Бајден потпиша уредба за пренос на лични податоци од ЕУ во САД


  Американскиот претседател Џо Бајден денеска потпиша извршна уредба што овозможува напредок во примената на новата рамка за пренос на лични податоци од Европската унија во САД, клучен за дигиталната економија, јавија дел од светските медиуми. Во март, Вашингтон и Брисел начелно се договорија околу тоа прашање, долго спорно затоа што претходните предлози за договор […]

Нов инсект е пронајден во Србија – го нарекоа по Ѓоковиќ


  Откриен е и опишан нов пештерски вид инсект за науката, кој е наречен Duvalius djokovici, во чест на тенискиот шампион Новак Ѓоковиќ. Единствениот пештерски предатор е пронајден во Симината јама, на планината Повлен. Новиот вид инсект и Новак имаат заеднички особини – брзина, сила, истрајност, способност за преживување во сурово окружување, објаснуваат научниците. Истакнуваат […]

Курти: Решение за косовското здравство не е само спречувањето на одливот на лекари


Косовскиот премиер, Албин Курти изјави дека решение за незавидната состојба во која се наоѓа здравството во земјата не е само преземањето мерки за спречување на одливот на медицинските професионалци, јави дописникот на МИА од Приштина. На денешната собраниска седница, Курти рече дека решение е и враќањето на тие кои веќе заминале и изрази уверување дека […]

Петровска: Решавањето на отворените прашања на Балканот клучно за заедничката безбедност


На последниот Самит во Мадрид, што беше многу важен во ова критично време, НАТО порача дека секој сантиметар од својата територија е важен и, второ, дека ги зајакнуваме нашите капацитети за да одвратиме и да се одбраниме, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска на форумот „2BS – To Be Secure“ во Будва, Црна Гора, на […]

Средношколка нападната од соученик во училиште


Средношколка била нападната од соученик во ходникот во средно училиште на подрачјето на општина Гази Баба. Како што информира МВР, случајот вчера во СВР Скопје го пријавил таткото на девојчето,Д.И.(49) од Скопје. Според пријавата, нападот се случил на 5 отктомври 2022 околу 16 часот. Полицијата работи на расчистување на случајот. 

Земјотрес од 3.1 степени по Рихтер попладнево во Валандово


Земјотрес со локална магнитуда од 3.1 степени по Рихтеровата скала е регистриран попладнево во 14 часот и 19 минути на 132 километри југоисточно од Скопје, кој потекнува од епицентралното подрачје Валандово, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Според досегашните податоци со кои располага Опсерваторијата, земјотресот имал интензитет од III степени според Европската макросеизмичка […]

Србија планира диверзификација на нафтата преку изградба и поврзување со нафтоводот Дружба во Унгарија


  Министерството за рударство и енергетика на Србија соопшти дека по усвојувањето на осмиот пакет санкции на ЕУ во кои земјите од Западен Балкан не се изземени од забраната за увоз на сурова нафта од Русија по морски пат, ги разгледува сите можности да се обезбеди диверзификација на полето на снабдување со сурова нафта, јави […]

„Барселона Џипси Балкан Оркестра“ со концерт во Филхармонија на 11 декември


11 декември е датумот резервиран за премиерната дружба со македонската публика и концертот на Barcelona Gipsy balKan Orchestra (BGKO). Barcelona Gipsy balKan Orchestra (BGKO) е бендот, чиј вокал, неверојатната Маргерита Абита од Сицилија пред светот ја претстави магичната интерпретација на безвременскиот класик „Море сокол пие“. Начинот на кој Маргерита ја отпеа оваа традиционална песна, на чист македонски јазик ги собра симпатиите […]

САД издвоија 40 милиони долари за вооружување на Бугарија


Бугарија – Бугарија ќе добие 40 милиони долари дополнително воено финансирање откако ќе биде одобрено од Конгресот на САД, соопшти Американската амбасада во Бугарија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, средствата се наменети за зајакнување на безбедноста на Бугарија. Финансирањето е дел од сеопфатниот пакет наменет за Украина и 17 нејзини соседни земји, вклучително […]

Во Албанија почувствуван земјотрес


Земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во близина на Тирана. Епицентарот на земјотресот бил на 14 километри североисточно од Тирана, на длабочина од 10 километри, пишува Albanian Daily News. Земјотресот е почувствуван и во Драч.

