Грковска е против изборот на обвинителот Љубомир Јовески за уставен судија


  Вицепремиерката за добро владеење, Славица Грковска, вечерва се дистанцираше од владиниот предлог државниот јавен обвинител Љубомир Јовески да биде избран за уставен судија, но нагласувајќи дека тоа е само нејзин личен став. „Јас имам свој став околу предлогот за условно унапредување на републичкиот јавен обвинител за уставен судија. Јас не сметам дека треба да […]

“Тешко е да се сака”. Елена Ристеска сними песна со диџеј Спарадајз


Соработката помеѓу италијанскиот диџеј Дј Спарадајз и Елена се роди пред повеќе од година дена, кога познатиот диџеј бараше соодветен вокал и мелодија за неговата тогашна трака која ќе излезе на сите музички платформи под капата на “Арџента рекордс” од Италија на 10ти декември 2022ра година. Откако пробаа голем број на пејачи да ја донесат […]

Уште 30 вработени во руската дипломатска мисија ќе ги напуштат САД поради визните ограничувања


САД– Уште 30 вработени во руската дипломатска мисија во САД ќе ја напуштат таа држава до 1 јануари 2023 година поради визните ограничувања, изјави денеска рускиот амбасадор во Вашингтон, Анатолиј Антонов. „Американците ја продолжуваат својата политика на намалување на бројот на руски дипломати во САД. Уште 30 лица ќе ги напуштат САД до 1 јануари. […]

Емоции и солзи на бразилските репрезентативци по елиминацијата во четвртфиналето на СП 2022


OAE – Фудбалерите на бразилската репрезентација по поразот од Хрватска не можеа да ги скријат солзите и разочарувањето. На Нејмар не му се веруваше како од речиси пласирани во полуфиналето, „кариоките“ на крајот останаа со празни раце.   Во полуфиналето на Мундијалот во Катар, Хрватска ќе игра со победникот од мечот меѓу Холандија и Аргентина, кој […]

Нејмар го израмни рекордот на Пеле по голови за Бразил


ОАЕ– Напаѓачот на Бразил, Нејмар, го отвори резултатот во четвртфиналето на Светското првенство 2022 година против Хрватска. Овој гол беше 77. гол за 30-годишниот фудбалер за националниот тим – точно исто толку постигна и легендарниот бразилски напаѓач Пеле. Сега Нејмар и Пеле го делат рекордот по голови за бразилската репрезентација. Сепак, Нејмар вечерва нема многу причини […]

Последна самба на Бразилците, Хрватска пак преку пенали оди понатаму


  Бразил го имаше својот последниот танц. Се чинеше дека имаа тензично, воодушевувачко четвртфинале со извонредно конструиран гол на Нејмар во 105. минута и во тоа време се чувствуваше како моментот на вистинското пристигнување на нивниот талисман на овој турнир да може да биде клучен настан во неговиот наратив. Но, тие сметаа без извонреден, тврд […]

ЕК: Унгарија не ги спроведе неопходните реформи за да добие европски фондови


Унгарија не ги спроведе неопходните антикорупциски реформи за да го гарантира нејзиниот пристап до милијардите евра од европските фондови  кои и следуваат, објави Европската комисија. Средствата што Будимпешта очекува да ги добие од Брисел изнесуваат 13,2 милијарди евра.

Американски „Ривиан“ отвори технолошки центар во Белград


  Американскиот производител на електрични автомобили „Ривиан“ отвори технолошки центар во Белград каде ќе бидат вработени 200 инженери. Васим Бенсаид, постар потпретседател за развој на софтвер на „Ривиан“, им се заблагодари за поддршката што ја добија кога пристигнаа во Србија и истакна дека софтверот е суштината на искуството што компанијата им го нуди на клиентите. […]

СЗО предупредува дека некои бактерии во крвта станале отпорни на сите лекови


  Зголемена отпорност на бактериите кои предизвикуваат инфекции на крвта, на лекови, вклучително и отпорност на антибиотици од последната линија на одбрана, е забележана во првата година од пандемијата на коронавирус, се вели во извештајот на Светската здравствена организација заснован на податоци од 87 земји во 2020 година. Прекумерната употреба на антибиотици им помогна на микробите да станат […]

