Русите истрелале ракета во близина на британски авион над Црното Море


Руски авион-ловец истрелал ракета во близина на британски авион што патролирал во меѓународниот воздушен простор над Црното Море на 29 септември, изјави денеска британскиот министер за одбрана Бен Валас. Валас пред Парламентот соопшти дека Велика Британија по инцидентот ги суспендирала патролите и изразила загриженост до рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу. Москва соопшти дека се […]

Скапата електрична енергија ја погоди и трговијата


  Драстично поскапената електрична енергија, непрецизното дефинирање на мерките поврзани со ограничувањето на маржите, отсуството на сеопфатен приод на државата при справување со кризни моменти и нелојалната конкуренција се само дел од проблемите со кои се соочуваат големите ланци на маркети што деновиве ги посети делегација на Стопанската комора, предводена од потпретседателот Зоран Јовановски, соопштија […]

Констракта номинирана за „Греми“


Српската евровизиска претставничка Констракта која годинава на Евросонг во Торино, Италија го освои 5.место  ( единствена од екс-Ју се пласираше во финале) и воодушеви со необичната песна “In Corpore Sano” , доби ново големо признание. Таа на Инстаграм објави дека е номинирана за престижната награда Греми и тоа во две категории-најдобар нов изведувач и најдобра […]

Црната смрт и денес влијае на нашето здравје, таа е поврзана со чести болести


  Црната смрт остави толку неверојатен генетски белег на човештвото што сè уште влијае на нашето здравје, речиси 700 години откако ја зафати Европа. Доба на чумата (црна смрт) е името дадено на периодот на една од најразорните пандемии во историјата на човештвото. Почнувајќи од Југозападна Азија, таа се проширила во Европа кон крајот на […]

МОН: Подготвени сме за успешно спроведување на препораките на ЕУ


 Министерството за образование и наука е подготвено да се соочи со предизвиците на 21 век во образованието и успешно да ги спроведе сите препораки и насоки на Европската Унија, вели Јасмина Вукиќевиќ, посебен советник во МОН. Како дел од владината делегација предводена од  вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ,  изминативе денови таа учествуваше на скрининг објаснувачките […]

Почина снимателот и фотограф Лука Суша


Фотографот и снимател Лука Суша почина денеска (1950-2022). Роден е во Скопје, живеел и се школувал ширум поранешна Југославија. Негови фотографии се објавени на страниците на бројни дневни и неделни изданија на поранешна СФРЈ, како „Политика“, „Борба“, „Базар“… Подоцна работел како снимател во А1 телевизија. Во 2017 година од Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска филмска, театарска и танцова академија ја доби традиционалната награда „Љубе […]

Лиз Трас не издржа – поднесе оставка како британски премиер


  Лиз Трас поднесе оставка од функцијата премиер и ќе се повлече по еднонеделниот итен натпревар за наоѓање на нејзиниот наследник, објави таа пред Даунинг стрит 10. Тоа следи по турбулентните 45 дена на функцијата за време на кои мини-буџетот на Трас ги урна пазарите, таа загуби двајца клучни министри и ја загуби довербата на […]

АД ЕСМ ќе потпише договор со Скопје Север, но претходните и новите обврски мора да се исполнат


Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, во изјава за медиумите денеска рече дека АД ЕСМ ќе склучи нов договор за деловно-техничка соработка со АД Скопје Север, со кој ќе се уредат односите за оваа грејна сезона со цел граѓаните да имаат парно греење во делот на градот кој го покрива Топлана Скопје Север. Сепак, […]

Ѓоковиќ би можел да го пропушти турнирот во Париз


Србија – Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ може да го пропушти турнирот во Париз (Франција), изјави неговиот тренер Горан Иванишевиќ. – Јасно е дека тој дефинитивно ќе игра во Торино, но останува прашањето дали ќе замине во Париз пред тоа, го цитира „Спортске Новости“ Иванишевиќ. Оваа сезона Новак Ѓоковиќ го освои Вимблдон, турнирите во Тел Авив (Израел), […]

Во Италија ќе се изучува македонскиот јазик


Поинтензивна соработка меѓу сродни институции, размена на уметници, научници и млади луѓе, како и широк спектар на активности кои уште повеќе ќе ги доближат двете земји, се содржани во петтата Програма за соработка на полето на културата, образованието и науката меѓу Република Северна Македонија и Италија што денеска ја потпишаа министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и италијанскиот амбасадор во нашата […]

