Брнабиќ: Срамна реакција на ЕУ, Србија нема да учествува на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Тирана


  По срамната изјава на ЕУ, само уште една во низа, Србија веќе нема никаква потреба да учествува на самити за Западен Балкан. ЕУ или ќе ги почитува вредностите што ги пропагира или Србија веќе нема да има потреба да учествува во оваа фарса, порача српската премиерката Ана Брнабиќ во соопштението на Владата. Како што […]

Пенов вели дека има политичка заднина во протестите на автобуските превозници


  Протестите на приватните автобуски превозници во Скопје имаат политичка позадина, но Владата сепак мора да посвети внимание на тој проблем, изјави министерот за локална самоуправа Ристо Пенов. „Овој тип блокади заради економски долгови испишуваат политичка позадина, сите можеме да го видиме ‘Гласот на светлината’ од 2005 година, бидејќи за, не знам, милион евра долг, […]

Германија очајно бара работници, се воведуваат и нови правила


„Ни требате“, вака германскиот министер за економија Роберт Хабек регрутира квалификувана работна сила од странство во видеото на англиски на веб-страницата на германската влада „Make it in Germany“. Министерката за внатрешни работи Ненси Фезер нагласува дека Германија е разновидна имигрантска земја, а владата сака „нов почеток во миграциската политика“. Луѓето кои дојдоа во Германија „направија […]

Банките го укинуваат кешот: Смрт на сивата економија?


Фолксбанк и Рајфајзен банка во Германија одлучија да ги стопираат трансакциите во готовина во сите свои филијали од 1 декември, пренесе Денар. Како што велат, тој промет со години постојано се намалува, а само двајца на час ваделе пари од банкоматите во таа земја. Дали банките во Македонија можат да се одлучат на истиот потег […]

Се запали возило на Министерството за култура


Вчера, во 12.58 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на 29.11.2022 околу 22.30 часот на ул.„Никола Мартиновски“ настанал пожар во патничко возило „форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Министерство за култура, соопшти МВР. Екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. Увид бил извршен.

Саудиска Арабија откри нови наоѓалишта на природен гас


Две нови наоѓалишта на природен гас во источниот регион на земјата откри саудиската нафтена компанија „Арамко“. Оваа информација вчера ја потврди министерот за енергетика на Саудиска Арабија, Абдулазиз бин Салман. Најновите откритија ќе дадат значаен придонес во енергетските стратегии на земјата, а исто така ќе ги зајакнат резервите на природен гас во кралството, државната новинска […]

СП 2022: Хрватска и Мароко обезбедија пласман во осминафиналето


ОАЕ- Белгија на големо изненадување доживеа елиминација од Светското првенство веќе во групната фаза, откако вечерва во третото коло во групата Ф одигра нерешено 0-0 против Хрватска, на која бодот ѝ беше доволен за пласман во нокаут фазата заедно со репрезентацијата на Мароко која триумфираше над Канада со 2-1. Мароко заврши првопласиран во групата Ф […]

Абу Хусеин – нов лидер на терористичката Исламска држава


Јордан– Терористичката група Исламска држава (ИД) го назначи досега непознатиот Абу Хусеин за свој водач, откако неговиот претходник Абу ал-Хасан ал-Хашеми ал-Кураиши се разнесе во октомври кога се најде под опсада од поранешни антивладини бунтовници во јужна Сирија. – ИД го избра Абу ал-Хусеин ал-Хусеин ал-Кураиши за свој водач, изјави портпаролот на терористичката група во објавено […]

Скопјани ќе имаат парно во декември


Набавен е гас од „Макпетрол“ за цел декември за потребите на топланите во Скопје, а за декември е потпишан и договор за користење на топлинската енергија од ТЕ-ТО за затоплување на системот, потврди денеска премиерот Димитар Ковачевски. – Вчера се водеа разговори со менаџерскиот тим на „Скопје Север“ и сметам дека по потпишувањето на договорот […]

Дојавата за бомба во скопското ОУ ,,Кочо Рацин” е лажна


По однос денешната информација за поставена бомба во ООУ „Кочо Рацин“ на Водно, Општина Центар ја информира јавноста дека станува збор за лажна дојава. Оттаму информираат дека откако на мејл адреса на основното училиштето е упатена закана за поставена експлозивна направа, веднаш е пријавено во Министерството за внатрешни работи, по што полициски службеници веднаш го […]

