Колинда-Грабар Китаровиќ цел ден се дружи со навивачите и пее во Катар


 

Поранешната претседателка на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ од раните утрински часови денеска се загрева со навивачите за натпреварот меѓу Хрватска и Белгија, кој штошуку почна.

Фотографите ја забележаа расположената Колинда во хрватски дрес додека пее со навивачите.

„Јас ќе навивам од трибините со навивачите. Очекувам Хрватска да влезе во полуфиналето или финалето. Значи, ‘no pressure’, што се вели, но ќе бидат таму и ќе дадам сѐ за црвено-белите бои“, рече претходо за хрватски медиуми за тоа што ќе облече за средбата со Белгија.


Инаку, нејзините комбинации за облекување на трибините предизвикуваат големо внимание. По посавската народна носија, носеше црвено-беа „Луј Витон“ кошула на натпреварот Хрватска – Канада.

Кошулата што ја одбра Колинда од „Луј Витон“ одамна се распродаде.

„Сите прашуваат, странци, каде можат да купат што било со хрватски квадратчиња. Јас се враќам во Хрватска на 2 декември и потоа се враќам на 16 декември, ги пакувам куферите и ќе ги натрупам со реквизити да можам да ги поделам, за сепак да има малку повеќе боја“, порача Колинда.