Флојд Мејведер доби доживотна забрана да купува во „Бугати“


Поранешниот американски боксер Флојд Мејведер Јуниор (44) се најде на црната листа на познатиот производител на автомобили Bugatti откако направи неверојатен потег и доби забрана да ги купува нивните возила.

Американецот отсекогаш делувал опседнат со пари, поради што го добил прекарот Money за време на блескавата кариера во рингот каде што помина непоразен во 50 борби.

Неговото богатство се проценува на повеќе од 1,2 милијарди долари, а често се фали во јавноста со своите пари, автомобили, скапи часовници и накит, а често бил и мета на критичарите.

Сепак, постои една работа на која Мејведер не се гордее, нешто за што се исмејуваат. Иако има голема колекција на автомобили, Мејведер повеќе не смее да купува автомобили Bugatti. Причината е што компанијата го стави боксерот на црната листа.

Bugatti уште од самиот почеток му даваше посебен третман и привилегии како ВИП клиент, но сето тоа се промени кога му ставија доживотно вето откако дознаа дека Мејведер продал еден од автомобилите за многу повеќе пари отколку што го купил.

Сега кога веќе ја нема поддршката од Bugatti, Мејведер реши да започне со промоција на еден од нивните главни конкуренти – Lamborghini. Неколку пати е виден како вози автомобили од овој бренд, покажувајќи ги Lamborghini возилата кои моментално ги поседува.