Оставка на полскиот министер за европски прашања


 Полскиот министер за европски прашања Конрад Шимански денеска поднесе оставка, во мигови кога се бележат кревки односи меѓу Владата во Варшава и Европската унија и внатрешни тензии во Брисел. „Мислам дека ново отворање што ќе биде во форма на нова личност, би можело да помогне. Убеден сум дека мојот наследник ќе го има истото искуство, […]

Почнува Официјалната програма на ОСТЕН Биеналето на цртеж – Скопје 2022


Со самостојната изложба на уметницата од Грција Александра Стампали – „Забранет дијалог“ и со изложба на слики со дела од Салвадор Дали од колекцијата на ОСТЕН Музејот на цртеж вечер започнува Официјалната програма на ОСТЕН Биеналето на цртеж – Скопје 2022. -Во текот на своето повеќедецениско работење, ОСТЕН воспостави процес на вреднување на уметничките дела […]

Ревизорите посочија на ненаменско трошење средства во ЕУ, зголемен бројот измами


  Повеќе од пет милијарди евра од фондовите на ЕУ минатата година биле потрошени ненаменски, соопштија синоќа ревизорите на Унијата, истакнувајќи дека националните власти често грешеле во распредалбата на средствата, но истовремено посочувајќи и на зголемен број случаи на сомневања за измами.   Европскиот суд на ревизори (ЕЦА) што е одговорен за проценка на буџетот […]

Бајден: Светот и кажа на Русија дека не може да избрише суверена држава од мапата


Американскиот претседател Џо Бајден веднаш по гласањето во Генералното собрание на Обединетите нации ноќеска изјави дека резолуцијата на ОН против руските анексии во Украина, усвоена со историско мнозинство, е порака до Москва дека не може да избрише суверена држава од картата на светот. „Денеска огромното мнозинство од земјите во светот – нации од секој регион, […]

Конститутивна седница на италијанскиот парламент, во фокусот Џорџа Мелони


  Пратениците од новиот состав на двата дома на италијанскиот парламент денеска треба да ја одржат конситутитивната седница, со прва работна задача да изберат претседавачи на двата параламентарни дома. Мнозинство во двата дома има Десничарската коалиција предводена од изборната победничка Џорџа Мелони, и тоа 400 во Пратеничкиот дом и 206 во помалубројниот Сенат. Покрај екстремно десничарската […]

Претседателката на швајцарскиот Национален совет на Федералниот парламент ќе се обрати пред пратениците


Претседателката на Националниот совет на Федералниот парламент на Швајцарската Конфедерација Ирене Келин, денеска ќе има обраќање пред пратениците во Собранието на Република Северна Македонија. Претходно, по церемонијата на свечен пречек, како што е најавено, Келин ќе има тет-а-тет средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери. По потпишување на Ирене Келин во Книгата на впечатоци, од […]

Голема осуда на Москва: Само четири земји ја поддржаа Русија во ОН за анексијата на украинските региони


  Генералното собрание на Обединетите нации ноќеска со големо мнозинство го осуди рускиот „обид за нелегална анексија“ на четири делумно окупирани региони во Украина и ги повика сите земји да не го признаат потегот, зајакнувајќи ја дипломатската меѓународна изолација на Москва. Одлуката на ГС на ОН не е обврзувачка, но резолуцијата ја прогласи анексијата за […]

Г7 ќе и помага на Украина да се одбрани од руската агресија „колку што е потребно“


  Групата Г7 ќе продолжи да и помага на Украина „колку што е потребно“ за да се одбрани од руската инвазија и нејзините економски последици, се вели во заедничката изјава на министрите за финансии на Г7 по состанокот во Вашингтон. Групата најразвиени земји, исто така, соопшти дека ќе продолжи да работи на механизам кој ќе овозможи конкретно воведување на […]

Со настапот на проширениот Exploding Star Orchestra на култниот Роб Мазурек стартува 41. издание на Скопскиот џез фестивал


Со концерт на ансамблот Exploding Star Orchestra, предводен од неприкосновениот лидер на чикашката авангарда, прославениот трубач, композитор, аранжер и визуелен артист Роб Мазурек, вечер во Скопје ќе биде отворен годинашниот 41. Скопски џез фестивал. Организаторите порачуваат дека императив и годинава во внимателно составената програма е сочувување на високиот меѓународен рејтинг на фестивалот и традицијата тој […]

