Естонија испраќа автобуси и генератори за струја во Украина


Естонската Влада испраќа 27 автобуси за Киев, додека приватни донатори собрале средства за да купат 13 генератори за струја за земјата разурната од војна. Автобусите треба да бидат испорачани во текот на ноември и декември, соопшти Министерството за надворешни работи во Талин. Тоа следи по претходна испорака на 17 користени автобуси. – За да му се помогне […]

Во земјава лани 116 лица го загубиле животот во сообраќајки


Во Република Северна Македонија минатата година 116 лица го загубија животот во сообраќајни незгоди. Жртвите и повредите на патиштата се ненадејни и трауматски настани чие влијание е долготрајно. Затоа, да ја поттикнеме свеста на учесниците во сообраќајот за почитување на правилата и прописите во сообраќајот, а со тоа и за намалување на сообраќајните незгоди, со […]

Османи презентираше Е-конзулат


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи ја презентираше првата фаза на проектот Е-КОНЗУЛАТ, дигитилизирана платформа на конзуларните услуги, со кој значајно се поедноставува процесот на добивање на одреден документ и зголемува ефикасноста на дипломатско-конзуларните претставништва со странство.  „Проектот се подготвува подолго време и произлегува од поплаките, коментарите и сугестиите на нашите државјани во странство и […]

Ахмети по 11-часовниот состанок на ДУИ: Демократијата има граници


Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, изјави дека вчерашната средба во партиското седиште во Мала Речица, која траеше 11 часа, била една од низата традиционални средби на партијата, а имало конструктивна дебата. -На средбата беа слушнати забелешки врз извештајот на извршната власт, со цел да се подобри работата во овие институции. Се дискутираше […]

Во Македонија се троши повеќе енергија за исто производство во ЕУ


Народната банка уште од минатата година, преку низа инструменти го започна затегнувањето на монетарната политика, во насока на закотвување на инфлациските очекувања, вели во интервју за МТВ, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска. “Иако ова не е класичен шок од страна на побарувачката, инфлациските притисоци траат подолго време, подисперзирани се, влијаат на инфлациските очекувања и […]

Блок 1 на РЕК Битола вратен на мрежа, санацијата завршена 24 часа порано


Блок 1 во РЕК Битола од изутринава  е вратен на мрежа и продолжи со производство на електрична енергија, по извршената санација во изминатите два дена, соопшти ЕСМ. -Санирањето на пречките во делот на кондензаторот и на дел од цевководниот систем во постројката се изведе 24 часа порано од предвидениот рок и блокот е вклучен во […]

Од утре и автобусите на „Слобода превоз“ нема да возат


Скопјани утре треба да се снајдат како ќе стигнат на работа, затоа што  проватниот превозник „Слобода превоз“ почнува со штрајк и десет линии со кои тие оперираат нема да возат по градските улици. Причина за овој штрајк е лошата финансиска состојба на сопствениците на автобусите, бидејќи со месеци се без плата, а ЈСП не го […]

Народниот правобранител бара да се реши проблемот со правно „невидливите“ деца


Значително е подобрена свеста за правата на децата и се преземени мерки за нивна заштита. Но, тоа не е доволно, Конвенцијата за правата на детето не обврзува безусловно да овозможиме подобар свет за секое дете, услови за нормален развој и егзистенција, непречено остварување на правото на образование, највисоко ниво на здравствена заштита, социјална помош и […]

Ковачевски и директорот за енергетика на ЕБРД ја посетија фотонапонската централа „Осломеј- 1”


 Генралниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и директорот за енергетика во Европа од ЕБРД, Грегош Зеленски ја посетија фотонапонската електроцентрала „Осломеј- 1” од 10 мегавати во Кичево, чија изградба беше финансирана со поволна кредитна линија од ЕБРД и која е веќе функционална. Европската банка за обнова и развој ќе продолжи со финансиска поддршка на […]

Се множат „паразитите“, меѓу нив и Мицкоски според СДСМ


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан  Мицкоски, земал речиси 100.000 денари месечно во време на ВМРО-ДПМНЕ, а минималната плата тогаш била 8.000 денари, објави денес СДСМ откако опозициската ВМРО-ДПМНЕ со денови објавува плати на директори во јавни и приватни претпријатија кои не се ништо поразлични од времето кога тие беа на власт и кога ги држеа тие […]

