Царинска управа: 25 компании со статус Овластен економски оператор, од денеска и „Пекабеско“


  Вкупно 25 компании во моментов имаат стекнато статус на Овластен економски оператор, кој претставува потврда дека компанијата е сигурен и безбеден партнер на Царината, кој има воспоставено контрола над процесите на своето работење. Одобрение за Овластен економски оператор денеска беше доделено и на најголемиот македонски производител и извозник на сувомеснати производи, „Пекабеско“ АД Скопје. „Придобивките за компаниите со статус ОЕО значат примена […]

Путин се провозе по Кримскиот мост


  Рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот го посети Кримскиот мост, каде што се сретна со градежните работници и го помина реконструираниот дел. Мостот го поврзува полуостровот Крим со континентална Русија и беше оштетен во украински напад на почетокот на октомври. Оттогаш се ремонтира. Кремљ во текот на викендот објави дека Путин во догледно време […]

Бесими на билатерален скрининг со ЕУ во Брисел


  Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска и утре во Брисел ја предводи делегацијата на земјава во билатералниот скрининг за економските критериуми и реформи во јавна администрација и финансиска контрола. Министерството за финансии е водечка институција во овие поглавја од билатералниот скрининг, кој започна со првиот кластер во ноември 2022 година. Областа економски критериуми е […]

Еврокомесарот за економија повтори дека зимава ќе има рецесија во Европа


  Европа ќе западне во рецесија оваа зима и растот нема да се врати пред пролетта, изјави денеска европскиот комесар за економија Паоло Џентилони. – Ќе имаме рецесија оваа зима“, изјави тој за новинарите пред состанокот на Еврогрупата во Брисел. На денешниот состанок на Еврогрупата, со кој ќе претседава нејзиниот претседател Паскал Донахју, министрите ќе разговараат за целокупната буџетска […]

Маја Јанеска пронајдена со прострелна рана во главата


Познатата шминкерка и бизнисменка Маја Јанеска починала од прострелна рана во главата, јави News24, водечкиот онлајн медиум во Јужна Африка. Според изданието, полицијата отворила увид и засега нејзината смрт не се третира како сомнителна од агенциите за спроведување на законот. Сепак, нејзината добра пријателка, моделот Ива Ристиќ и сопругата на играчот на Спрингбок, Елтон Јантјис, […]

Најмалку 12 загинати во лизгање на земјиштето во Колумбија


 Најмалку 12 лица загинаа во лизгање на земјиште при што е затрупан автобус во северозападна Колумбија, во провинцијата Рисаралда, соопштија денеска колумбиските власти. „За жал, 12 лица загинаа, петмина се спасени, а спасувачите работат на извлекување на останатите тела од автобусот“, изјави Виктор Мануел Тамајо, гувернер на Рисаралда. Официјални лица велат дека во автобусот имало […]

Во Австрија полицијата ќе може да запленува автомобили поради пребрзо возење


Австриските власти подготвуваат закон според кој полицијата ќе може покрај возачката дозвола да им го одземе и автомобилот на возачите кои значително ја надминале дозволената брзина. „Едноставно, на нашите патишта има премногу луѓе кои не можат да бидат убедени, возачи за кои не функционираат казните и дополнителното образование. На тие лица мора да им се […]

На самитот во Тирана се очекува декларација за намалување на цените на роаминг меѓу ЕУ и Западен Балкан


  Телекомуникациските оператори од земјите од Европската унија и Западен Балкан на утрешниот самит на ЕУ – Западен Балкан во Тирана треба да потпишат Декларација со која ќе се овозможи намалување на цените за роаминг меѓу ЕУ и регионот во 2023 година. Како што најави Советот за регионална соработка (СРС), ова ќе придонесе за намалување […]

На Западот ќе му требаат до 15 години да ги надополни залихите на артилериска муниција потрошени за војната во Украина


Ќе бидат потребни 10 до 15 години за да се надополнат залихите на западната артилериска муниција користени за поддршка на војската на Украина во борбата против руската агресија, изјави сопственикот на големиот производител на оружје Чехословачка групација (Czechoslovak Group). И покрај дотурот на муниција во Украина, сопственикот на ЦСГ, Михал Стрнад, рече дека на украинските […]

Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ се виновни за хаосот во Скопје, тие ја имаат власта во градот


