Марин: Војната во Украина покажа дека Европа не е доволно силна за сама да и се спротистави на Русија


Финската премиерка, Сана Марин, денеска во Сиднеј изјави дека Европа „не е доволно силна“ сама да и се спротивстави на Москва. Премиерката на Финска, земја-кандидат за членство во НАТО, при посетата на Австралија истакна дека руската инвазија на Украина ги открила слабостите и стратешките грешки на Европа во однос на Москва. „Морам да бидам многу […]

Сан Франциско веројатно ќе ѝ дозволи на својата полиција да користи роботи кои убиваат


Градската управа на Сан Франциско во вторникот усвоила документ којшто веројатно би ѝ овозможил на полицијата да користи роботи оспособени да убиваат криминалци во исклучителни случаи – како терористички напади или масовни убиства, коишто често се случуваат во САД. – Употребата на роботи во потенцијално опасни по живот ситуации, е последно средство, изјави началникот на […]

2 декември во историјата – „Енрон“ поднесе барање за банкрот


  На 2 декември 2001 година, корпорацијата „Енрон“ поднесе барање за заштита од стечај пред судот во Њујорк, предизвикувајќи еден од најголемите корпоративни скандали во историјата на САД. Енергетското трговско друштво со седиште во Хјустон, Тексас, „Енрон“ беше формирано во 1985 година како спојување на две гасни компании, „Хјустон природен гас“ и „Интернорт“. За време […]

„Балада за една љубов“- Иван Кукиќ, басистот во Триото на Влатко Стефановски, сними соло сингл


Текстописецот и мултиинструменталист, Иван Кукиќ го објави својот деби сингл „Balada o jednoj ljubavi“ („Балада за една љубов“) со кој ја започнува својата соло кариера. Тој е постојан член на триото Влатко Стефановски, каде свири бас гитара, како дел од младата ритам секција која беше многу пофалена на нивниот последен албум „Taftalidze Shuffle“. Иван студира […]

Вашингтон одобри продажба на Финска на противвоздушни ракети „Стингер“


САД –  Американската влада соопшти дека одобрила продажба на преносни ракети „Стингер“ во вредност од 380 милиони долари на Финска. Финската влада сака да купи 350 ракети „Стингер“. Таа продажба на чувствителната опрема прво треба да биде одобрена од американската влада, соопшти Агенцијата за одбранбена соработка. Доколку се одобри, продажбата „ќе ги подобри одбранбените способности […]

Рим привремено ја става под државна управа рафинеријата на рускиот гигант „Лукоил“ во Италија


Италија– Новата италијанска Влада, предводена од премиерката Џорџа Мелони, вчера ја стави рафинеријата на рускиот нафтен гигант Лукоил во Приоло, Сицилија, под „привремено управување“ на државата за да избегне нејзино затворање и да гарантира континуитет во снабдувањето со енергија, изјави владин извор. Како што пренесе БТА, постоеше опасност рафинеријата ИСАБ (ИСАБ), една од најголемите во […]

Состојба на патиштата


ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2022 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2023 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк. СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА : Интензитетот на сообраќај на […]

Приватните превозници на протест на „Илинденска“, Град Скопје апелира да се откажат од блокадите


Со блокадата на десната страна од булеварот „Илинден“ со автобуси, приватните превозници на „Слобода превоз“ и „Мак-експрес“ и денеска го изразуваат својот протест и незадоволство поради неисплатениот долг од страна на ЈСП „Скопје“. Доколку оваа блокада нема исход, директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски на вчерашната прес-конференција најави дека в понеделник почнувајќи од 6 часот […]

На сцената на НОБ балетската претстава „Дон Кихот“ од  Лудвиг Минкус


На сцената на Националната опера и балет вечерва ќе биде изведена балетската претстава во два чина „Дон Кихот“ од  Лудвиг Минкус, во кореографија на Виктор Јаременко од Украина. Диригент на претставата е Иван Еминовиќ, сценограф е Андреј Злобин, додека под костимографијата се потпишува Гана Ипатиева од Украина. Концерт-мајстор е Јане Бакевски.