Милевски: Да ги надминеме кочниците и стравовите за да почнеме со преговорите


Да ги надминеме домашните кочници и стравови за што поскоро да ги почнеме преговорите со ЕУ, порача утрово претседателот на ЛДП Горан Милевски во воведното обраќање на регионалната либерална конференција „QVO VADIS EVROPA 2022? Поттикнување на проширувањето и интеграцијата на ЕУ“. Како што рече Милевски, следува период кога државата и општеството ќе треба да се […]

Ќучук: За либералите е најважно проширувањето на ЕУ да продолжи


Eвропратеникот и копретседател на партијата АЛДЕ Илхан Ќучук денеска од конференцијата што ја организира ЛДП пред партискиот конгрес, порача дека за либералите е најважно проширувањето на ЕУ да продолжи зашто тоа може да придонесе за трансформација на општествата и економиите во земјите како Северна Македонија. Тој истакна и дека Северна Македонија бележи стабилност кога се […]

Патиштата влажни, АМСМ препорачува внимателно возење


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата […]

20 ноември во историјата – Почнаа Нирнбершките процеси


  На 24 високи нацисти почна да им се суди им се суди на 20 ноември 1945 година во Нирнберг, Германија, за злосторствата извршени за време на Втората светска војна. Нирнбершките судења ги водеше меѓународен трибунал составен од претставници на САД, Советскиот Сојуз, Франција и Велика Британија. Тоа беше прво судење од ваков вид во […]

Маск го врати Трамп на Твитер


Илон Маск, новиот шеф на Твитер, објави дека ќе ја врати сметката на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, забранета од социјалната мрежа по нападот на Капитол Хил во Вашингтон во јануари 2021 година.   „Народот го кажа своето. Трамп ќе биде вратен“, напиша Маск на својот профил на Твитер по резултатите од анкетата објавена меѓу […]

Либерално-демократската партија денес на конгрес ќе избира нов лидер


Под слоганот „Обединето, храбро, гласно!“, Либерално-демократската партија денеска ќе одржи осми конгрес за избор на партиски претседател што ќе го наследи досегашниот  лидер Горан Милевски, кој партијата ја водеше од 2015 година. Кандидат за лидер на ЛДП е Моника Зајкова, потпретседатека на партијата и пратеничка во актуелниот собраниски состав, која на конгресот ќе има свое […]

И со осум милијарди население, две третини од земјите се соочуваат со демографска криза


Напредокот во здравствената заштита и грижа, зголемената покриеност и подобрениот квалитет на услугите, следствено зголемениот просечен животен век и намалувањето на глобалната сиромаштија овозможи светското население да достигне осум милијарди. Сепак напредокот, не ги засегна сите подеднакво –  постојат огромни разлики во пристапот до правата и квалитетните услуги, можностите за раст и развој и квалитетот на […]

Повредени кучиња при третман кај необучени грумери, нема контрола на груминг салоните


Рани по кожата, исечени уши, крварење од ноктите, габични и бактериски инфекции од нестерилни машинки, повреди на тапанчето во увото кои доведуваат до глувило, но и повреда на окото што резултира со чир на рожницата, па прераснува во слепило, се најчест, но мал дел од оние повреди кои ги предизвикуваат необучените грумери кај кучињата. Ова […]

Ковачевски на гости кај семејство во Охрид кое користи струја од фотоволтаици


  Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Охрид го посети семејството Тодороски, кое има инсталирано кровна конструкција на фотоволтаици за сопствено производство на струја на приватен семеен објект куќа, соопшти владината прес-служба. Семејството, според информацијата, го споделиле позитивното искуство од инсталираните панели и намалените трошоци за потрошената енергија на дневно ниво за потребите на ова семејство. […]

Ковачевски е огорчен од начинот на кој Онишченко добил пасош


  Премиерот Димитар Ковачевски денеска рече дека нема да отстапел од барањето одговорност за пропустот направен при издавањето пасош за Украинецот Александар Онишченко. Одговорот за причините ќе ги даде истрагата што треба да се спроведе во АНБ и соодветниот извештај. „Штом ќе има извештај, мора да има и одговорност за тоа што е направено“, изјави […]