лобирање. […]

Битиќи: Секое домаќинство годинава доби субвенција од 21.000 денари за струја


Потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи, во емисијата „Економски магазин“ на телевизија Алсат истакна дека  годинава сите антикризни мерки се во вредност од 760 милиони евра и тоа економските мерки, не сметајќи го плаќањето на електрична енергија. Притоа, секој граѓанин оваа година е субвенциониран со 6.800 денари, или секое домаќинство добива субвенција од 21.000 денари оваа […]

Судско-медиумскиот совет бара да се смени законот кој не дозволува објавување на неправосилни судски одлуки


 Членовите на Судско-медиумскиот совет на денешната седница одлучија до Министерството за правда да поднесат иницијатива за промена на Законот за движење и управување со предметите, со кој се бара да бидат објавени сите судски одлуки, а не само правосилните, какво што е моменталното законско решение. Одлуката за ваква инцијатива Судско-медиумскиот совет ја донесе едногласно. Иницијатвиа […]

Зеленски за прв пат од војната излезе од Украина и отиде право во Белата куќа


  ВАШИНГТОН – Украинскиот претседател Володимир Зеленски во средата беше во пркосна воена посета на Вашингтон за да им се заблагодари на американските лидери и на „обичните Американци“ за нивната поддршка во борбата против руската инвазија и да изврши притисок за континуирана помош во бруталните месеци што следат. Претседателот Џо Бајден и Конгресот одговорија со […]

Пет најчести лаги кои жените им ги „сервираат“ на мажите


Кога станува збор за интимните врски, женскиот пол не е секогаш искрен со спротивниот. Колку и да се водат од теоријата дека мажите повеќе лажат, факт е дека ниту жените не се целосно искрени. Ова особено се однесува на разговорите за интимните односи, особено за моментот кога акцијата завршува. Тие не се двоумат да им […]

Симулациска вежба за евакуација при пожар и земјотрес во ООУ „Лазо Ангеловски“


Денеска во основното училиште „Лазо Ангеловски“ се одржа симулациска вежба за справување и евакуација во услови на пожар и земјотрес на која присуствуваше и градоначалникот Тимчо Муцунски. Станува збор за вежба која ова основно училиште ја организира во соработка со Министерството за внатрешни работи, Противпожарната бригада и претставниците на Црвен Крст. Општина Аеродром и во […]

ЕУ: Поради политичката криза во Црна Гора можен и прекин на преговорите за членство


 Министрите за надворешни работи на Австрија и Словенија, Александар Шаленберг и Тања Фајон, денеска во Подгорица повикаа на итен избор судии на Уставниот суд, порачувајќи дека ЕУ сериозно ќе преиспита дали ќе соработува со Владата што би се формирала на основата на сегашниот „сомнителен закон за претседател“. Шаленберг и Фајон дојдоа како посредници, по налог […]

Штрајк на француските железничари за Божик, откажани стотици возови


Околу 200 илјади патници во Франција денеска се обидуваа да ги вратат или заменат билетите, по најавеното откажување на стотици возови поради најавениот штрајк на желеничарите за Божикните празници. Кондуктерите во Француската железница го одбија понуденото зголемување на платите за 12 отсто во текот на наредните две години. Проценките на националанта железничка компанија СНЦФ се […]