Без струја делови од Батинци, Волково, Илинден, Ѓорче Петров и Кисела Вода, а Љубанци без вода


Поради технички интервенции во електро дистрибутивната мрежа, без струја денеска ќе бидат делови од селата Батинци и Волково, Општина Илинден и од населбите Ѓорче Петров и Кисела Вода, а поради технички интервенции на водоводната инсталациска мрежа, без вода ќе бидат корисниците од село Љубанци. Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, […]

Драмскиот театар гостува на фестивалот „РУТА Група Триглав“ во Белград


Драмскиот театар вечерва ќе настапи во Београдско драмско позориште со претставата „My name is Goran Stefanovski“ („Се викам Горан Стефановски“), во рамки на фестивалот „РУТА Група Триглав“, што од 1 до 6 декември се одржува во Белград, а чие октомвриско издание беше во Скопје. Со оваа претстава Драмскиот театар годинава гостуваше на регионалните фестивали во […]

Синдикатот на УКИМ на преговори со Собранието за мирно решавање на спорот за колективниот договор


Во Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска ќе се одржи средба помеѓу одборот за преговори, предводен од претседателот на Парламентот, Талат Џафери и претставници на Сојузот на синдикати на УКИМ, предводени од неговиот претседател, проф. д-р Ангел Ристов. Средбата ќе се одржи врз основа на барањето на Синдикатот на Скопскиот универзитет за мирно […]

Отворен ден на УКИМ


На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје  денеска во 10:00 часот и во 12:00 часот, со физичко присуство на секој од факултетите, ќе се одржи „Отворен ден на УКИМ“. Како што информираат од УКИМ, на Отворениот ден ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, активностите на студентите и центрите за кариера. – Идните студенти […]

Посебен сообраќаен режим во Скопје


Министерството за внатрешни работи информира дека СВР Скопје денеска ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на булеварот „Илинден“, поради најавен протест од приватните автобуски превозници закажан за од 6 часот. Како што информира МВР, посебен сообраќаен режим ќе има од крстосницата на „Илинден“ со булеварот „Св. Климент Охридски“ до крстосниците со булварот „8 […]

Сончево со умерена облачност и утринска магла по котлините


По одделни котлини денеска претпладне ќе има појава на магла и ниска облачност, а преку ден времето ќе биде сончево со умерена облачност. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13 степени. Во Скопје претпладне со услови за слаба магла, а преку денот сончево со умерена облачност и претежно тивко. Максималната температура ќе […]

Музеи од Македонија, Бугарија и Србија потпишаа договори за заеднички активности


 Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија, Националниот археолошки институт со музеј при Бугарската академија на науките и Националниот музеј на Србија денеска во Министерството за култура на Бугарија, во присуство на ресорниот министер Велислав Минеков, потпишаа договори за заеднички активности, јави дописникот на МИА од Софија. На потпишувањето присуствуваа замениците министри за култура на Бугарија, […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 2 декември 2022 година, 336-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 29 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 43 минути, а ќе зајде во 16 часот и 3 минути. Денов трае 9 часа 20 минути. Месечината која е во фаза на последна четвртина, нема да изгрее […]

Швајнштајгер: „Одговорноста е кај играчите, а не кај Ханси Флик“


  Поранешната германска фудбалска ѕвезда и дел од тимот што го освои светскиот шампионат Бастијан Швајнштајгер не гледа во селектор Ханси Флик како главниот виновник за големиот неуспех на Мундијалот во Катар. „Ханси не згреши премногу. Одговорноста е на играчите“, изјави експерот на телевизијата АРД по елиминацијата на националниот тим по групната фаза на Светското […]

Ново чудо на Јапонците – ја победија и Шпанија. Германците се враќаат дома


  Започна со изненадување, а заврши со изненадување. Фудбалските репрезентации на Јапонија и Шпанија ги освоија првите две места во групата Е на Светското првенство и се пласираа во нокаут фазата на Светското првенство во Катар. Аут се Германија и Костарика. Германија пред третото коло беше последна на табелата со само еден освоен бод, откако […]

Извештајот на МВР за Онишченко е готов и ќе биде доставен до Собранието и до ЈО


Треба да постои одговорност и таа да се лоцира, потенцира министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во врска со случајот со украинскиот државјанин Олександер Онишченко, кој иако бил на црната листа на САД, сепак доби македонски пасош. Сериозно треба после овој случај, нагласи Спасовски во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија, да се размисли и […]