(Фото) Автобусите на ЈСП повторно на скопските улици


Автобусите на ЈСП „Скопје“ од попладнево повторно сообраќаат по улиците на главниот град, откако Советот на Град Скопје со 39 гласови „за“ донесе одлука за субвенции на ЈСП „Скопје“  за 2022 година. Место планираните 360 милиони денари, со новата измена, ЈСП Скопје од Буџетот на градот ќе добие 506 милиони денари, со што се обезбедуваат […]

ЈСП продолжува со нормалното функционирање, автобусите се вратија


  ЈСП продолжува со нормалното функционирање, откако градот Скопје изнајде решение за вештачки предизвиканата криза во претпријатието, соопштија од Град Скопје. Постигнат е договор за платите на вработените во Јавното сообраќајно претпријатие и автобусите на ЈСП веќе ќе почнат да сообраќаат, потврди  и претседателот на синдикатот на ЈСП Миќо Стојановски. „Трансферот на пари е направен. […]

Како штеделе во ЕСМ: Греење на нула, намалено осветлување…


АД ЕСМ треба да биде пример како да се штеди енергијата, зашто ние ја произведуваме, рече денеска генералниот директор на компанијата, Васко Ковачевски. Одговорајќи на новинарско прашање како ЕСМ успеа да заштеди струја кога фасадата на зградата се уште не е направена, Ковачевски одговори дека освен што максимално се почитувале мерките препорачани од Владата, во […]

Скопјани ќе имаат парно, прашање е само дали топланите ќе работат на гас или на дизел, вели Ковачевски


Граѓаните на Скопје ќе имаат парно греење, прашање е само на што ќе работат топланите, дали на гас, што е основното сценарио, или на дизел гориво, за што се прават последните подготовки, изјави денеска првиот човек на државната АД ЕСМ, Васко Ковачевски. „Доколку нема прифатливи понуди, односно доколку нема компанија која што ќе понуди испорака […]

Пратениците расправаа за измените на Законот за градење


Пратениците денеска го образлагаа Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за градење, по скратена постапка, со којшто се предвидува посебна постапка за поставување на фотонапонски електроцентрали на објекти, без издавање на решение за поставување, од страна на потрошувачи-производители кои произведената електрична енергија ја користат за сопствена потрошувачка, а вишокот на произведената енергија […]

Гир: Пристапување во ЕУ не мора да значи откажување од историјата и идентитетот


  Добрососедските односи се суштински дел на евроинтергративниот процес, а процесот на пристапување во ЕУ може да помогне за поголема промоцијата и унапредување на односите, не мора да значи откажување од историјата и идентитетот, туку напоротив. Членството носи предности како поголема стабилност, просперитет и демократска одговорност, порача евроамбасадорот Дејвид Гир во обраќањето на конференцијата „Можности […]

Понеделник е неработен ден


Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ  („Службен весник  на  РМ„ бр.21/98 и 18/07),  23 октомври 2022година (недела), Ден на Македонската Револуционерна Борба, односно 24 октомври 2022 година (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.   Министерството за труд и социјална политика на […]

Измените на законот за здруженија нема да бидат ретроактивни


,Секое добро решение ќе биде прифатено, што отсекогаш  било мое животно и професионално мото, без разлика дали доаѓа од власта или од опозицијата. Ако предлогот е добар и конструктивен ќе биде прифатен, изјави министерот за правда Никола Тупанчески одговарајќи на новинарски прашања за  Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации поднесен […]

Русковска повторно се кандидираше за шеф на организиран криминал


Обвинителката и екс-шефица на Обвинителството за гонење корупција и организиран криминал Вилма Русковска повторно се кандидирала за истата функција. – Да, вчера ја поднесов пријавата. Очекувам апсолутно колегите да ме поддржат и да гласаат за мене, рече Русковска. Инаку, Рускоска попладнево беше повикана да даде исказ пред обвинител во ОЈО Скопје по поднесената кривична пријава […]

Објавена првата публикација од Пописот 2021


 Клучните податоци за населението, домаќинствата и становите од Пописот 2021 од сега се достапни и во првата публикација под наслов: „Вкупно резидентно население, домаќинства и станови во Република Северна Македонија, Попис 2021“. Како што соопшти Државниот завод за статистика, по обработката на податоците и објавувањето во сетови, во првата публикација од Пописот 2021 преку 22 […]