„Фолксваген“ ја одложи одлуката за локацијата на фабриката во Источна Европа


Германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ (VW) ја одложи одлуката за локацијата на новата гигафабрика за батерии за електрични автомобили во Источна Европа поради енергетската криза и високата инфлација. Компанијата претходно објави дека планира да изгради шест фабрики за батерии низ Европа кои ќе започнат со работа до 2030 година со капацитет од дури 240 GWh […]

Почнаа дебатите за воведување на данок за екстра профит


  Министерството за финансии почнува дебата за иницијативата за воведување данок на екстра профит. За таа цел, како што соопштија од МФ, денеска министерот Фатмир Бесими одржа средба со бизнис заедницата. На средбата присуствуваа претставници од најголемите стопански комори, Стопанската комора на Македонија, Сојузот на стопански комори, Стопанска комора на Северозападна Македонија и Македонската банкарска […]

Тинејџер  ја нашол дебитната картичка на дедо му, па го „олеснил“ за 468 илјади денари


СВР Штип поднесе кривична пријава против К.М.(18) од Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 28.05.2021, пријавениот обезбедил податоци од дебитна картичка на дедо му, по што во 468 наврати со неа плаќал за игри и вршел купувања. На тој начин го оштетил дедо […]

Македонија ќе добие бесплатен пристап на пристаништето Порто Романо во Драч


Владата на денешната седница, на предлог на Министерството за политички систем и односи помеѓу заедниците, го разгледа и прифати Извештајот за извршени преговори за склучување Спогодбата за соработка меѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на Министри на Република Албанија за развој на инфраструктурни проекти, логистичка безбедност и ефикасност на транспортна стоки меѓу двете […]

Пари за К-15 за 2020 и за 2022 за буџетски корисници ќе се обезбедат со прераспределба на средства


Владата денеска донесе Одлука за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите. Имајќи ја предвид обврската за исплата на регрес за годишен одмор за 2022 година до крајот на тековната година (К-15), како и правосилните судски пресуди и најавените понатамошни судски постапки за остварување на правото за неисплатен регрес за […]

Владата усвои измени на законите за данокот на личен доход, за ДДВ и за данокот на добивка


Владата денеска усвои предлози за измени и дополнувања на неколку закони, предложени од Министерството за финансии, а кои што се дел од даночната реформа што треба да стартува од 01 јануари 2023 година. Владата, на денешната седница го усвои Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на личен доход. Измените, како што […]

„Лимак“ почнува иницијатива за поддршка на студентките на инженерските факултети


  Групацијата „Лимак“ започнува да ја спроведува иницијативата Global Engineer Girls (GEG) во Северна Македонија, заедно со стратешките партнери – Министерството за образование и наука и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Основна мисија на GEG иницијативата е да обезбеди ефективна поддршка за девојките и младите жени кои сакаат да бидат инженери да стекнат […]

Маричиќ: Напредок има, но далеку сме од таму каде што би сакале да бидеме


Борбата против организираниот криминал и корупцијата и напредокот на патот кон Европската Унија се два меѓусебно зависни процеси кои го забрзуваат процесот на интеграција. Не можеме да очекуваме дека ќе имаме застој во борбата против корупцијата, а дека ќе одиме на патот кон ЕУ и обратно, ако сме добри и имаме добри резултати во овој […]

Треба да запре испораката на вакцини во ЕУ земјите, сè додека не се најде решение за вишокот  


Грција– На проблемот со кој се соочуваат земјите членки на ЕУ со вишокот вакцини против Ковид-19, кои не можат да се искористат и се уништуваат, како прашање за кое потребно е да се најде решение, се осврнал министерот за здравство на Грција Танос Плеврис за време на состанокот на со неговите колеги од Унијата, јави […]

ЕК го обнови договорот со Македонија за борба против тероризмот


Еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во Брисел потпишаа ревизија на билатералниот договор со Северна Македонија, обновувајќи ги активностите за спроведување на Заедничкиот акциски план за борба против тероризам за Западен Балкан, со што, како што соопшти Делегацијата на ЕК во Скопје, дополнително ќе ја надгради соработката во полето на борбата […]

Заеднички проект со Грција за пренатален скрининг во државава


Во просториите на Министерството за здравство на Северна Македонија денеска беше заокружено потпишувањето на трилатералниот Меморандум за разбирање помеѓу ова Министерство и Министерството за надворешни работи на Хеленската Република, како и Фондацијата за фетална медицина (Fetal Medicine Foundation) во врска со спроведувањето на заедничкиот проект за пренатален скрининг во државава во периодот од 2022 до […]