  Хаосот што во овој период му се случува на Градот Скопје е само поради неспособноста и бизнис интересите на ВМРО-ДПМНЕ и на нивниот претседател Христијан Мицкоски, рече денеска на прес-конференција премиерот Димитар Ковачевски.  „Граѓаните мора да знаат дека ВМРО-ДПМНЕ ја има градската власт во Скопје. Предлози, односно кадри на ВМРО-ДПМНЕ се најзастапени во сите […]

Бектеши: Електрична и топлинска енергија ќе има без застои до крајот на грејната сезона


Граѓаните да бидат спокојни зашто електрична и топлинска енергија ќе има до крајот на грејната сезона, без застои и без оптоварување на нивниот буџет. Не треба да веруваат во секакви непроверени информации и во паниката од опозицијата зашто тоа може да биде на штета на домаќинствата кои, слушајќи ги, може да прават дополнителни трошоци за […]

Ципрас: Случаите со прислушувањата се голем удар за самата демократија и ја ставаат во опасност


Откритијата во последните неколку месеци за претворањето на Националната служба за разузнавање во параинституционален парацентар за следење на политички лидери, пратеници, европратеници, министри, новинари, бизнисмени, па дури и судии е голем удар за самата демократија и ја става во опасност, истакна лидерот на грчката опозициска партија Алексис Ципрас по средбата со обвинителот од Врховниот суд […]

Под мотото „Солидарност преку волонтирање“ се одбележува Светскиот ден на волонтерството


Црвениот крст на Република Северна Македонија денеска под мотото „Солидарност преку волонтирање“ го одбележува Светскиот ден на волонтерството – 5 Декември. Од Црвен крст информираат дека оваа година го одбележуваат 5 Декември со оваа мото со цел да се оддаде признание за придонесот на волонтерите и да се подигне свеста за значењето на хуманоста како […]

Трет ден амандманска расправа за Предлог буџетот за 2023: Одбиени уште четири амандмани


  Собраниската Комисија за финансирање и буџет во рамки на денешното продолжение на амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2023 година одби четири амандмани кои се однесуваат на животната средина по иницијатива на невладината организација О2. Од вкупно 263 амандмани од кои 199 се поднесени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, за разгледување остануваат уште 250 амандмани. Седницата на […]

Пендаровски: Берлинскиот процес не е замена за членство во ЕУ 


  Повторното актуелизирање на Берлинскиот процес со нова програма за работа е одлична вест. Потпишаните три договори за минување на границите меѓу нашите држави со лични карти, за признавање на високообразовните и на професионалните квалификации на докторите по медицина и стоматологија, како и на архитектите, се голем чекор напред кон создавањето на заеднички регионален пазар, […]

Разговорите за работа во недела треба да продолжат, велат од Стопанската комора


Стопанската комора на Северна Македонија излезе со став дека по одлуката на Уставниот суд да не поведе постапка за измените на Законот за работните односи во кој беше оспорено работењето во недела, разговорите со Владата треба да продложат. Целта на разговорите, како што вели во соопштението до медиумите, е да се конципира ново законско решение […]

Спасовски: Тешко е да се обезбедат сите докази за дојавите за бомби бидејќи домените се од други држави


Министерството за внатрешни работи денеска поднесе една кривична пријава за дојавите за бомби во училиштата. Направени се проверки во училиштата, остана уште едно, каде проверките се при крај, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во одговор на новинарско прашање по поднесената кривична пријава за малолетник кој испратил една од лажните дојави за бомби во […]

Сите самити за Западен Балкан водат кон Тирана


  Лидерите на 27 земји членки на ЕУ утре ќе присуствуваат на првиот самит со земјите од Западниот Балкан што се одржува во регионот, а не во Брисел. Многумина побрзаа овој факт да го прогласат за историски, но за да биде така фали истото чувство да го делат и граѓаните што живеат во земјите од […]

ФИТР инвестира во пет компании за развој на решенија за справување со климатски промени


  Вкупно пет домашни компании се добитници на финансиска поддршка во рамките на предизвикот за „Справување со климатски промени 2022” кој го спроведе Фондот за иновации и технолошки развој во соработка со Кабинетот на вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економски сектори и инвестиции. Добитници се – проектот „Влијание на мрежи за засенчување врз квалитетот и […]

Бензините поевтинуваат, цената на дизелот останува иста


  Од полноќ поевтинуваат бензините од еден денар до денар и половина. Цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1,50 денари, а за еден денар на ЕУРОСУПЕР БС-98. За еден денар се намалува и цената на Екстра лесното масло за домаќинство, а  малопродажната цена […]