Ковачевски: Се анализира пресудата на Арбитражниот суд во Париз


  Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека се анализира пресудата на Арбитражниот суд во Париз по што јавноста ќе биде информирана. – Тоа е договорот од времето на Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи прави соодветна информација и анализа за овој случај и штом таа биде готова, ќе биде  доставена до Владата и […]

„Архангелот над Скопје“- рокенрол мјузикл со музика од „Архангел“, во режија на Поплавска


По музиката од македонскиот рок бенд „Архангел“ создадена од музичарот и лиричар Ристо Вртев, режисерката Наташа Поплавска го постави рокенрол мјузиклот „Архангелот над Скопје“, чија премиера е в сабота (24 декември) во 20 часот во Македонскиот народен театар (МНТ).   „Приказната зборува за животот на градот Скопје во периодот на неговото созревање од 1990-те години […]

Костадиновска-Стојчевска: Прекуграничните ЕУ-проекти ни ги зајакнуваат односите со Албанија


Во Музејот на Стерјо Спасе во селото Глобочани во Пустец, Албанија, денеска официјално беше означен почетокот на реализацијата на проектот „SMART4YOU2“, кој е поддржан од програмата за прекугранична соработка на Европската Унија. Со буџет за проектот во износ од 1,2 милиони евра, во периодот од 30 месеци, ќе се работи на развивање на туристичките потенцијали […]

Нето платата во октомври 33.104 денари


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври  годинава изнесува 33 104 денари и во однос на октомври лани е зголемена за 13,6 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (19,6 проценти), Објекти за […]

Најдобрите, најрастечките, најтранспарентните- доделени годишните награди на Македонската берза


Македонската берза ги додели годишните награди за 2022 година за котираните компании членките на Берзата и други субјекти поврзани со македонскиот пазар на хартии од вредност. Добитник на наградата во категоријата „Акција со најголем промет во 2022 година“ во конкуренција на акционерски друштва над 50 милиони пазарна капитализација е „Комерцијална банка“ АД Скопје, а во […]

Ни еден туроператор не побарал откажување на програмата за 2023 година поради лажните дојави за бомби


Нашата земја и покрај лажните дојави за бомби е безбедна дестинација и сите институции прават се за тоа да биде така. Нашите конзуларни претставништва насекаде низ светот треба да информираат дека сме сигурна дестинација не само за новогодишните празници, туку и за целата 2023 година, истакна денеска директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на […]

Намален интересот за влез на поштенскиот пазар, без лиценца останаа 10 оператори


Несоодветната достава на пратки, начинот на вршење на доставата на нотарски платен налог, оштетување на пратки и неисплатена откупнина, се најчестите причини за претставките до Агенцијата за пошти, а чиј број годинава изнесувал 29. На денешниот јавен состанок на Агенцијата за пошти беше соопштено дека најголем дел од претставките, односно девет се однесувале за услугите […]

Хорор во Гевгелија: Ја викнал на роденден, па ја тепал со боксови и ја силувал, па ѝ ја запалил облеката


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено за кривично дело – Силување од член 186 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. – Осомничениот, на 19 декември, со употреба на сила и сериозна закана дека непосредно ќе нападне врз нејзиниот живот и […]

Проектот „Штампање заеднички простор“ добитник на меѓународната награда „Ранко Радовиќ”


Колаборативниот проект „Штампање заеднички простор“, во кој е учествува нашиот визуелен уметник Филип Јовановски во соработка со студенти од Факултетот за драмски уметности (ФДУ) и Архитектонски факултет од Скопје, како и факултети од Нови Сад и Риека, ја доби престижната меѓународна награда „Ранко Радовиќ” во категоријата за најдобра мултимедијална поставка/изложба за 2022 година, што ја […]

Битолскиот театар со „Демони“ гостува на фестивал во Сараево


Народен театар-Битола учествува на меѓународниот театарски фестивал „Денови на Јурислав Корениќ“ што се одржува во Сараево. Битолските актери Илина Чоревска, Огнен Дранговски, Марија Стефановска и Здравко Стојмиров, утревечер во натпреварувачкиот дел од фестивалот ќе ја изведат претставата „Демони“ од Ларс Норен, во режија на Васил Христов. -Во Сараево продолжуваме со претставување на македонскиот и битолскиот […]