Лукашенко му подарил трактор на Путин за роденденот


  Рускиот претседател Владимир Путин доби необичен подарок за својот 70-ти роденден во петокот: трактор. Кога лидерите на неколку поранешни советски држави се состанаа во Константиновата палата од царската ера во Санкт Петербург, белорускиот претседател Александар Лукашенко му врачи на Путин подарок сертификат за возилото. Тракторите се гордост на белоруската индустрија уште од советско време. […]

Советот на ОН за човекови права ќе именува експерт за испитување на состојбата со човековите права во Русија


 Советот на Обединети нации за човекови права денеска одлучи да именува независен експерт поради детално испитување на состојбата со човековите права во Русија. Предлогот за именување на независен експерт е изгласан со 17 гласа „за“, шест „против“, а 24 се изјасниле како „воздржани“. Предлогот поднесен минатата недела од сите земји-членки на ЕУ, освен Унгарија, беше […]

Мета: Владата мора да се жртвува, треба помалку да краде


Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на Партијата на слободата, Илир Мета, ја обвини владата за корупција и му порача на премиерот Еди Рама „жртвата што треба да ја направи е помалку да краде”.   Обраќајќи се на состанокот на Организацискиот одбор на партијата тој обвини за корупција во енергетиката каде се злоупотребени над две […]

Научен собир за Јован Павловски – 85 години од неговото раѓање и 65 годишната творечка дејност


  Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, во среда (12 октомври) во 12 часот, во просториите на ИМЛ,  ќе ги одбележи двата јубилеја на македонскиот истакнат писател, поет, раскажувач, енциклопедист и публицист Јован Павловски: 85 години од неговото раѓање и 65 годишната творечка дејност. Собирот ќе го отвори претседателката на […]

Македонска берза втора година се приклучува кон иницијативата „Да заѕвониме за финансиска писменост“


  Македонска берза втора година по ред се приклучува кон глобалната иницијатива „Да заѕвониме за финансиска писменост“ на Светската федерација на берзи (World Federation of Exchanges – WFE), како поддршка на глобалната кампања „Светска недела на инвеститорот“ во организација на Меѓународната организација на комисиите за хартии од вредност. Како што информира Македонска берза, оваа година […]

„Хладно пиво“ со настап во МКЦ на 9 октомври


Хрватскиот панк-рок бенд „Хладно пиво“ в недела на 9 октомври ќе одржи концерт во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. По овој концерт, од бендот најавуваат подолга концертна пауза. Како што соопштија, фронтменот Миле Кекин во следните години ќе се посвети на соло-кариерата, додека останатите членови од групата, Младен Субошиќ – Суба, Зоран Субошиќ – […]

„Вашингтон пост“: Човек од кругот на Путин му приговорил дека прави грешки во Украина


  Еден од луѓето кои се блиски до Владимир Путин директно го изразил своето несогласување со рускиот претседател во однос на неговите постапки во врска со војната во Украина. За ова пишува „Вашингтон пост“, повикувајќи се на податоци добиени од американското разузнавање. Според еден од изворите на весникот, приговорите изразени до Путин се однесуваат на […]

Вучиќ: Србија веќе донесе одлука за увоз на нафта, утре ќе се обратам на јавноста


  Претседателот Александар Вучиќ изјави дека Србија веќе донела одлука за увоз на нафта доколку поради Хрватска не може да се снабди со руска нафта преку хрватскиот гасовод Јанаф и дека утре ќе ја информира јавноста за тоа, како и одговорот на Србија, јави дописникот на МИА од Белград. – Хрватска себе се иззема од […]

Коцарев скептичен дека во следните 30 години може да станеме рамноправна членка на ЕУ


  Треба да се соочиме со реалноста дека веројатноста нашата држава да стане рамноправна членка на Европската Унија во следните 30 години, е многу мала, смета претседателот на Македонската академија на наука и уметностите (МАНУ), академикот Љупчо Коцарев. Како причини за тоа, Коцарев во своето обраќање по повод Денот на Академијата, ги наведе бавното темпо […]

Во декември истекува мандатот на уште еден уставен судија


Уставниот суд денеска испрати писма до Судскиот совет и Собранието на Република Северна Македонија со кои ги известува за истекот на мандатот на уставната судијка Вангелина Маркудова на 7 декември 2022 година и дека исполнети се условите за започнување на постапка за утврдување предлог за избор на судија на Уставниот суд. Во писмото до претседателката […]