Почнува осмиот фестивал „BookStar“, наградата годинава за нобеловката Светлана Алексиевич


Под мотото „Храбри нови зборови“ / Brave new wor(l)ds“, од денеска до 5 октомври ќе се одржува осмиот Фестивал на европската литература „BookStar“, што го организира издавачката куќа „Антолог“. Оттаму најавија дека годинава ќе бидат претставени исклучителни европски и домашни автори, кои ќе учествуваат на десетина книжевни разговори, поткасти, работилница за раскажување приказни, читање, предавање. […]

„Политико“ и Блумберг очекуваат дека ќе биде тешко да се формира влада во Бугарија


САД-  Магазинот „Политико“ и агенцијата Блумберг очекуваат дека ќе биде тешко да се формира нова влада во Бугарија по вчерашните предвремени парламентарни избори. И според двата американски медиуми, на долготрајната политичка криза во оваа балканска земја не и се гледа крај, јави БТА. На изборите победи партијата ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов, но се […]

Државниот архив ќе добие Центар за дигитализација


  Во Државниот архив со Скопје денеска свечено ќе биде отворен Центарот за дигитализација во рамки на Одделението за средување и обработка на архивски материјал – османлиски период, чие опремување е донација на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА). На свеченоста по повод донацијата ќе присуствуваат амбасадорот на Турција во земјава, Хасан Мемет Секизќок, […]

Прв академски час на факултетите на УКИМ, почнува студиската 2022/2023 година


  На факултетите во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје денеска ќе бидат организирани први академски часови за симболично означување на почетокот на  студиската 2022/2023 година и добредојде на новата генерација студенти. Првиот академски час на УКИМ беше одбележан во саботата на Машинскиот факултет и, по пауза од две години поради КОВИД-пандемијата, […]

Претпладне претежно сончево, попладне можен дожд


Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне ќе има локално зголемување на облачноста проследено со врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието, засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 26 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево со […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 3 октомври 2022 година, 275-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 90 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 31 минута, а ќе зајде во 18 часот и 14 минути. Денов трае 11 часа и 43 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина, ќе изгрее […]

Во изборната ноќ, Шмит наметна измени во изборниот закон во корист на Хрватите


 Високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ Кристијан Шмит вечерва, на изборната ноќ, наметна ненајавени измени на изборниот закон поврзани со структурата и функционирањето на Домот на народите на Парламентот на Федерацијата БиХ и начинот на донесување одлуки , кои се во корист на Хрватите. „За судбината на оваа земја клучно е да нема повеќе […]

Кирил Петков: Нема да коалицираме со ГЕРБ и ДПС


 Копретседателот на „Продолжуваме со промената“ Кирил Петков коментира дека нема да коалицираат со ГЕРБ, која победи на парламентарните избори во Бугарија, како и со Движењето за права и слободи, јави дописникот на МИА од Софија. Асен Василев, копретседател на партијата ја честиташе победата на ГЕРБ-СДС и го призна поразот, велејќи дека тоа е избор на […]

Астролог открива кои три хороскопски знаци ќе имаат најмногу среќа во 2023 година


Рускиот астролог Павел Глоба открива дека три хороскопски знаци ќе имаат најмногу среќа во 2023 година. Познатиот руски астролог Павел Глоба почна да ги објавува своите астро предвидувања на почетокот на 80-тите години на минатиот век. Околу 85 отсто од неговите предвидувања се исполнети и тоа важи за астролог кој речиси никогаш не „промашува“! Овојпат […]

Флојд Мејведер доби доживотна забрана да купува во „Бугати“


Поранешниот американски боксер Флојд Мејведер Јуниор (44) се најде на црната листа на познатиот производител на автомобили Bugatti откако направи неверојатен потег и доби забрана да ги купува нивните возила. Американецот отсекогаш делувал опседнат со пари, поради што го добил прекарот Money за време на блескавата кариера во рингот каде што помина непоразен во 50 […]

Почина рускиот алпинист Александар Кленов, промотор на Демир Капија во светот


Почина рускиот алпинист Александар Кленов, кој изминативе години живееше во Демир Капија и ја промовираше демиркаписката клисура во светот. Негови  блиски и пријатели се простуваат од него на социјалните мрежи. – Демир Капија ја сакаше како родно место! Повеќе и од некои родени демиркапијци. Направи многу за неа!  Почивај во мир, напиша на социјалните мрежи […]