МОН: Се зголемува бројот на ученички стипендии кои ќе се доделат годинава


На иницијатива на Министерството за образование и наука, а со одлука на вчерашната владина седница, бројот на стипендии кои се доделуваат на учениците од средните училишта во учебната 2022-2023 година значително се зголемува. Обезбедени се дополнително средства за оваа намена, а целта е да се мотивираат и да се поддржи образованието на што поголем број […]

,,Песни за љубов и копнеж” од Каролина, Дуке и Исмаил во Филхармонија- распродадени пет концерти


Пет концерти се распродадени за проектот ,,Песни за љубов и копнеж” од Каролина, Дуке и Исмаил, кој во пакет претставува студиски албум и концертна промоција. Првиот концерт е на 23 декември од 20 часот, вториот и третиот се на 24 декември од 20 и од 22, 30 часот,  а четвртиот и петтиот на 25  декември […]

Уште една дојава за поставени бомби во 13 училишта во Скопје


Попладнево, дојави за бомби стигнаа во некои училишта во Скопје. По пауза од три дена, дојава за бомба има во „Орце Николов“ и во „Владо Тасевски“. Веројатно и во другите средни училишта имаат примено вакви дојави, ако се знае дека последниот пат дојави имаше за 14 средни и две основни.  Полицијата е на терен, ги […]

Ковачевски во „Бучен Козјак“ разговараше за антикризните мерки


  Антикризните мерки наменети за компаниите ќе придонесат да се стабилизираат цените во малопродажба, а со тоа се штита и граѓаните од ценовните шокови, рече премиерот Димитар Ковачевски кој заедно со министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство и за внатрешни работи, Љупчо Николовски и Оливер Спасовски, денеска ја посетија компанија од млечната индустрија „Бучен Козјак“ во Куманово. […]

Две награди за Макстил од Македонска берза


Макстил е добитник на две награди од Македонска берза за хартии од вредност, награда за „Акција со најголем пораст на цената во 2022 година“ и  награда за „Акција со најголем пораст на прометот во 2022 година“. Изборот на наградените друштва кои котираат на македонската берза и компании во различни категории се прави врз основа на […]

Поради недостатокот на јасна програма за пречек на Новата година , Скопје не привлекува туристи


Поради недостатокот на јасна програма за пречек на Новата година Градот Скопје не е доволно конкурентен со останатите метрополи и поголеми градови во регионот, оцени денеска директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) Љупчо Јаневски. -Во 2022 година недостасуваат организираните тури, но и поголема не само промоција на Скопје како главен град, […]

Андонов: Раст на домашното производство на струја од ЕСМ и ТЕЦ „Неготино“ за 26 проценти


Од почетокот на годинава заклучно со 19 декември домашното производство на електрична енергија од ЕСМ и ТЕЦ „Неготино“ е зголемено за 26 проценти на 3.946 гигават часови. За споредба во истиот период во 2021 година, ЕСМ и ТЕЦ „Неготино“ произвеле 3.130 гигават часови на електрична енергија, информира денеска на прес-конференција Виктор Андонов, советник за енергетика […]

Ќе се гради ново училиште „Сами Фрашери во Куманово, на две други ќе им се поправаат покривите


Постапката за изградба на нов училишен објект за учениците од „Сами Фрашери“ од Куманово е во тек, информираше денеска премиерот Димитар Ковачевски, кој го посети Куманово, заедно со министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство и за внатрешни работи, Љупчо Николовски и Оливер Спасовски. – Во однос на училиштето после долги години Владата донесе одлука за […]

Неспроведувањето на Мијалков е техничка грешка на Кривичен, тврдат од затворот во Струга


Директорот на затворот во Струга, Ваљон Ќуља, тврди дека обвинетиот Сашо Мијалков денеска не бил спроведен во Основниот Кривичен суд Скопје, на насроченото рочиште за „Титаник 2“, поради техничка грешка во датумите од страна на Кривичниот суд во Скопје од каде, пак, велат дека на 14.12.2022 година затворот во Струга има примено наредба за спровод […]

ЕУ издвојува 186 милиони евра за промоција на земјоделско-прехранбени производи


Европската комисија ќе додели 185,9 милиони евра во 2023 година за финансирање на промоција на одржливи и висококвалитетни земјоделско-прехранбени производи од Унијата. Работната програма за политики за промоција за 2023 година, која Комисијата ја усвои пред неколку дена, придонесува за реализација на политичките приоритети на Европската комисија за периодот 2019-2024 година, а особено на стратегијата „од терен […]