Нов инсект е пронајден во Србија – го нарекоа по Ѓоковиќ


 

Откриен е и опишан нов пештерски вид инсект за науката, кој е наречен Duvalius djokovici, во чест на тенискиот шампион Новак Ѓоковиќ.

Единствениот пештерски предатор е пронајден во Симината јама, на планината Повлен. Новиот вид инсект и Новак имаат заеднички особини – брзина, сила, истрајност, способност за преживување во сурово окружување, објаснуваат научниците. Истакнуваат дека овој инсект е предатор во подземната средина, а Новак фигуративно на тенискиот терен.

Веста секако стигна и до најдобриот тенисер на светот.

Ѓоковиќ сподели слика на своите профили на социјалните мрежи и кратко реагираше на оваа вест.

„Нов инсект најден во Србија наречен по мене“, напиша тој, со смајли до него.

Очигледно му се допаднало тоа што еден животински вид ќе го носи неговото име.

За потсетување, ова не е прв вид инсект наречен по Ѓоковиќ.

Неодамна опишан е нов вид слатководни полжави за науката во Црна Гора во научното списание Subterranean Biology, кој пак е наречен Travunijana djokovici.