Германија пред зимскиот ковид-бран воведува маски на затворено


Стапи на сила нов комплет германски правила за коронавирус за есен и зима, бидејќи земјата се подготвува за пораст на случаите во постудените месеци. FFP2 маските се задолжителни во меѓуградските возови за лица постари од 14 години, додека претходно хируршките маски беа доволни. Од друга страна, укината е обврската за носење маски во авионите, во […]

Ѓоковиќ го освои турнирот во Тел Авив


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е победник на турнирот во Тел Авив. Тој во финалето го победи хрватскиот претставник Марин Чилиќ со 2:0, по сетови 6:3 и 6:4. Тенисерите на теренот поминаа 1 час и 35 минути. За Ѓоковиќ титулата во Израел беше 89-та во кариерата (сингл). Србинот планира следната недела да учествува на натпревари во […]

Радев очекува Брисел да го финансира извозот на струја во Македонија


  Бугарскиот претседател Румен Радев ја повика денес Европската унија финансиски да ја поддржи Македонија во увозот на струја од Бугарија, одговарајќи на прашања откако гласаше на денешните избори.. Бугарија е главен извозник на електрична енергија и е подготвена да го зголеми својот извоз во Македонија во согласност со нормите на европскиот пазар и интересите […]

Зајкова откри зошто ЛДП го предложи Пенов за нов министер за локална самоуправа


Ристо Пенов никогаш не се оддалечил од Либералдемократската партија и секогаш бил тука во рамките на својата советодавна улога, но и како претседател кој што одбележил добри резултати во текот на неговото претседателство со партијата, изјави потпретседателката и пратеничка од ЛДП, Моника Зајкова, откривајќи зошто поранешниот градоначалник на Скопје е предложен да биде министер за […]

Бугарија во уште еден јазол по денешните избори


  Има еден јасен победник во Бугарија на денешните избори – ГЕРБ, но политичката сцена и натаму е раздробена без јасна перспектива како би можело да се направи регуларна поличка влада. Ниедна од , условно речено, спротивставените групации нема парламентарно мнозинство и нејасно е како би можело да се стигне до него. Работите, според првите […]

Македонија и Црна Гора меѓу деветте земји кои го прифаќаат барањето на Украина за членство во НАТО


Девет земји од Централна и Источна Европа, вклучително и Северна Македонија и Црна Гора, го прифаќаат барањето на Украина за членство во НАТО, се вели во заедничката изјава. Документот го потпишаа претседателите на Романија, Чешка, Естонија, Латвија, Литванија, Северна Македонија, Црна Гора, Полска и Словачка, кои наведуваат дека „цврсто стојат зад одлуката донесена на Самитот […]

Столтенберг: Украинците го ослободија Лиман благодарение на храброста


Украинското ослободување на градот Лиман докажува дека украинската армија напредува и може да ги потисне руските сили, изјави денеска за Ен-Би-Си генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. „Видовме дека успеаја да ослободат уште еден град, Лиман, а тоа докажува дека Украинците напредуваат, дека можат да ги потиснат руските сили благодарение на нивната храброст, вештина, но […]

Ураганот Орлен се засили во бура од четврта категорија додека се движи кон западно Мексико


Ураганот Орлен што брзо се засили на четврта категорија се приближува кон западно Мексико, каде се очекува да предизвика поплави опасни по живот, според Националниот центар за урагани, пренесува Си-Ен-Ен. Ураганот, со максимални постојани ветрови од 130 милји на час, се предвидува дека ќе стигне до брегот на континенталниот дел на Мексико во понеделник или […]

Во координиран одговор, членките на ЕУ ги повикуваат на разговор руските амбасадори


Земјите од Европската унија почнаа да ги повикуваат на разговор руските амбасадори во нивните престолнини како координиран одговор на руската нелегална анексија на украински територии, изјави денеска за ДПА официјален претставник на ЕУ. Германија го повикала рускиот амбасадор во Берлин, потврди германското Министерство за надворешни работи за ДПА. Во министерствата за надворешни работи за понеделник […]