Во тек е нов руски напад врз делови од Киев


  Рано утринава врз делови од регионот на Киев се изведуваат нови напади на руските сили врз инфраструктурни објекти, јави шефот на регионалната воена администрација Олексеј Кулеба. Тој за украинските медиуми изјави дека најверојатно станува збор за напади со беспилотни летала-камикази и дека спасувачките служби се излезени на терен. Заменик-началникот на кабинетот на претседателот на […]

Промоција на книгата „Моделирање на институциите во уметноста и културата“ од Биљана Тануровска-Ќулавковски


Книгата „Моделирање на институциите во уметноста и културата“ од Биљана Тануровска – Ќулавковски ќе биде промовирана вечер во Културно-информативниот центар – Скопје. Книгата е во издание на Ми-Ан. Книгата ќе ја промовираат Лорета Георгиевска – Јаковлева, Славчо Димитров и Роберт Алаѓозовски. Биљана Тануровска – Ќулавковски е културен работник- истражувач, куратор, продуцент, ко-основач на организации, мрежи, […]

Презентации на можностите за студирање и живеење во Словенија


  Две презентации кои ги опфаќаат можностите за студирање и живеење во Словенија ќе се одржат утре во Скопје. Организатори на презентациите се националната иницијатива „Студирајте во Словенија“, поддржана од словенечките високообразовни институции и Министерството за образование, CMEPIUS, Центар на Република Словенија за мобилност и европски програми за образование и обука и Erasmus Slovenia. На […]

Облачно со повремен дожд


Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, најпрвин во западните, а потоа и во останатите подрачја. Како што информираат од УХМР, во попладневните и вечерните часови ќе има врнежи на повеќе места. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени. Во […]

Деановски: Ниту едно наше барање не беше на дневен ред на Економско социјалниот совет


 Со дневен ред од пет точки, меѓу кои ги немаше барањата на синдикатите од изминатиот период, мина денешната седница на Економско-социјалниот совет која на крајот беше прекината, без конкретни мерки како што беше најавувано, рече Трпе Деаноски, претседател на Синдикатот на работниицте од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) во вечерашното издание на […]

Како витаминот Де го подобрува здравјето?


Витаминот Де не беше особено ценет до неодамна, но по бројните откритија за неговите придобивки за здравјето, спроведено е истражување кое неспорно ја докажа неговата ефикасност. Иако витаминот Де првенствено се создава во телото по изложување на сончевите зраци, можеме да го добиеме и преку храна или додатоци во исхраната. Подолу е одговорот на прашањето […]

Што ќе се случи ако сите се префрлиме на електрични автомобили?


Во последниве години, возачите ширум светот беа повикани да побрзаат со преминот кон електрични автомобили, но транзицијата генерира многу сомнежи и процесот се одвива со бавно темпо. Едно од главните прашања е дали сме подготвени на енергетско ниво да се снабдуваме со електрична енергија? Bloomberg направи анализа за да одговори на тоа прашање. Според податоците, […]

Експерти: Европа влегува во нов бран на коронавирусот


  Здравствените власти во Европа велат дека показателите укажуваат на уште еден бран на инфекција со Ковид на овој континент, јави Анадолија. „Иако не сме таму каде што бевме пред една година, јасно е дека пандемијата на Ковид-19 сè уште не е завршена“, се вели во заедничката изјава на Стела Киријакидес, европска комесарка за здравје […]

Убедлива победа за македонските ракометари против Луксембург на стартот на квалификациите за ЕП 2024


  Македонската ракометна репрезентација вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје забележа убедлива победа над Луксембург со 38:24 (18:7 полувреме) во првото коло од квалификациите за Европското првенство 2024.   Подмладениот тим селектиран од Кирил Лазаров во текот на целиот натпревар доминираше на теренот и на крајот лесно дојде до првите бодови со 44-тата победа […]

Џафери само купува време, вели Апасиев


  Лидерот на политичката партија Левица Димитар Апасиев изјави дека враќањето на нивната иницијатива за референдум од страна на претседателот на Собранието Талат Џафери е само купување време, но дека тие ќе ја направат корекцијата во дадениот рок и повторно ќе ја поднесат. -Иницијативата не е одбиена. Значи, ова не е ист случај како со […]

Шефот на Генералштабот на САД изјави дека руските напади врз цивилната инфраструктура се воено злосторство


Началникот на Генералштабот на САД генерал Марк Мили, по денешниот состанок во Брисел на Контакт групата за одбрана на Украина, оцени дека руските напади врз цивили и цивилна инфраструктура во таа земја претставуваат „воено злосторство, јави Си-Ен-Ен. На прес-конференција , Марк Мили истакна дека „Русија намерно ја таргетирала цивилната инфраструктура со цел да им наштети […]