Надал стана татко за прв пат


Сопругата на еден од најдобрите тенисери во историјата Рафаел Надал го роди нивното прво дете, објавија во саботата шпанските медиуми. Диарио де Мајорка и другите шпански медиуми објавија дека Мери Перело, сопругата на Надал, родила момче во приватна клиника на островот Мајорка, каде што живеат. Надал и Перело се венчаа во 2019 година по долга […]

Седумнаесет загинати во нов напад на Запорожје


  Седумнаесет лица загинаа во ново бомбардирање на Запорожје, град на југот на Украина, соопштија денеска локалните власти, додавајќи дека нападот се случил три дена по претходното бомбардирање на градот.   „Најмалку 17 лица загинаа во ракетен напад во текот на ноќта на Запорожје“, изјави градскиот функционер Анатолиј Куртев, додавајќи дека во нападот биле погодени […]

Владата денеска ќе расправа за мерките за поддршка на граѓаните и компаниите


  Владата денеска ќе ја одржи редовната 88-ма седница на чиј дневен ред ќе бидат точки поврзани со мерките за поддршка на граѓаните и компаниите во време на економско-енергетска криза. За заклучоците и одлуките на седницата, јавноста ќе биде информирана, соопшти владината прес- служба.

Цените на нафтата дивееја на почетокот на октомври


  Цените на нафтата дивееја минатата недела, Брент скокна за 15 отсто (највисоко од март), а клучната причина е одлуката на групата ОПЕК + да го намали дневното производство за два милиони барели, што е најголемиот шок во понудата во повеќе од две години. Брент е помалку од два долари поблиску до границата од 100 […]

Трпчески одушеви и во Загреб на концертот со Кралскиот филхармониски оркестар од Лондон


  Турнејата на Кралскиот филхармониски оркестар од Лондон со пијанистот Симон Трпчески и диригентот и уметнички директор на оркестарот Василиј Петренко вечер продолжува во Вроцлав, Полска, а на 12 октомври ќе заврши во Каунас, Литванија. Нашиот пијанист своите концертни настапи до крајот на месецов ги продолжува во Романија, Ирска и САД. Трпчески кого хрватскиот печат […]

Претседателски избори во Австрија, над шест милиони граѓани ќе гласаат за седум кандидати


  Во Австрија денеска се одржуваат претседателски избори. Сојузниот претседател се избира со мандат од шест години. За да го изберат својот шеф на државата повикани се 6.363.489 граѓани, од кои речиси 62.000 се надвор од земјата и ќе гласаат по пошта. Право на глас имаат и лицата кои на денот на изборите отсуствуваат од […]

Тропската бура Џулија прерасна во ураган


  Тропската бура Џулија прерасна во ураган, соопшти Националниот центар за урагани на САД. Невремето е со ветрови со брзина од 120 километри на час. Неколку земји од Централна Америка беа ставени во состојба на готовност поради нејзиното приближување. Меѓу нив се Никарагва, Колумбија и Гватемала. Бурата може да ги зафати и Хондурас и Ел […]

Дединец: Работењето на ТЕ-ТО зимава е од клучно значење за нашиот електроенергетски систем


  Ретки се земјите кои имаат мали проблеми со енергетската криза и затоа оваа зима ќе биде вистински предизвик за одговорните луѓе во енергетските компании. Од клучно значење за нашиот електроенергетски систем зимава е работењето на ТЕ-ТО Скопје, што се покажа клучно и во 2021 година. Домаќинствата и јавниот сектор, пак, мора максимално рационално да […]

Путин ги зголемува безбедносните мерки на мостот на Крим


  Рускиот претседател Владимир Путин синоќа потпиша указ за зајакнување на мерките за заштита на мостот на Крим и енергетската инфраструктура меѓу Крим и Русија. „Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) сега е одговорна за безбедноста“, се вели во соопштението на Кремљ. Потегот на Путин уследи по вчерашната експлозија на камион на мостот што ги […]

Мираковски: Универзитетот „Гоце Делчев“ има капацитет да работи на решавање конкретни проблеми


  Универзитетите во земјава мора да размислуваат за интернационализација, да ги прилагодуваат своите студиски програми на современите текови, вели во интервјуто за МИА, новиот ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип, Дејан Мираковски. Смета дека поблиската соработка меѓу Универзитетите и бизнис секторот мора да се регулира во интерес на студентите, од аспект на платена пракса. Неговите […]