Славески не заслужува да биде претседавач на Совет на главен град, истакна Ковачевски


Премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција критикувајќи го однесувањето на претседавачот на Советот на Град Скопје, Трајко Славевски, нагласи дека „таков човек не заслужува да биде претседавач на Совет на главен град“. Ковачевски наведе дека му сугерирал на министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, да им се помогне на општините. – На министерот за локална […]

Се испитува случајот со булинг врз ученик од Градско


Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска вели дека се испитува случајот со булингот врз ученик во основно училиште во Градско. – Секоја злоупотреба или насилство врз децата треба да се пријавува во центрите за социјална работа, во случајот во Центарот за социјална работа во Велес. Се преземаат мерки од страна на стручните работници, […]

Маричиќ: ЕУ инвестира милијарди во нас, за да нè подготви како нејзина идна членка


Министерот за европски прашања и вицепремиер Бојан Маричиќ е задоволен од досегашниот тек на скринингот, но тврди дека и Брисел е задоволен бидејќи Северна Македонија има подготвени презентери кои реално ја претставуваат состојбата во институциите од каде доаѓаат. Европа не може да биде излажана вели тој во интервју за Фронтлајн, затоа што таа добро ги […]

Се размислува за викенд без ДДВ за прехранбени производи за време на празници


Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска обелодени дека се размислува да се воведе викенд без ДДВ кој ќе важи само за прехранбените производи и кој би се спровел во текот на една или две недели за време на празници. – Сакаме да им дадеме можност пред се за граѓаните со понизок социјален стандард за време […]

Ковачевски не одржал средба со Таравари, ниту ќе одржи неделава


Премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција во Владата изјави дека не остварил средба в.д. претседателот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари и оти не е планиран состанок во текот на оваа недела. Имено, пред неколку денови премиерот изјави дека разговорите со АА во контекст на европската иднина на земјата ќе продолжат и доколку се усогласат […]

Средношколците масовно аплицирале електронски за стипендии


 Министерството за образование и наука посветено работи на олеснување на аплицирањето за остварување на повеќе права во областа на образованието, преку воведување електронско поднесување документи, соопштија од МОН. Дигитализацијата при аплицирањето за ученички стипендии за учебната 2022/2023 година, се наведува во соопштението, придонело оваа година прв пат да нема долги колони ученици и родители/старатели да […]

ЕУ постигна начелен договор – руската нафта по 60 долари за барел


Владите на земјите од Европската Унија денеска начелно се договорија да ја ограничат цената на руската нафта која доаѓа по морски пат на 60 долари за барел, јави Ројтерс повикувајќи се на изјава на неименуван дипломат од ЕУ. Според него, ценовната граница би се имплементирала со примена на механизам за корекција што треба да ја […]

Додека Путин води војна во Украина, сиромашните руски региони се смрзнуваат без греење


  Русите се втурнати во мрачна зима каде што прекините на електричната енергија и дефектите на греењето веќе ги замрзнуваат луѓето до смрт, додека претседателот Владимир Путин избира да потроши стотици милијарди долари за водење на нелегалната војна во Украина, наместо да им помага на своите граѓани. Во многу оддалечени региони каде што условите се […]

Колинда-Грабар Китаровиќ цел ден се дружи со навивачите и пее во Катар


  Поранешната претседателка на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ од раните утрински часови денеска се загрева со навивачите за натпреварот меѓу Хрватска и Белгија, кој штошуку почна. Фотографите ја забележаа расположената Колинда во хрватски дрес додека пее со навивачите. „Јас ќе навивам од трибините со навивачите. Очекувам Хрватска да влезе во полуфиналето или финалето. Значи, ‘no pressure’, […]

На парцелите „Маркеза“, „Ексико“, „Кара“ и „Манд-Интернационал“ на Водно не смее да се гради


  Откако Уставниoт суд на денешната седница одлучи да донесе времена мерка со која се запираат сите активности на Општина Центар кои се однесуваат на издавање на одобрение за градење врз основа на ДУП Градска четврт Ј07 донесен од советот на Општина Центар во 2014 година, треба да сопре изградбата на парцелите познати во јавноста […]