„Костал“ не планира отпуштања од работа, најавува нови вработувања


  Зголемувањето на цената на електричната енергија донесе четири и пол пати повисоки сметки за струја кај компаниите од автомобилската индустрија, чии објекти иако се енергетски ефикасни преку оптимизирање на производствениот процес бараат начин за намалување на влијанието врз профитабилноста. Овие компании, според претседателот на Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство, Виктор Мизо, […]

УЕФА одлучи да не го прошири Европското првенство на 32 репрезентации


  УЕФА одлучи да не го прошири Европското првенство. Форматот со 24 тима ќе биде задржан. УЕФА ја разгледа можноста за зголемување на бројот на учесници на 32 земји, објави „Скај њуз“. Организацијата сметаше дека обезбедувањето дополнителни места ќе го девалвира квалификацискиот циклус на турнирот, што ќе ги направи натпреварите помалку атрактивни и ќе бара […]

Сончево со мала до умерена облачност


  Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност која ќе биде поголема во западните делови. Наутро понекаде во котлините ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој долж пошироко Повардарие краткотрајно ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 9, а […]

Земјотрес со јачина од пет степени регистриран во Грција


  Земјотрес со јачина од пет степени според Рихтер беше регистриран во близина на Коринтскиот канал, кусо по еден часот по полноќ по локално време, јави дописничката на МИА од Атина. Земјотрес беше почувствуван во повеќе делови на земјата, како и во Атина. Епицентарот, според Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, бил во морскиот […]

Човечки синџир во Лондон за ослободување на Џулијан Асанж


Англија – Околу илјада луѓе денеска формираа човечки синџир околу зградата на британскиот Парламент во Лондон, барајќи ослободување на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж. На транспарентите што ги истакнаа демонстрантите можеше да се прочита „Ослободете го Асанж, нема екстрадиција во САД“, „Новинарството не е криминал“. Човечкиот синџир се протегал по мостот Вестминстер, домовите на Парламентот и […]

Во Шпанија откриена работилница за лажни евра пласирани на пазарот, вклучително и Албанија


Албанија –  Во Шпанија е разбиена криминална група која фалсификувала евра при што постојат основи на сомнение дека мрежата се проширила и во Албанија и други земји на Балканот, јави дописничката на МИА од Тирана.   – Според истрагите, оваа група за помалку од три месеци испечатила осум милиони лажни евра во апоени од по 500 евра, […]

„Ферари“- Адам Драјвер непрепознатлив како италијански возач на тркачки автомобил


  Италија– Од „Куќата на Гучи“ до моторите на „Ферари“, Адам Драјвер уште еднаш го канализира својот италијански акцент. Номинираниот за Оскар го глуми Енцо Ферари, вистинскиот поранешен возач на тркачки автомобил, чиј бурен брак со Лаура Ферари, која ја игра Пенелопе Круз, го натера да се обложи сето тоа на последната трка. Мајкл Ман […]

„Ил Диво“ со концерт во „Борис Трајковски“ на 15 октомври


Мултинационалниот вокален квартет IL DIVO доаѓа во Македонија. Концертот пред македонската публика е закажан за 15 октомври 2022 година  во „Арена Борис Трајковски“, во организација на „Прагма“ продукција. IL Divo е комерцијално најуспешната classical crossover група во меѓународната музичка историја, уште од нивното основање во 2003 година. Имаат продадено повеќе од 30 милиони албуми, IL Divo […]

На Харви Вајнстин ќе му се суди во Лос Анџелес, каде што некогаш беше крал


САД- Пет години откако женските приказни за него експлодираа со движењето #MeToo, на Харви Вајнстин му се суди во градот каде што некогаш беше колос на Оскарите. 70-годишниот поранешен филмски магнат кој веќе отслужува 23-годишна затворска казна за силување и сексуален напад во Њујорк,  се соочува со различни обвинувања, вклучително и неколку за кои обвинителите […]

Сопругата на Стојанче Ангелов од МВР унапредена во Агенција за разузнавање?


Јасминка Ангелова, сопруга на директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов од Министерството за внатрешни работи, каде што беше вработена, била трансферирана во Агенцијата за разузнавање, дознава „Фокус“. Ангелова во МВР била на функцијата државен советник во кабинет на држaвниот секретар. Од таму потврдуваат дека таа не е веќе во МВР. Директорот на […]